Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Гостиварец, 56 ,службеник у Пошта,си лапнал 30.000 евра проневера .... Ќе го лежи 2 години,сигурно дали и 7 месеци,ако поврзе врски .....

А ние глупи,земи кредит од 50.000 евра и Банката нека ни лежи на гз,едно добро 20/30 години исплата ....

Шо е подобро,биди ко поштаров,оние од Тутунска,Кичеец и даље и лежи до 2 години и имај пари ?! Или да те веслаат за неисплатени рати до 30 години,ма тоа ми е ебен пола живот !

Утре идам со дијаболи и ќе џапам кладилници .... :cool:
 
Добро бе што луѓе се тие што слушаат песни како онаа Dance Monkey? :confused: Ај што песната е неподнослива па и нема куртул од неа. Секој ден додека возам до работа и назад мора да ја начекам по три пати на радио... Мајке ми, ако потрае ова ќе барам отштета ради стрес на работно место...
 
Драга,
Многу од луѓево што сум ги запознал од форумов ме прашале што ми значи никнејмот ...

Anno Domini 2003 . Инсталирам FIFA 2000 и после интрото кога се појавува менито со New Game, Load Game... почнува да свири оваа песна :

Почнува да ме мава некој неочекуван адреналин и останатото е историја.
Љубов на прво слушање :love:
 
Ова е со што треба да знаете за вечерва се останато е безначајно,се разбира и young folks шо ја убија од вртење на радио.

Vojko je puka ka Blanka Vlašić
Pošaljem cajku Lidiji Bačić
Pišem cajke jer triba mi novca
Triba mi pizza u graše i biftek u lovca
 
Последно уредено:
ДК, до кога ќе се лажат луѓето дека парите не се битни у животот?
И среќа и здравје се купува со нив!
 
Седиме пред некоја година со еден професор, пиеме и гледаме едни машко и женско се затепаа онака на мајтап. И им вика професоров аааааа кој се кара се тепа :LOL: Па му текна што рече, вика кој се тепа се сака мислев :D Ги мешам вели овие ваквите, како она што е кој кради и лажи и вошки има и на таван спие. Му викам грешка профeсоре. Кој кради - ќе има :icon_lol: 5 минути се смееше како блесав :pos: Уште тогаш се бавеше со политика, во меѓувреме сериозно напредуваше па лапна некоја функција. Почна да кради. И има :cautious:
А јас се враќам отепан од работа :(
 
Станав негде 11 денеска, јадев и отидов да трчам. Првите 15 мин по шорц и мајца. Следните 45 мин горе гол. Гледам луѓе по јакни и им студи хахахаххх. Отидов дома преспав уште саат и кусур.....која лепота е животов по некад.
 
Чале влева узбуџен "стануј бе колку е саатот ќе касниш?"
Абе тато денеска не-"стануј 7 саатот е ја тргам кафе имаш".
Абе тато свети климент-"Одам ја, да не идам пак, ќе ти ѕвонам"
НЕ РАБОТАМ БЕ ПРАЗНИК Е-"ааа епа спиј таман ти е"
Сакам да кажам денеска бурек ќе се лапа за појадок.
 
ДК,

За родители и љуѓе над 50 години шо редовно користет ФБ требит да се напрајт дозвола, исто ко за возење.

Им даваш тест фино лепо и гледаш дали личноста е способна и спремна за то патешествие.
Прашања на тестот би биле следните:

1. Отварате ФБ профил. Што правите прво?

а) додавам слики
б) додавам блиски пријатели
в) барам роднини од четиринаесто колено шо ги неам видено од мал/а, соученички од средно, војнички другари и внуки на внука од тетка ми

2. Скролате на вашиот тајмлајн и гледате икона со опис "Споделете за здравје". Што ќе направите ?

а)ќе ја споделам сликата на зид и ќе напишам "амин"
б)ќе го изигнорирам постот
в) ќе ја споделам сликата на зид, ќе напишам "СПОДЕЛУВАМ ЗА ЗДРАВЈЕ" и ќе ја пратам на сите мои пријатели

3. Вашиот син/ќерка постират слика на ФБ. Кој е вашиот следен чекор ?


а) лајкување на сликата
б) лајкување на сликата и оставање на коментар "мајкин/а"
в) лајкување на сликата, оставање комeнтар и споделување на сликата на вашиот зид налик некролог со опис "МОЕТО БОГАТСТВО-МОЕТО СЕ"

4. Гледате политичка објава. Вие :

а) ја игнорирате
б) го одследувате профилот шо ја споделил
в) се трансформирате во политиколог и се расправате 3 дена без престан

5. Вашиот син става слика од дискотека. Која е вашата реакција?

а) му оставате " <3" во коментар
б) само ја лајкувате
в) му пишите во инбокс "добро една слика ќе клајш кај шо не си со чашата в раце????"

Па ако го поминет тестот фино лепо, ако не немат ФБ.
Освен за баби и дедовци - и то ко ќе си честитет родендени.
"НЕКА ТИ Е СРЕЌЕН И ВЕКОВИТ РОДЕНДЕНОТ МАРО, ДА ТИ ДАДЕГОСПОД ЗДРАВЈЕ И УБАВИНИ, СО ДОЛЖНА ПОЧИТ И ИСКРЕНИ МИСЛИ ТВОЈОТ ДРАГ КОЛЕГА ТРАЈЧЕ". Оваа содржина не смејт да се чепкат :ROFLMAO:
 
После цацко е крив кога не ни ги признаваат образовните институции....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom