Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Новото "нормално".....06.04.2021....полициски час од 20 часот.

Досегашниот полициски час од 22 часот практично....не го чуствував. Тоа време сум дома, се туширам и веќе за мене и онака денот завршил.....си легнувам.
По кафичи и ресторани.....и онака не одам откако започна пандемијата.....што лично мене, воопшто не ми значи дали истите работат или не.
Од друга страна....жал ми е за луѓето кои работат во овие објекти.....жал ми е за нив....бидејќи им се ниша столчето, тоест ризикот да изгубат работа..
Во однос на исхрана, гурман сум....но фала богу постои диливери, така функционирам цела година.....секако, кога сакам да јадам нешто купечко..

Се потсеќам на рестрикциите од ланската година.....кога отварав врата од тераса и ја слушав тишината.....бидејќи една половина од станот ми гледа на булевар, каде секогаш е галама од возила. Искрено.....не ми е пријатна таа необична тишина.
Сега е 19,10 часот......за неполн час.....повторно ќе започне онаа штама....мртва, необична тишина.

Ајде на тоа ќе се навикнеме....но постои друга работа.....што лично ме ограничува во слободата на движење.

Откако сме затворени за патување во странство.....батерии полнам обично шетнувајќи до Дојран или Охрид.....на еден ден. Претежно Дојран......сабајле одам, вечер сум во Скопје.
Сега и тука ми се пореметува планот.....наместо да истерам цел ден во Дојран.....ќе треба да палам кола уште во 18 часот.....и трк накај Скопје, за да стигнам "на време". Наместо да се шетам таму.....до 20-21 часот....па тогаш да си тргнам накај Скопје.
Да сме живи и здрави! За жал....сега за сега....ова е новото нормално, мораме да го прифатиме такво какво што е.
 
ДК
Дојдов од работа и и влегов на ракијата ко циганче у контејнер.. се дамлосав. - а ј*бени прв ден од карантинов е после 20h...АУч.


I was lost in the pages of a book full of death
Reading how we'll die alone
And if we're good we'll lay to rest,
Anywhere we want to go.

Бралево Крис Корнел дефинитивно беше нељудина.. RIP бад.
 
Што време дојде, се радувам што ме боли рамото зошто ми текна дека се треснав во гранка на Водно - Матка треилс а не дека е симптом на корона *facepalm*
 
Ми се јавува во ниедно време кога најголем дел од луѓето спијат и ми вели: Еј да не те разбудив случајно? Може спиеш веќе? Не бе таман работа јас преку ноќ кори за пита развлекувам и чекам ти да се јавиш. Нормално дека спијам. Ваквите треба да ги вработат да им се јавуваат на оние кои нарачале будење во одредено време. Идеална работа за нив е.
 
На моменти се потсеќам на масовните собири пред пандемијата:транс,хаус,техно,метал и др.

Сепак заклучив дека најомилен собир ми беше мисата на Папата Фрањо на плоштад.
(не кажувам каква акредитација имав,ама битно слободно си шеткав низ сите зони).
Господ да ги поживее и него и прелатот,отец Фернандо,како и сите верници.
Amen
 
Драга, дури не почнат да продаваат Славица Фармаси-Синофарм, Гордана Тијанде-Спутиник, Маца Орифлејм-Модерна, Паца Авон-Фајзер, слабо ќе оди вакцинацијата кај нас.
 
Драга,
the world is a joke but somehow I am not laughing.
Понекогаш се чудам како и каде го изгубивме курсот како општество и како народ. Мислам дека нашите предци од WW2 ќе се срамеа од нас и она што сме денес и буквално ќе не издркаа во чаша да знаеа на какви се теории и глупости ќе се ложиме. Ковање теории на заговор за Евреи и ултра национализам. Ајде за бугарофилите не ме чуди отсекогаш влечеле накај фашизам и во 3 животи да ги разбудиш пак ќе се прават жртва и ќе обвинуват тајни општества за сопствените неуспеси. Ама што побогу се случи со нас како Македонци?
Со право велат херојот во една ера, станува супер антагонист/негативец во друга.
За Србија и геноцидите што ги приреди во 90ти (тогаш и официјално премина во фашизам) и последиците што ги тргаме оттогаш па наваму, еве 30 години, не би ни коментирал. Албанцине се приказна за себе, исто не вреди коментирање.

На многу од QAnon и Cultural Marxism воинине што киснат по екстремно конзервативните теми во одделон Философија, Корчагин би им плукнал в лице.

Rade_Jov%C4%8Devski.jpg
 
Најголемата промена која му се случува на човекот како поминуваат годините се соновите. Не сон на јаве, сфатен како надеж за иднината, туку онаа збрка на слики и настани кои неповикани ни доаѓаат секоја ноќ на спиење. Се сеќавам кога пред многу години требаше да заминам Англија на факултет, често сонував еден ист град. Ги знаев улиците, луѓето во него. Беше некоја чудна комбинација на Белград и некој англиски приморски град. Кога ќе се разбудев од тој сон се чуствував како да сум на кокаин, полн со енергија.

Сега треба да заминам Америка. Најчесто сонувам ќенефи, напуштени згради, дистописки градби. Барем еднаш неделно сонувам апокалиптичен сон каде што земјата е или уништена или на праг на тотално уништување, пратено со чувство на поптполна безнадежност. Кога сонувам дека сум Америка, постојано каснам некаде, ми фалат пари или документи, и Америка во моите соништа изгледа полошо отколку на јаве. Ноќеска на сон ме исфрлија од автобус затоа што немав пари да си платам карта. Најчесто се будам како претепан, без грам енергија.

I could kill for a good night sleep.
 
Последно уредено:
ДК
времево надвор во комбинација со мојата психофизичка состојба се на завидно ниво...
Во моментов идеална комбинација ми се: неплатен одмор + Star Trek реприза од прва сезона...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom