Не може да не ти е смешно македончето со својот самоуништувачки синдром. Венко Андоновски му беше советник на заев, сега кука заради негативната селекција. Катица Ќулавкова што урлаше по Груевски дека бил националист и диктатор сега кука дека јазикот ни го маргинилизирале со новиот закон во државава.
Малце ви е. Сите учествувавте во разнебитувањето на Македонија, на македонскиот народ и македонскиот јазик, сите го заслужувате да го доживеете моментот кога ќе се дели државава на албански и бугарски дел. Лилето поповска плачеше среде емисија што гласала да се смени името, сега сфатила дека ја изиграле.... никој никого не изигра, сите го знаевте влогот и сите влеговте во играчката, знаевте дека губите, само ништо од влогот не беше ваше па лесно ви беше да се коцкате.
На секое полугодие од секој град од 60 до 100 деца се иселуваат од државава ако не и повеќе. Барајте онлајн работа, јавувајте се по тетки, барајте контакти од пријатели од секаде, бегајте на црно, снаоѓајте се па повлечете нагоре кој можете. Оваа држава нема иднина.