Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга

Кажи му на @Del Boy дека почнува и велигденски пост, дека мислат и на нас христијаните, па не сакаат да даваат „мрсни“ работи на телевизија.
 
Го турнал детето пред кола за да си купат поубав и поголем тв од парите од оштетата. Договор меѓу татко и 10 години дете.
Толку.
 
ДК,

Форумските кориснички на Кајгана, дали имаат регистрации и на форумот Фемина? Ако да, тогаш ве молам некоја од нив да ги пренесе моите поздрави до: Beautiful Dreams, Anah, Puellapulchra, RainbowButterfly, Аргентина * и на сите други кои го помнат Другоселецот. :)
 
Листам мини водич за Côte d’Azur кој ми го поклони.. wait for it, шефицата (новата хаха).
Енивејс, крајна недела на Мај, прва од Јуни е букиран мојот нов трип кон азурнио брег. Cant.fucking.wait.
Таја исто веќе била таму и се згодило да е времето на Филмскиот Фестивал, па случајно завршила и на јахтата од 200 метри на Роман Абрамович, ова сето непланирано, ама за ова во друга прилика.
И ја го одбрав Кан, место Ница или Монако, пошто е најблиску до Свети Тропез, а и плажата е најубава.
Ако сте таму тоа време хит ми ап, да пијаме нешто дур посматраме бронзени русокоси.

Не одам таму заради олигархијата, туку заради природата. пошто палец на горе, најубав европски брег, тоа портокалите, тоа бреговите обраснати со бор. Има едно видео од Бардот од 70ти кај што вели дека и е многу криво што нејзината преселба таму, го навлекла талогот од светот по неа. Токму од тоа бегала, Париз и Католицизмот ја гушеле веќе некое време, Свети Тропез било селото на газот од Светот, кај што не очекувала дека ќе ги сретни тие од кој бега. То е, судба.

Ако слушнам некој скопјани таму кај шо си ги серат децата на плажа, че се прам дека не знам македонски, не се заебавам.

 
Последно уредено:
Драга,

Пијам подневно кафе,
hot-beverage_2615.webp

а потоа ќе го разглобам еден Samsung A72 за да му заменам напојниот порт.
 
Можеби е клише и не премногу популарно да се постираат цитати од Пауло Коелјо, ама има еден многу интересен цитат, што навистина те тера да се размислиш, а можеби и помалку да те мотивира.

Вели:

Ако слушаш, слушај со очите.
Ако гледаш, гледај со ушите.
Ако размислуваш, размислувај со срцето.
Ако сакаш, сакај со мозокот.
Ако си гласен, биди гласен во себе си.
Ако си тивок, направи го тоа гласно.
Ако си смирен, биди смирен поради бесот во светот.
Ако си бесен, биди бесен на фактот што толку неприметно и нечујно македонските медиуми и корпорации го претворија Горан Стефановски во македонска верзија на мене, Пауло Коелјо, што човек за момент ќе помисли дека им е гајле за било што освен нивниот профит и ПР.
 
Син ми доаѓа и ми вели „абе тато излегувам од школо, оној докторот, што ти е на тебе пријател, ми вика кај си бе мали Таче“, и вели што е тоа? Епа велам тоа ти е, сега ќе бидеш мали Таче и после некое време ќе станеш Таче, и кога ќе добиеш син, тој ќе биде мали Таче – вели Ковачевски.

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom