Мразам луѓе што на секое играат некои психолошки игри со тебе, да не можеш раат муабет да направиш. Јас и викам после ќе идам дома да се договорам со гласовите што ги слушам дали ќе дојдам или не. И таа почнува.. А што пол се гласовите, колку се, колку често разговараат со тебе, се согласуваат ли со твоето мислење или ти противречат, ти сметаат ли во одлуките, те уназадуваат ли, те плашат?
Јас само сакав смешна да се направам и и кажувам жено нема гласови така лупнав да се насмееме.
Не, не сакаш ова да го закопаш некаде длабоко и ова е одбарана, мозокот твој се брани затоа ова го кажуваш, не треба да се плашиш да признаеш, сите имаме гласови, седни ќе разговараме..
Глупа жена, толку години ми живее во мозок и не може да сфати дека нема други гласови освен неа.
Се зезам, фризерка ми е, ама ептен е уфилмана дека е некој читач на мозоци. Нон стоп така ми прави, се фаќа за некои ситници за да ми филозофира после цел саат, ама ај ефтина е.