Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Значи таман ќе си речам „ок е, се средуваат работите“ и ќе ме фати таков малер што да не ти се верува. Марфиеви закони ми се случуваат на секој чекор. А најглупо е што треба да донесеш некогаш некоја одлука од што немаш избор, ама на другите што не ја знаат ситуацијата им изгледаш како идиот. А не можеш нели на секој да му погодиш ни па на секој да му објаснуваш што е и како е.
 
Плаќам факинг 500 евра данок секој месец. Не знам кој ѓавол ме тераше да ги чепкам овие работи, подобро ќе беше да не знам.
 
^^ Вака најчесто почнува трансформацијата од wannabe commie либерал во конзервативец. Welcome to the club :icon_lol:
 
Тоа за млакоњи. Оваквите дешавки би требало да те прават уште погневен поради неправедниот систем.
 
Многу работи сфатив во последно време, а последната е дека веќе сум доволно стар да не можам да играм фудбал секој ден со децана.
Три дена по ред играв, а после вчерашната партија не можев да си отидам до дома. Цела вечер лежев како хендикепиран, воздух не можев да земам од што ме стегаа градите, а денес ме боли секој дел од телото. Џабе е планинарење, пешачење и возење точак, трчањето е сосема друга категорија.
Не за џабе рекле, на младите останува светот :duel:
Годините носат и хаос во главата. Се чувствувам како милион мали имагинарни човечиња да ми играат сиртаки во шупелкава.
 
Нема веза, оди истрчи се и денеска ќе видиш ќе ти помине. :D
 
Во последно време само читам ми украдоа новчаник од кола, ми украдоа ранец од кола, значи луѓево не се научија и не се научија дека во кола ни ќесе од Тинекс не се остава, не па ташни, актовки, ранци... Абе пред 5 години документите ми ги украдоа од колата во двор паркирана зошто ништо друго не нашле, па што остана за работите набројани погоре. Документите :facepalm: Во кола ништо не се остава, поготово па ако се паркира по сомнителни неосветлени паркинзи низ градов кај што не проаѓа жива душа, како оној кај Мавровка или кај СЦБТ.
 
почнав да станувам дваесет минути порано за да можам на раат да си го испијам дуплото кафе додека оди C H I L L R A D I O 2 4 / 7 во позадина.
 
Драга Кајгана,
Се вработуваат во фирмите на нивните родители/роднини, затоа што немаат повеќе знаење, зрелост и капацитет за во туѓ бизнис, скоро ништо и да не работат, а земаат плати, и на крајот ќе те критикуваат зошто не си вработен или зошто работиш за мизерна плата:sick:
 
Зашто немаш зрелост и капацитет за поголема плата.
Контрадикторен си.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom