Драг иден јас/Драга идна јас...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Драг мој Скај

Повеќе троши го времето со позитивни луѓе,помагај повеќе на оние луѓе на кои им треба најмногу твојата помош. За некој ден да се запишеш на танцуње и да, да си фатиш девојка ајт поздрав и следниот пат кога ќе отвориш да знаеш да танцуваш,и да имаш девојка! Бидејќи ти тоа го заслужуваш!
 
Ако љубиш пак браос. Значи не сум ја сјебала работата до крај, Ако си вон Македонија, ни под точка разно немој да се враќаш назад. Сети се шо се не направивме за да извлечеме жива глава од ќенефов.
Се надевам дека сега мислиш со главата пред да си го пуштиш јазикот у погон. Научи се кафе да вариш. Ја сум сега у long distance relationship пошто мојот дечко живее у иднината али се надевам дека веќе сте си се нашле фино лепо и негде пичите, према некоја планина на чај со рум и тегнење пред камин. Научи кола да возиш доста паничиш зад волан, сите гуски положија.
Посмирено, порелаксирано и помудро носи одлуки. Јас го поправив патентот на устата, само ако го расипеш пак. Запамти, повеќе ке знаеш ако воопшто не прашуваш. Ајт чао, отидов да те создавам подобра.
--- надополнето: Nov 13, 2013 3:04 AM ---
Ако љубиш пак браос. Значи не сум ја сјебала работата до крај, Ако си вон Македонија, ни под точка разно немој да се враќаш назад. Сети се шо се не направивме за да извлечеме жива глава од ќенефов.
Се надевам дека сега мислиш со главата пред да си го пуштиш јазикот у погон. Научи се кафе да вариш. Ја сум сега у long distance relationship пошто мојот дечко живее у иднината али се надевам дека веќе сте си се нашле фино лепо и негде пичите, према некоја планина на чај со рум и тегнење пред камин. Научи кола да возиш доста паничиш зад волан, сите гуски положија.
Посмирено, порелаксирано и помудро носи одлуки. Јас го поправив патентот на устата, само ако го расипеш пак. Запамти, повеќе ке знаеш ако воопшто не прашуваш. Ајт чао, отидов да те создавам подобра.
 
Здраво иден јас :)

Од сегашна гледна точка, би ти кажал дека ќе бидам задоволен ако сеуште си останал на својот тврд став, дека никогаш нема да си го продадеш газот и да и служиш на некоја политичка опција.
Знам дека никогаш не сакаше да ја напуштиш државава, но и да си избегал по подобар живот веројатно ќе те сфатам.
Ако после 10 години стигнам да го прочитам постов, се надевам дека веќе ќе имаш неколку остварени прошетки зад тебе.
Мој совет е да си посветиш повеќе време на себеси, и конечно да си подариш нешто на самиот себе.
Не зборам за некои прошетки со авион до Париз, Лондон, Барселона, Рим итн, веројатно ни тогаш ќе немаш средства за такви ексурзии, доволно е да ја прошеташ цела Македонија. Како знаеш и умееш, дали со воз, дали со точак, дали со кола, па дури и да го оствариш она што ми сега ми звучи навидум невозможно, да ја поминеш Македонија планинарски :icon_mrgr:
Дефинитивно ќе се разочарам од тебе ако уште не си положил за кола. Време ти е, доста викаше "ако не оваа есен, тогаш следното лето..." :)
Но, уште повеќе ќе се разочарам ако пешачењто го замениш со не станување од кола...
Секогаш имај време за прошетките и чувствувањето на природата.
Верувам дека и по 10 години ќе имаш моменти кога ќе си шеташ сам низ маало, расчистувај си ги сите црни мисли во мозокот. И сам знаеш дека таквите прошетки се мевлем за душата :)
Намали малку со нервозите на утакмици на Вардар.
Искрено се надевам дека ќе доживееш да го прочиташ постов, и нема во меѓувреме да скинеш конци на некоја утакмица...
За 10 години претпоставувам веќе ќе имаш фамилија и деца.
Веќе почувствува дека во државава е тешко да се заработува. Само да си посакам среќа уште од сега, па кога идниот јас ќе го чита постов се надевам само благо ќе се насмее, затоа што веќе успеал да го постигне она по што мечтаел за во блиската иднина. Немој никогаш да дозволиш да им фали нешто на твоите најблиски. Може ќе нема пари за да им ги удоволиш сите желби на децата, но креативноста може да замени многу нешта кои не можат да се купат со пари и ти тоа најдобро го знаеш :D

Немој никогаш да ги заборавиш оние што те одгледувале толку време. За родителите мора секогаш да имаш време. Немој да си дозволил да скапуваат сами по старечки домови. Погрижи се да им биде убаво, како што они се грижеле за тебе, и секако гледај за некои 5-6 години да ги израдуваш со некое внуче, знаеш дека многу ќе им значи и ќе бидат пресреќни.

П.с. И по десет години, твојот дом мора да го краси некое маче. Ќе ти се налутам многу, ако не чуваш мачор :) И најважото, никогаш не го заборавај детето во себе ;)
 
Драга идна јас,
Во иднина повеќе учи од туѓите грешки и не дозволувај да ги осетиш на своја кожа! Фала. Чао. Со среќа.
 
Драга идна јас од 2015,

Се надевам дека во 2014 беше попаметна, дека имаше памет во глава и дека го постигна она што првично го имаше замислено. Се надевам дека не паѓаше во трансови и дека си остана верна на принципот People don't belong to people.
Се надевам дека во јануари 2015 да ја отвориш темава и ќе кимнеш со главата и со насмевка ќе констатираш дека се од ова си го направила.
 
Драг иден јас, труди се да не му даваш совети на идниот Ти, бидејќи посекако идниот Ти ќе биде попаметен од тебе.
 
Never stop being awesome :cool:

self-five.gif


П.С Само држи се до планот и се ќе биде во ред. Знам дека нема да ме разочараш. :eek:
 
Драг иден Ширеа

Незнам што ќе станеш по 10 години, каде ќе работиш, со кој ќе живееш, каде ќе живееш, дали си ги исполнил целите што сега моментално ги мечтаам. Ама и да не си ги исполнил, нема да ти замерам, животот не е секогаш мед и млеко. Можеби за 10 години ќе станеш милионер, или ќе основаш фамилија со прекрасни деца, или пак ќе станеш обичен просјак на улица, но не губи надеш, секогаш има светлина на крајот од тунелот. Ќе дојдат и твоите 5 минути од животот, што се надевам дека во иднина, ти најдобро ќе ги искористиш.
Ова го пишувам, за да се сетиш на "стариот" јас, да се потсетиш на времињата кога главна окупација ти беа само фудбалот и игрите. Можеби од утре, или некој други ден ќе почнам со работа, се со цел да го направам мојот живот колку-толку подобар за мене (за тебе иден Ширеа) и моите најблиски (сигурно сега знаеш на што мислам). И уште еднаш ќе повторам, нема да ти замерам ако не успееш, продолжи да се трудиш, и се ќе си дојде на свое место.
Само нешто ќе те замолам...
1. Секогаш.... СЕКОГАШ биди тука за брат ти, вие во иднина ако не си помагате, кој друг ќе ви помогне...? Некои личности веќе нема да бидат со нас, затоа држете се без разлика на се. Знаеме и двајцата дека брат ни е терсене човек, ама секогаш бил тука за тебе. Затоа барем најмалку што очекувам е ТИ да бидеш таму, нему кога ќе му е најтешко.
2. Ако во иднина основаш фамилија, немој да си допуштил децата да ти станат багабонти. Никогаш тоа нема да ти го простам, кога ќе го читаш текстот. Ако имаш машко дете, стави му го името од тато, или барем приближно некое што ќе те потсетува на него. Тоа е и желбата на мама, знаеш и самиот.
3. Ако видам дека со тек на времето дека си заборавил на Јувентус, слободно можеш да се самоубиеш

Ако овие три точки не ги исполниш, тогаш....you have my permission to die. Слободно, ич нема да те жалам
 
До година кога ќе го читаш ова сакам да ти текнат некои работи за да ги пишеш во темава а до тогаш само глеј да не идеш по туѓ мозок и не прави работи што не ги сакаш, остави ги размислувањата на другите и терај по твое ти најдобро ќе знаеш бидејќи хеј, една година си постар од мене па ќе ти верувам дека знаеш што правиш. Значи така, терај по свое не дозволувај други да те командаат и памет во глава.
tumblr_m1itsg87X61rn95k2o1_500.jpg
 
Драг Мурањи од иднината, ти завидувам и многу сум љубоморен на тебе. Да, парадоксално е да бидам љубоморен на самиот себеси кога е сосема нормално секој да си посакува сам на себе само убави работи, но криво ми е бе, стари.

Многу ми е криво што ти имаш многу подобар живот од мојот, љубоморам на твоите бесплатни прошетки со автобусите на ЈСП додека јас пешачам и во нозете сум како Терминатор, не можам да поднесам додека ти си уживаш во бања додека јас се радувам да се искапам во домашни услови. Најмногу ми е криво и ме боли што ти скијаш а јас на скии се немам качено во животот. Сигурен сум дека и во многу други задоволства уживаш хедонистички, додека јас сега чмаам на форумов.

Ме боли што мојата младост ми пролизгува низ рацете и што морам да те чекам тебе за да видам нешто од животот. Скоте себичен. Снајди се сам, не ти давам никаков совет.
 
Драго Баженце, уозбили се :D Земи спичкај ги предметите на омразениот факс, знаеш дека можеш- ама не ти се учат такви глупости... Си почнал веќе нема назад, ама што е твое- ќе си дојде... Гитара мораш да научиш да свириш, и вети ! Друго, добиј го она што го посакуваш... колку и да е тешко, не се откажувај. Ти тоа го сакаш, безразлика колку е глупаво, ризично, необично или нелогично. Понатаму, да си фатиш некое паметно, убавко девојче на место (да, ваљда таа е, не чекај повеќе аман -.-) и многу да ја сакаш, доста се бафташ наоколу трошејќи го времето залудно, ќе ти отиде девојчето. Трето, како и до сега- немој да бидеш себичен, но памти ги оние кои не ја заслужуваат твојата помош кога ќе ја побараат... и биди си насмеан и весел, смеј се и зезај се постојано како и до сега... и спиј повеќе вампир еден !

Догодина ако си на форум, да си ги прегледаш старите постови и да налеташ на овој ! Само ако си фатил некој друг пат, ќе те срвам.
 
Драга идна јас...

Кога ќе решиш да се посветиш на нешто, оджи го она што си го ветила !

И пишувај почесто,знаеш дека ти годи ;)
 
1005366_10152011372485326_1711044885_n.jpg

Pravilava da gi chitash so sekoj sabajlechki obrok. Gleam nekolku koi treba da se pratikuvaat.

Se chitame za edna godina..
 
Го погледнав сега тоа што го имам пишано само едно ми се исполни тоа што го посакував и да драго мие но за идниот јас:

-Не верувај толку, не очекувај толку од другите, верувај повеќе во себе!
-Биди дете, уживај во моментите.
-Одведи ја саканата личност за една недела на викенд!
-Биди повеќе позитивен, со позитивна енергија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom