Поише од администрација мрзам уфилман асистент на факултет.
Пред 1 недела бев до факултет да видам што како треба да се подмири за да си ги соберам документите и да си фатам џафте.У спут да ги пофалам тетките што работат на студентски на машински дека се најфините на цел свет и само за нив ми е жал што нема да ги видам пак.Нема везе ми кажуваат дека треба да земам потпис и оценка од еден предмет за да ми го заверат семестарот и да може да си земам се што е мое.И идам дома прво стигање пишување меил на професорот и ми враќа одма после 2 саати дека утредента(петок) во 11:30 да бидам кај него во канцеларија.И ја идам посабајлечки до Борис, се враќам пешки идам пак до факултет и стигнувам во 11:36.И чукам кај него,заклучено.СИ викам ај може не е дојден, прашувам една госпоѓа тука да не го видела случајно професорот таа ми вика само што замина.Немој бе?!?!? Дојде на 6 минути ? Нема везе јас доцнев не е тој виновен и одам да го побарам каде што ми кажаа.Стигнувам таму чукам на врата, пак заклучено.И го слушам гласот на тој асистент што ми беше , чукам на таа врата добар ден добар ден , извинете што ви пречам вака и вака го барам професорот да не знаете каде е ? Тој ми вика у деканат има работа нема да заврши наредни 2-3 саати. Во ред фала ви многу и ако може да ми кажете кога ќе биде повторно на факултет ? И ми одговара братов ќе си дојдеш од понеделник па ќе го најдеш и такви цинична насмевка и се врти си продужува муабет со колегата.Си викам ах бе ти се може и си се курчиш, али ај тоа е што да се прави кога сум глуп и не учам ќе мора да им преќутувам на вакви ко тебе.Си ја свиткав опашката и си заминав.На патот накај дома ми текна дека од студентски тетките кажаа дека професорите на 2ри имаат некој си совет таму шо ти ја знам локална пијанка ваљда, и вчера му пишав меил на професоров ми врати да дојдам денес у 10.Нема везе си го почекав 45 минути за да ми каже дека асистентот требало оценка да ми стаи(овој од погоре малце).Чукам на врата, извинете што ви пречам во работата професорот тој и тој ме прати да ми ставите оценка, дали ќе можете? Ме гледа и ми климнува само со глава мислиш лек за рак куца у ворд па не може да одговори.Низ глава одма ми поминува мислата ти ебам лепрата ќорава ти дадам една меѓу рогови ќе се чудиш.Ме бара таму , ми вика ти ли си Филип.Тој сум.Ми става оценка и ми го фрла индексот.Сакав да му кажам само дека за неговата седмица учев последен пат во средно четврта година прво полугодие.Али нема везе нека живее во заблуда дека предметот му е многу јак , у уста да те ебам копиле едно некултурно.Затворам врата , се враќам од прошетката назад кај професорот ми става уште еден потпис повели ,фала многу пријатно и извинете викам што задоцнив минатиот пат.Нема гајле уживај се случува, убав одмор.Има разлика така? Епа има бе македонче ѓеврек да продаваш да викаш повелете пријатно јадење ѓеврекот ќе ми биде поубав 10 пати.Ама што ли беше тоа култура така ? Нема везе ја сум со средно , не знам ни зошто лупетам.Утре идам конечно да си завршам се таму и да расчистам , да си земам документите и да ги почастам тетките нешто ситно.Едина светла точка на факултетот ми беа они ќе повторам уште еднаш.Жал ми е што потрошив две години од животот на ништо али научив една многу битна лекција.Моето дете после средно ако е дилајла ко мене ќе работи 1 година па после ако сака нека упише факултет.
За крај, сочуство до сите уфурани професори,асистенти со недостаток на култура кои мислат дека се алфа и омега во државава.Еден ден ќе ви се намочам на дипломите,памтете ми го зборов