Ветувам дека нема да ги завршам сите обврски до 10 мај, нема да полагам за кола есенва, нема да се запишам на курс по Шпански идна година, нема да се преселам во Јужна Америка за две-три години.
Да видиме дали функционира обратна психологија
Хах, некој ми го лајкна постов пред некој ден. Не се ни сеќавам кога сум го напишал.
Не се ни сеќавам што е тоа што требало да го завршам до 10 мај 2016. Веројатно сум го завршил, 2016 ми беше една одлична година во животот, со многу промени на сите полиња.
Не се запишав на курс шпански, ама запишав англиски
Like in the old times, ќе завршам осми степен до лето. Каков труп сум бил за граматика, дури минатата година сфатив. Топ „тичерка“ си имаме, топ група со загарантирана дружба после часови. Стомаков ми отиде три метри понапред од сите пива кои ги имаме испиено после „напорните“ предавања.
Тешко дека ќе се преселам во Јужна Америка оваа година, а мислам дека повеќе ја немам оваа желба.
Не полагав за кола есента 2016. Но, конечно земав часови во есента 2017, а положив на почетокот од 2019. Нормално, не полагав додека не дојде јајцето на газот. Ја заокружив третата деценија од животот со една возачка дозвола. Да остане запаметено дека за прв пат излегов со кола пред некоја недела. Сакам да го посетам секое место во државава, а тоа не можев да го направам без возачка.
Ми се врти некој филм во глава. Екс Ју, јас со стокецот на татко ми. Бел стокец, со радио со касети. Возам по автопат, отворен прозорец, заглавен со штрафицгер. Триаголникот-прозорец, отворен до половина. Од радивцето рока Прљаво Казалиште, а ти само си возиш безгрижно. На совозачка седиште, лепша половина си пуши цигара со раката низ прозорец. Одиме на одмор во Крани, во кампови сопственост на фабриката. Ги користиш придобивките за членство во синдикатот. Веројатно сум се родил во погрешно време
