Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Венко Филипче звучи како име на лик од спортска видео игра.
Бираш да играш со Македонија и сите репрезентативци имаат некои рандом генерирани имиња од компјутер кои треба да звучат македонски:

Венко Филипче

Филип Венковиќ

Мики Иван

Александар Александровски

Иван Мухамед

И слично....
 
Музички поздрав за сите што ги полните гаќите од вирусов.

 
Диар Кејген. Си потгледнувам вести чисто ради забава. Дебар бил под карантин ради 4 и пол дијагностицирани со корононаренвајрус. (Така прочитав вчера дека споено бил називот). Туку сакав да те прашам кој ли беше буразерот шо 2-3 пати има спомнато до кај е астероидот стигнат? Стварно до кај е? Колкав е проценатот на шансите ние да добиеме голем дел од пољубацот негов? Мислам дека ја заслужоваме таа љубов и греота е да не ја добиеме. :(
 
На работа дневно имам директен контакт (баш овој период) со над 50 луѓе, до крајот на изборите ќе имам контакт со најмалку 1000 луѓе заради комплетирање на целиот изборен процес.
Не ни обезбедуваат маски, на своја рака купивме гел за раце алкохолен и маски и ракавици. До крајот на изборите ако било кој од овие корона што имаат дојде и има контакт со мене сигурно ќе ми пренесе.
Дополнително, кафиќите си цепаат до 18.00 отворени, место не можеш да фанеш, сите брзаат да се видат на кафе, велешката традиција трачот у кафиќите да врти...
Капак на се, фанале ги сликнале, видете велешани колку се сељаци, испаднале на кафе.....
Овака да се разбереме.
Прекинете го изборниот процес, затворете ги кафиќите и после ако ме видите во контакт со луѓе коментирајте дали испаѓаме надвор и дали пиеме кафе....
Ќе се ширела короната.... алатов мој..... Тебе другар нека те заразат на работа и после оди си дома.....
b6d70c429f6975c348fb6047c69fbc04.gif

П.с. Да се дообјаснам да не ме разбере некој од инат погрешно, не сакам да имам корона, не сакам да се шири, не сакам државава а ни светов да се мачат доктори да одржат во живот еден куп народ, точно знам од онлајн информациите по интернет колку е сериозен и опасен вирусот, сакам само да ја нагласам глупавата логика на властите во нашата држава дека на работа е океј да се оди и да не се шири, изборниот процес не ја шири короната и на вечер ако ме работат кафиќите денски во нив нема да се шири па нека работат до 18.00.....
 
Последно уредено:
Сакав нешто да пишам,ама ништо не ми текнуе.Не ми идат зборови,само тага ме обзема.
 
колку е бедно да работиш кај приватник сфатив уште на мои 14 години, а и секојдневно уште повеќе и повеќе се разочарувам.

работаш нон стоп за 250 евра, викендите ги работаш, некогаш по два месеци без слободен ден, никад не кукаш иако на дневна база имаш работа со тешки дебили и морони и константно мораш да глумиш психолог како не би настанувале физички конфликти, а работодавецот во тек на епидемија го боли стапот за тебе, ти набавува две маски кои се за еднократна употреби како и четири латекс нараквици за 15 дена иако секојдневно работаш со огромна сума на пари (слободно можам да кажам милиони).

едно е сигурно, во поскоро време ќе си ја напуштам работава макар и седел дома со месеци додека не најдам нешто каде работникот се цени.
 
Како сум се раочарала, е многу навистина..кога на некој му се вооодушевуваш, го сметаш за културен човек кој бира зборови..и ете, баш тој, ќе употреби неумесен збор и ќе нарече некого ПРОСТ:(:facepalm:

Не верувај во никого Кајгано, па ни во свои очи и уши:unsure:
 
Ако ја исклучиме паниката и нормално Короната, изолацијата е многу корисна да посветиш внимание на себе и своите најблиски. Читање книга, играње шах, табла, монопол и не лути се човече, гледање филмови, неколку партии ПЕС, радио и сите на купче дома. А и "убав период" е да ги откачиш сите крлежи на неодредено време, онака да ти се симнат од глава.
 
89488626_2837680492965240_1311079882825924608_n.jpg

Да се насмееме во овие полумрачни времиња :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom