Петок вечер, а јас си гледам Иван Исцеплител
Овој ако е нормален глава сечам



Он придонесувал за Македонија колку едно стопанство. Во Охрид годишно оделе 10 000 туристи, кај него пола милион. После се сликале со споменици, ја рекламирале државата

Сите ја гледале неговата емисија, ваква емисија нигде на светот немало. Никој нема по улиците, ѕирнете кај комшијата и он ја гледа емисијата. Вие драги гледачи треба да сте благодарни што бог решил овде да се родам, ме барале и во други држави, ама јас сакам овде да си останам
Четири казни имало за правење гревови.
Смрт, тешка болест, парализирано дете или болест до четврто колено. Ти може не си направил грев, ама дедо ти направил и ти ќе го јадеш

Слави славеле, а швалерка имаат, во црква оделе, а кредат, па какви верници сте вие?
Секој во државава имал швалер или швалерка
Има болно дете, го пцуе господ. Па ѓаволот е крив за тоа, а не бог. Он ги спроведува казните, ѓаволот ловел на материјалното, он ги терал луѓето да крадат, да фаќаат швалери/ки

Тоа ти е како во една држава. Че крадеш, че лежиш во затвор. Па ако нема закон, сите че крадат, хаос че биде...
Иде прашање:
Многу испуштам гасови и многу смрди, жена ми паника ја фаќа.
Епа нормално е да се прди, ако јадеш грав, че испушташ гасови, сите комшии че знаат дека си јадел грав. Ама ако испушташ гасови секоја минутка, нормално е дека че се иселат и жена и деца, оди на лекар и провери се.
Следно:
Пушам марихуана, ве молам кажете ми како да престанам, се плашам да не преминам на полошо.
Е што че ти кажам, НЕ ПУШИ. Овие младите мислат че пушат марихуана, па че избегаат од реалноста. Па животот е 80% лош, 20% добар, мислат че се напушат, че дуваат леткуми и че избегаат од реалноста. Па денес си се напушил, утре пак че се вратиш во реалноста, нема бегање.
Следно:
Зошто колешката му дава на шефот, а мене не?
Од шефот че има корист, а од тебе што че има?




Се отворив од смеење





