Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга,

Има некои случки кои живеат во мојот мозок и се јавуваат некогаш, не знам од која причина.
Сега ми текна на случка од пред можеби 12-3 години, уште бев средно. Бев со другарка да и праам друштво да бира сандали. Мене ултра досадно, таа пробува 10 пара, а мене страшно ме нервираат неодлучни луѓе кога се работи за облека и слично. Често знам да не влезам во продавница, гледам на излог набрзинка, а пак за да пробам треба да сум сигурна дека го сакам нештото. И оваа се влече, се туфка, јас едно време само ахм почнав да викам и се исклучив од таа комуникација.
На другото столче, седеше друга девојка која пробуваше да натегне еден црн пар сандали, со висока штикла и некои си циркончиња кои беа актуелни тоа време. И другарка и на оваа и вика, ами тесни ти се, а поголемиот број ти е голем, јбг. Оваа и враќа, да бе, тесни ми се, ама кога ќе ослабам сега, ќе ми станат таман. Мртва сериозна.
Девојката имаше некои си 15-20 кг вишок, но стапалата не и тонеа во сало и дури и цел вишок да го тргнеше, немаше реално што да избега од стапалата. :D
Има ли луѓе што вака си се тешат за некои банални глупости во животот? Или се само малце глупи?
Сигурно има, сега може и повеќе со новиве времиња.
Не знам зашто ми текна на ова сега, можеби дека се вратив од пешачење.
 
Некои им е чудно што постојат и такви што купуваат производи кои се за деца, собираат албуми со сликички итн.

Кога имаш деца се враќаш во детството и тој период повторно го живееш.
Тогаш интересна е боенката, сложувалката, играчките од киндер јајца, малите војници и металните колички.
Штета ги нема оние Тасо жетоните и Турбо мастиките да ги собирам. :D
 
Драга, да ти кажам сите се некои научници, посебно лингвисти кои најдуваат сличности со другите јазици, за да на крај извлечат заклучок дека нивниот е најстар јазик. Ама реалноста е друга, сите сме Индоевропејци.

Еве на пример прото словенскиот збор kùr'.
На што те потсетува зборот?
Е то де, петел, исто како на англиски :D
 
Последно уредено:
Колекционер на маички сум,меѓутоа бев приврзаник на режимот и диктатурата на „Пајо паторот"(за жал он ни забрануваше алкохол после 7 и за дијазепамот ни бараа рецепт).

Знам дека сите шарењаци постанаа владини функционери,што и да си го прашам ќе биде позитивен одговорот.
(Госпо здравје),ама некои од обичните смртници,сепак ме читаат.

Таа верзија ми фали со „Charlie's Angels" .
Иста бројка носиме со таа најправичната(Катето),па ако некој има таква маица за шиткање,пишете во инбокс.
 
Имам еднога другара, у одреден временски период од дн, за свакога све знае.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom