“Смртта стана немоќна пред нашата младост исправена , пред очите наши загледани уште тоа утро во иднината“
К.
На денешен ден(16.06.1943) во с.Ваташа,Кавадаречко се стрелани од страна на бугарскиот окупатор 12 ваташки младинци. Е сеа посебно важно е да се нагласи тоа БУГАРСКИОТ окупатор..Имено,за овие еве веќе 74 ниту една влада на источната ни земја не најде за сходно да испрати делегација,да се извини јавно за масакрот или не знам што...И тука Бугариве по историските теми ни ги подуваат јајцата со тоа дека Германците биле криви за тоа,тие ги присилиле,овие биле китки за мирисање..
Друга битна работа е шо баш на денешен ден сакам да ги поздрават ликовите од македонско-бугарската канцеларија за пријателство што егзистира во Кавадарци,а посебно ликовите со бугарски пасоши..Онака,баш те дупеле во здрав мозок,ви убивале предци итн,сега ќе вадиме нивни пасоши и ќе се пишиме Бугари...Браво,ама тоа е Македонче...сам ако не се цениш бе мајсторе никој нема да те цени.
Трета работа-неам појма зошто борците,загинатите и општо настаните од НОБ се ТОТАЛНО маргинализирани на сметка на разни Ќосиња,Тодори Александрови,Владо Черноземски итн итн итн. Од овие Македонски патриотски здруженија ниту едно не носи име на паднат борец од НОБ,ама затоа ги имаш Ќосињата и останатите...
Денес треба да се празнува овој ден,а нема ниту едно известување по локалните ТВ,радио и интернет страници за организираниот настан,каде ќе се празнува,во колку часот започнува манифестацијата за да можат и обичните граѓани да одат(на баба ми брат е загинат таму,секоја година идам таму,можеби и затоа токму во знак на револт го пишувам ова..). Штета навистина,лани не се појави никој од локалната политичка елита,ама затоа памтам 2006 година непосредно пред парламентарните избори беше половина врхушка на довчерашната владеачка партија,почнувајќи од Силвана Бонева,Ставревски итн. Иначе ко што спомнав погоре,имам член од фамилијата загинат таму,од кога памтам за мене секоја година идам на овој датум таму(освен 2014 кога полагав баш на 16-ти),секоја година е тотално исто(деца од локалното училиште во Ваташа ја пеат химната,следи историски час,доколку има некој политичар одржува говор,потоа повторно децата од локалното училиште во Ваташа пеат неколку песни и завршува),али пак секоја година е интересно,и покрај тоа што сите настани и говори ми се научени веќе напамет..
(подолу едни од најпознатите дела за настанот во Ваташа,извадок од песната Цветови од Славко Јаневски и песната Ми заплакало селото Ваташа од Никола Бадев)
Цветови - Славко Јаневски
В Тиквешко негде, в некое село
кај в слана тивко венеше цвете
убија дете.
Последна солза од око капна,
кога на ридот есента стапна,
в крви се изми утрото бело.
И кога в зраци челикот светна
последна мисла ко птица летна
"Мајка ми сама остана в село".
Вечна слава!!