Мизерен Резил-Селски Убернарцис Лигуш (МРСУЛ)
(Courtesy of Demi Lovato, Psychology Today)
Убернарцис
МРСУЛ-от е канонски егземплар на убернарцис со пренадувано инфантилно-селско его и мизерна потреба за пажња. Патолошки е нафуран во илузијата за супериорност и уфилман во сопственото глобално значење. Захтева да му се обраќа перманентна пажња и не бира средства за привлекуење на истата.
Незаситна глад за пажња
Лигавење, срцедрапање, прпелкање, постирање сликици, видевца, мемиња, гифои, килави обиди за аргументација, после кои се шалта на мајку-шајку дискурс. Само да налепи што поише пажња врз него. Обавезно очекуе валидација и признание, а ако ги нема, го појачава квантумот на постови док не добие пажња. Или бар некаква реакција (као замена за пажња). Измишља причи на ѓомити есклузивни локации, зачинети со дубока порука од рандом селски селебрити, фабрикуење драма и непостоечки заплет у причата. Статистички, во возбудливите его трипови на МРСУЛ-от секогаш веруваат најмалку двајца: 1. само он, и 2. некад ни он самиот. У епилогот на причата, МРСУЛ-от секад победуе со шарм, нашетаност и знање, и така фокусот е строго на неговото селско его. Све збок заради пажња.
Манипулаторски маневри
МРСУЛ-от редовно користи евтина емотивна манипулација: гилт трипои, глумење жртва и несфатен лик (со тешко детство, кое го пребродил сам против сите, и се вивнал високо над соселаните од неговото китно родно село). Нормално, саде и саде за привлекуење пуста пажња.
Немање ни усул ни перде
По правило, МРСУЛ-от нема никакво чувство за осеќај за мерка. Уште помалце општа култура и елементарно васпитање. Дрско улетуе у муабети ничим изазван и од никого повикан. На теми за кои е тотален игнорамус. Поради огромната желба за самоистакнуење, секад сака иде сам против сите и си се јача. Без ич усул. Само да биде у центар-пажња, наравно.
Парадокс на МРСУЛ-от
Парадоксално, иритирачката перманентна потреба за пажња и его валидација влечат корени од нешто дијаметрално спротивно: од длабоко врежаната несигурност во себе и влечење тешки комплекси од најрана младост, пубертет и адолесценција. МРСУЛ-от развил гревски самозаштитувачки механизам за маскирање на сопствената мизерија, несигурност, и инфериорност. Уште пред да емигрира во Шфицарска (во немачките кантони). Многу години пред него, еден негов сонародник, Карл Густав Јунг, ја дијагностицирал психопатологијата на МРСУЛ-от (Paradox Mrsulus Vulgaris) и ваквиот одбранбен механизам го означил како „хроничен мрсул механизам” во науката познат како ХМ2.