Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга,

Девојкава што го напишала постов подолу треба да се најде и ожени <3
Made my day :pos:

Одлична психоанализа за натпреварувачите на сликите од фото натпреварот :
Фраер бр. 1:
Си ја сликал устата и брадата која патем е средена во совршено симетрична линија, влакно нема што стрчи на страна, па овој фраер е самобендисан, за себе има превисоко мислење, пребирлив е, ситничар, среден и заприметува секаква маана и ако не си манакенка со 3 докторати џабе ќе гласаш нема ни да те погледне. Ете ај не мораш да имаш докторати, ај и паметна малце не мора да си, ама мораш да изгледаш БОМБАСТИЧНО. Јас не сум за, не сакам да ми набие комплекси, да се плашам дали едно влакно ми останало неиздепилирано или да не ми е многу сува косата па да ме откачи, така да првиот не.

Фраер бр. 2:
Уметничка душа, различен тип, сигурно не гледа стандард филмови и не слуша стандард музика, има изградено специфичен вкус, си тера со тоа и битно му е таа вистинската да сака исти работи како него, цел ден да разговараат за нешта што на нормален човек не би му текнале не па да ги прај муабет, додека слушаат некоја музика тројца во светот што ја знаат и да си кулираат со џоинт под ѕвездите легнати на некоја планина дур чекаат да почне некоја журка таму некаде измеѓу карпите. Ако не си авантурист ништо од гласањето за него. Мене ме мрзи, мрза сум така да не.

Фраер бр. 3:
Дечко што во лудите млади години направил многу глупости, бегал од часови, се тепал, мавал со снег по коли во движење, фаќал женски за газ и бегал... Ваљда е тип македонија вечна и само бог ќе ми суди, жената за него е за во кујна, а мажот за прв ред борба за името, ако се решите за него, детето ќе ви го крсти Македон и на секоја втора на фб ќе и пишува здраво маче хехехе, а вие ќе си седите со сукалото и кифлите и со македон во другата рака, со потисната болка и најверојатно после 40тите ќе фатите рак од стрес. Јас не сум за, ама без очај, има многу жеснки што се палат на ова. Добрата страна на овој фраер што сеедно ќе му биде какви сте без шминка и како изгледате, судејќи по тетоважите, нема некој вкус, или воопшто го нема, па може која сака да гласа и да бара дејт. Не од мене.

Фраер бр 4:
Шо занам, маж што си ги сликал нозете. Со овој ваљда никогаш нема да знаеш на што си, еднаш ќе те сака, после ќе ти раскине, па по два дена ќе плаче дека не може без тебе и по три дена ќе се жени со друга, па по 3 месеци брак ќе добиеш порака дека ти би требало да си на местото на таа, згрешил и те моли да му се вратиш. Неверен, ама и сам не знае што сака, никој не сака да биде изневеруван така да... Не

Фраер бр. 5:
Заебант, ништо не сфаќа сериозно, за него се е смешка, па ако го планирате за подолгорочно, нема аир да видете од него, не е за сериозни работи, моментот со влечките демек најјак сум со сликава, ама ваљда за едно пиво може да пројде, барем ќе се посмеете, после може уште едно и толку, ќе си го имате во именик за некогаш кога нема со кој на пиво. Јас би едно пиво можеби, ама сепак не.

Фраер бр. 6:
Овој фраер дупка пијана ќе ве однесе дома после клуб, кај него во собата кај што има огледало пред креветот и додека ве секса ќе се гледа во огледало, ќе си прави пози и гримаси, ќе се воодушевува од себеси како изгледа додека ве врти со нозете нагоре, па со главата под перница, па ќе ве врзи во чворче и воопшто нема да ве погледне, само ќе гледа во огледало, ќе се осеќате како ѓубре, безвредно и нитожно и ако сред секс заминете со плачење, нема ни да се помрдне, ќе застане пред огледало и ќе прави билдерски пози. Добра страна кај овој фраер е ако сте нимфоманка, или тип на жена што сака да биде третирана како ѓубре во сексот, тогаш може да го побарате, а да не дознае никој, пошто после тоа нема ни да се сеќава на вас поради тоа што бил окупиран од себеси додека сте биле заедно. За нас нормалните, не. Доволно сме страдале низ животот... Не.

Фраер бр. 7:
Женска напален сум многу ќе експлодирам и слика од кур во порака. И блок. Нема да коментирам воопшто, не ми е ни интересно ни ништо, ако сакал да постигне нешто со сликава не знам, збунета сум, зошто? Не со уште три не.

Фраер бр. 8:
Овој ти е онака срамежливо типче, ќе те сака од кога сте биле во градинка се додека не сте наполниле по 25 и си ја барате среќата, ќе те слуша за се, за сите дечковци што си ги сакала, ќе те теши за секој пат кога ќе ти го скршат срцето, ќе те штити и чува и секогаш ќе биди покрај тебе и овој фраер не е за тука зошто сигурно никогаш нема и да прифати да излезе со друга, така ќе се осеќа дека ја изневерува онаа што навистина вистински стварно реално премногу ја сака, иако таа можеби и има три деца со друг. Ама, ако се потрудите околу него, ќе имате добар и грижлив дечко што ќе ве третира како принцеза. Мене ме мрзи толку труд да вложам околу него, ама ако има некоја упорна и слободна нека проба. Не, ама со препорака.

Фраер бр. 9:
Не разбирам, ако ми се објасни што значи сликата може ќе ми текне некоја глупост и за него.

Фраер бр. 10:
Види што пупка држам. Не знам фраер нешто измеѓу 7, 6 и 3.

Фраер бр. 11:
Ова ти е мислам најнормален од сите тука, не е окупиран од себеси, пие пиво, има стомаче не се секира, еве не се ни издепилирал пак иако некогаш се депилирал и сепак поставил ваква слика, нема да ти гледа маани пошто не е ситничар, видовме по влакната ама и по ремчето на саатот, на некој од фраерите од погоре ќе му претставува болка ремчето на саатот да виси онака, позава му е демек ајде бе што ќе се заебавам и јас и демек секси нешто, а уствари не се замара дали е секси или не, битно му е да излезе на едно кафе, да си напрај муабет, да пише ливче, да гледа фудбал, да игра видеоигри, позитивен, пријатен, нормален тип. До сега овој ми е ок, ама да ги видиме и другите.

Фраер бр. 12:
Има стомак и затоа му се кренати рацете, да изгледа послаб и посекси, или не знае како да ги намести и тоа кажува дека е несигурен во себеси и непријатно се осеќа во своето тело, сликава не е секси, изгледа како да влегле од фби и сте го сликале за време на реакцијата кога ги видел, демек си миел лице станат од спиење и го начекале. Не знам делува како монотон и несигурен, не.

Фраер бр. 13:
И овој ми е некако ок иако е застанат како ученичка што отишла да се пријави за да снима порно. И со него би пиела кафе со умисла да го запознаам подобро, двајца засега ми изгледаат ок, да ги видам и другите...

Фраер бр. 14:
Осеќам дека на сликава има некоја позадинска приказна со која не сум запознаена, некое ривалство или докажување, врска немам џабе да не тресам.

Фраер бр. 15:
И овој ти е како тој со позите и огледалото, само можеби многу повеќе комплициран зошто имал храброст и лицето да си го покаже. Ептен самоуверен, и тој бара многу згодни женски, ако сте грдички, прескокнете го. Можеби нема секоја да ја однесе дома на сексање пијана, ама таа што ќе ја однесе ќе биде најзгодната во клубот. Според него. И ако успее секако. Сака сите да му ја коментираат женската, да си замислуваат дека се на негово место, а тој да се топи и гордее со него дур и зјапа во танга купачите и цврстото и големо газе. Не, ама лепотици навалете...

Фраер бр. 16:
Што знам, ми делува ко недораснато фраерче, вака по плажи по журки ќе денса ќе пие до несвест со другарите, пред тоа ќе оди во кафана ќе пие вино од поефтиното, па во клуб три за сто текили, кога ќе дојде келнерот ќе застанат со другарите по десетденарки ќе собираат да платат, уште дигитрон да извадат да пресметаат кој колку има и на кој колку да му се врати и да се плати. Па ќе проба нешто неискусно смешно никакво да и се пушта на некоја, ќе го одбијат 2-3 одма сместа, ќе му дојде за повраќање, ќе се исповрати и ќе си замине дома со такси по пола со другарите што ќе го платат. Не.

Фраер бр. 17:
Доминираат ваквите фраери тука. Така пак, опседнат со себеси, бла бла бла пишав погоре, исто и за него мислам.

Фраер бр. 18:
Плагијатор, само што неговата слика не е ни слична со тоа како треба да изгледа, одма гледаме дека е прст. Значи не се замара, делува брзо и често со грешки и последици, неозбилен, неинтересен и не.

Фраер бр. 19:
Со сликата и позата сакал да ги истакне рамењата демек широки големи рамења и да изгледа поголемо и подебело, ама контра испадна сега му ги гледаме коските. Сака да се здебели малце ама таков му е генот. Користи апликации, филтери и такви ми ти чуда, значи и тој е нешто ко тој со текилите од погоре, само мислам не е толку трагичен. Мене не ми е интересен ни вака ни за понатаму, дечко биди си свој ќе те сака некоја ради тоа што си, а не поради тоа што сакаш да бидеш... Не.

Значи сега да заокружам, гласам за 11 и 13.
И се извинувам ако некаде навредив некого, чисто за забава го правев ова, пошто нема што да правам цел ден.


Едит: Абе јас мислев си бираме фраери а не кој направил најдобра слика. Ништо залудно се изнапишував. Најдобра слика направил бр. 2. Занемерете тоа погоре.
Или па не, ако планирате нешто повеќе од само добра слика :)
 
Инаку луѓето забегале во карантинов и тоа е дефинитивно единствениот заклучок кој може да го извлечам за нив во овој период. Гледам по некои форуми почнаа да раскажуваат кој член со кого бил, кој имал швалер/ка, кој лажел за неговиот живот и слично. Дури и приватни работи изнесуваат. Па добро бе немате нешто попаметно да правите во овие денови каде што имате слободно време на претек. Затоа откривање на личен идентитет по форуми никако, оти којзнае што муабети ќе ти извади некоја будала. Јбг некој нема сопствен живот, па решил со туѓиот живот да се занимава.

Да се префрлам малку на една друга тема. На никого не му е жал за некој друг кога ќе почине, а кој не е дел од неговото семејство. Едноставно тоа е вистината. Имаше еден човек кој рандом одеше на погреби за да се најаде човекот и никој не знаеше кој е. Во една прилика рече: Го гледаш оној што плаче за починатиот. Всушност не му е жал за починатиот, туку плаче оти можеби тој е следен за да умре. И само кај нас е нормално да се зборуваат добри работи за починатиот. Оти нели починат човек не е веќе во можност да направи лоши работи. Оваа констатација не важи само за луѓето кои уште веруваат во духови.
 
ДК,
Слушам починал Вучиќ.
Лесна му земја нека почива во мир.
Еееј, да не беше човеков... доста интересни емисии имаше, без разлика колку многу луѓе не го сакаа.
 
Pocituvani

Denot koga pocnuvate da emulirate pijavici kako luge sho odat na pogrebi da se najadat, i luge sho odat na svadbi da si poigraat i da lapnat po edna piroska, pobarajte go najbliskiot psihijatar bidejki pocnuvate da razvivate sociopatski karakteristiki.

Ve molam ne policirajte necii cuvstva i emocii.
 
Денот кога сплитски ,,Пољуд" стана бесмртен. Пред 40 години. Или, прекрасен материјал за едно 40 докторски дисертации и уште толку филмско-документарни прикази. Најголемиот фудбалски натпревар со страшна пророчка моќ.

Shout-out и за даскалот, му се помочаа и нему вечните поданици.

Четврти мај, заебан во календарот, многу.
 
ДК

сабајле не ми се веруваше дека починал Драган Вучиќ, отворив на три портали за да ја проверам веста.

Човек кој беше роден за шоу-бизнисот и од кој треба да учат сите овие кои излегуваат на ТВ, интелигентен, со супер харизма и од тешка мизерија емисии со 2 кила брашно, 500 грама кафе или пакет сокови успеваше да ги насмее и натера гледачите да седат пред екраните. Да не правиме муабет кога ги влечкаше Српските и Бугарските певаљки во тие емисиите пред 15тина години, мислам дека емисијата му беше најгледана во државава :D

Се сеќавам дека кога бев основно бевме на екскурзија во метрополата да го видиме планетариумот, па наставников по географија испадна дека е по некој основ познаник со Драган и не однесоа кај него во Сител, кул лик, дојде се поздрави со децата, ни покажа каде снимаат, некоја шала и ни ја направи екскурзијата уште поинтересна.

Ајде уште еден на листата починати на 4ти Мај:
1903 Гоце Делчев — еден од најголемите идеолози на народноослободителното движење на македонскиот народ кон крајот на XIX и почетокот на XX век.
1903 Димитар Гуштанов — македонски револуционер.
1909 Тома Никлев — македонски револуционер.
1912 Пере Тошев — македонски револуционер.
1979 Бранко Зарески — македонски поет, критичар и публицист..
1980 Јосип Броз Тито — претседател на СФРЈ.
2001 Васка Илиева — македонска изведувачка на народна музика.
2020Драган Вучиќ - македонски музичар, водител и шоумен

Почивај во мир легендо!
 
Скраја да е да сакаш да си купиш нова кола а да не е Голф, Ауди или бНв на старо, значи само овие се коли, немојте ни да сте помислиле некогаш во животот дека постои друг бренд, макар бил и од италијанскине High end. Одма ќе ви кажат да го продадете и да си купите Порше Кајен. :tapp:
 
Ja видов објавата на Скорп околу медијската писменост, па се сетив на една анегдота. Имено имало во Финска некоја емисија околу флора и фауна на радио и се јавил нивниот претседател. Човекот нити кажал на која функција е, нити се претставил со име и презиме, туку само си го кажал своето име. Прашал таму за некоја птица што живеела во шума и водителите му одговориле на прашањето. И дури кога завршила емисијата некој од режијата рекол дека всушност тоа бил председателот на Финска.
 
Draga kajgana sakam da da znaete deka denes mi e godisnina od sudbonosnoto da. Pred 20 godini jas i mojata draga zakonski i pred boga stapivme vo brak, kje ve molam za cestitki. Vi bil blagodaren na vasite cestitki.
 
D... se ljepil eliopter na asfalt, ... taka se suska.... i ja sk se mislu, to mora da e prviot od oni 300 pilota od Aracinovo sto sakal da let visokoi.
---------------daj proveri ovo i pisi da smo na sigurno...e ne e ovo goljf 2.
 
Секој што некогаш кажал лош збор за Драган Вучиќ најверојатно е премногу несреќен со својот живот.

Сфаќам дека на интернетов има и многу млади луѓе што не следат ептен телевизија, па своето мислење го формираат преку мемиња, и мислат дека шегување на сметка на некого = hehe ne go biva ovoj aj ke go zezame, ама 99% од сите луѓе што било кога правеле шеги на сметка на Драган Вучиќ имале неверојатен респект за него и шегите ги правеле само поради тоа што човекот неверојатно зрачеше со позитивна енергија.

Малку се луѓето ко него што навистина те тераат да насмевнеш од срце додека го гледаш.
Знам дека многу луѓе имаат негативно мислење за емиссите (види прва реченица зошто), ама емисиите на Драган Вучиќ се најпозитивното нешто што било кога ќе постои на македонскиот ТВ простор.
Па побогу погледнете ги "Вашите 5 минути", луѓе кои се појавуваат на телевизија, насмеани, без задни намери, си пеат, си кажуваат шеги, си се зафркаваат со Драган, он се смее со нив, публиката се смее и на водителот и на натпреварувачот и така имаш еден саат исполнет со смеа и позитивна енергија.

Многу пати ми се дешавало во часовите после полноќ кога сум труп уморен да фатам реприза од неговите квизови на Канал 5 од пред пар години и без разлика колку ќе сум уморен и без волја за живот ќе почнам да се смеам и да се осеќам полно со позитивна енергија.
Па нормално, пошто е снимка ќе барам Јутјуб линк од епизодата или разговорот со некој од гледачите, па ако го има ќе го пратам на некој другар за да му кажам "Леле, глеј го ова, се згазив од смеење", на што како одговор скоро секогаш е "Да бе, Драган е цар, врв му се емисиите, се газам од смеење"

Драган Вучиќ во некои од своите емисии ги имаше БУКВАЛНО ИСТИТЕ ИГРИ И СЕГМЕНТИ што ги имаат Корден, Фалон, Кимел, како и многу други Американски водители на ток-шоуа што најверојатно добивале 500 пати поголема плата (и статус) од Драган Вучиќ.

За жал не сум премногу музички поткован за да зборам за музичката кариера на Драган Вучиќ, ама знам дека човекот е инволвиран во многу повеќе песни од тоа што просечен човек без познавање на музиката (т.е. јас) би знаел.

Искрено, позитивната енергија на Вучиќ навистина ќе фали во овој свет, па само пред некој ден имаше слика од него како шета желка...
Без зафрканција мислам тоа беше најпозитивното и најзабавното нешто што го имам видено на светско ниво за време на пандемијава.

Македонија изгуби огромен ентертејнер денеска.

Во време кога се слави негативноста, нихилизмот и хејтањето, прашање на време е дали повторно ќе видиме уште еден човек како Драган Вучиќ на телевизија, интернет, чиповите на Бил Гејтс или што и да ќе биде следно.

Воедно, сакам постов да го посветам и на Златко Калински, Раде Рогожаров и на неколкуте други луѓе во државава што не ми текнуваат во моментов, а ширеле позитивна енергија со самото нивно појавување/јавување.

Тотален шок ми е оваа вест, од нигде никаде дојде. и ни на крај памет не ни помислував на ова.

Во чест на Драган Вучиќ, пробајте да насмеете барем една личност денеска, јбг, ќе мора сите да надоместуваме за да ја наполниме дупката во позитивната енергија што ќе ја остави неговата смрт.

Почивај во мир, твоите пет минути на планетава не се ништо во споредба со бесконечноста во која што ќе можеш да уживаш.
 
izvini kajgana ama ne mi go rasipuvaj raspolozenieto dodeka jas krvarev na vizbegovo,kojnski rep.kamenolomot stenkoves, davav straza na orman odvoena neznam kako go narekuvaat mestoto edno e rafinerija , umin dol i nikustak jas od cola o d maslinkite do katlanovski tunel na vlez levo do colja nazad a sum bil snajperisy na skopska crna gora tetovo gostivar znaminjata plis s.e.g 3560 havier so lajna kiro gligorov sto ti so tvojot divizion ?? a after sejf 2001 i sega sum bev titiv bioner udarna brigada piev klaker vujkomi zagina vo vukavar uste???????? @Anco
 
Последно уредено:
Кајг,
и ова го слушнав од еден Министер за здравство, дека заштитната маска, ракавиците и растојанието од два метра од сега натака ќе ни биде „Свето Тројство“ :facepalm:
 
Последно уредено:
Нека почива во мир Драган, лесна му земја.

Еве ќе го прифатам "предизвикот" од Драгонски, секој да насмее некого.
Тито Петковски отворил профил на фб.

received_270139344162749.jpeg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom