Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

1584022004375.png

Солзи сами капат прости ми.
До каде со овој памет? После министерот за здраство не чини,државата,владата, здравството итн..
Се собрале 100луѓе на два метри квадратни. Тука не дај боже да има некој позитивен на вирусов...
 
Бев во банка да платам нешто и на службеничката на телефон и се јавува мајка и и вика дека поштарот и кажал дека снемувало шекер, брашно и сол, дека ке ги затворат продавниците и дека криеле мртви од вирусов. Нас нема да не убијат ни вируси, ни глоаблно затоплување, ни загадувањето. Нас ке не убие глупавоста, егоизмот и злобата...
 
Епидемијата и нејзиното несекојдневно чуство како врв на горчината од низата ситни лоши одлуки кои прилично влијаат на работите, онака чисто се прашувам колку е рекорд на лоши одлуки во низа донесени од еден човек?!
 
“… O heavens!
If you do love old men, if your sweet sway
Show obedience, if you yourselves are old,
Make it your cause. Send down, and take my part!”

Дали времето е единствена валута со која се купува поетската правда?
 
Диар Кејген. Коа ти спомнав да не задеси земјотрес у стилу тисуќу девесто жесездесет треќе ти ми се наљути и ме банира на две недели. Се прашувам која смрт е побезболна? Земјотресеќна или моркоронова? Ма нема везе. Ја само лупетам будалаштини у 4 саат поноќи прије него што почне да ми делује ночна терапија. Али ипак македонската вуна е високо квалитетна. Буенос ночас.
 
Веќе се осеќам истрошено од муабети со луѓе само за корона. Сегде само за тоа се збори. Нормално дека сите се чуствуваме вознемирено но мора да се има граница, ќе не удри по здравје. Мерките сите ги знаеме, јас ги применувам, друго немам што да направам.
Денеска одлучив психички да се одморам од таа тема зошто веќе се чуствувам отруен.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom