Драг иден јас/Драга идна јас...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Драга идна јас

ако го читаш ова жива си и посилна од се.... денес е преломен ден во животот се што имаше лошо животот за нас мене ми дојде до денес, тебе нека ти дава животот само од добрите нешта, многу енергија слобода добри луѓе и работа што ја сакаш... и вреќа пари не дека е во тоа среќата ама ќе се најдат :)
 
Драга идна јас, не знам дали имаш деца ама ако имаш се надевам дека не си станала една од оние сафратични мајки кои сите ги избегаваат затоа што не знаат да зуцнат ништо друго, туку 24/7 смараат со нивните бебиња, колку се они цаканки, колку пати дневно какаат, каква боја било гомното, па како воспитачката во градинка рекла дека толку интелигентно дете нема никогаш видено и се надевам дека не ставаш по цел ден статуси од типот "Јадевме, какавме, сега ќе одиме во паркот да се шетаме, па ќе се бањкаме, па ќе си легнеме да нанкаме."
 
Драг иден јас, ако ја преживееш 2013, БРАВО!
 
Многу ретко ставам во кладилница али на МИНАТИОТ ЈАС би му пуштил една тетратка со спортски резултати ко за почеток (back to the future фора), после сам ќе се снајде.

А на ИДНИОТ ЈАС, пробај да успееш кретену без оглед на се, нема откажување и депримирање!
 
Омекна пичко а? Ти падна газето? Знаеше дека не треба така, и шо напрај, ама зошто зошто бе гнасо настапи обратно сам си си крив ајван еден, Драг иден јас ајде крени се веќе еднаш знам дека можиш дај го максимумот, избори се со самиот себе дај покажи ги тие стари заби таа стара агресија, врати се назад назад онаков каков што беше и онака овај свет си ебал мајката!!
 
Драга идна јас,

Памет во глава. Биди посилна, можеш да бидеш посилна.
Ослободи се од бубачките кои ги имаш во главата.
Се надевам дека нареден пат кога ќе го читаш ова, нема ни да се сеќаваш зошто денешната јас го напишала ова.
Искрено се надевам. За твое добро.

Те сака,
Денешната, а во времето кога ќе читаш - јас од минатото
 
Иден јас.....
Да седнам да учам германски сериозно и да фатам магла од државава, да не се откажува и да пробам да стигнам до нешто вакво но малку во помала верзија, овa, но да пази што зема и како оти можи да го јади стапот ако се истрча по тие недозволените средства, како најбитно да се стегнам и да ги завршам постдипломските во тие 2 години зададени како рок. Да заеби то емоциите и да не се приврзува за луѓето оти секогаш наебува.
 
Драга идна ЈАС!
Искрено се надевам дека не си ја зебала работата.Искрено се надевам дека конечно си успеала!
Сети се како ми е мене,немој да ме извисиш!
 
Драга Идна Јас.

Се надевам не ти опаѓала косата од премногу бојадисување:icon_lol:
Заеби тоа,до каде си со животот?Продолжи да превземаш ризици или остана онаа истата девојка која паничи?Дали се вработи?Дали ги исполни соништата и ако си како се чувствуваш после тоа?Задоволна од себе?Дали го реши проблемот кој те измачуваше заради немање доволно храброст во себе???
Искрено мислам дека премногу работи доживеа за краток временски период.
Време е да искулираш и да поставиш граници за некои работи кои те вадат од контрола и тебе и оние оние околу тебе.
Биди умна,сложувај се повеке со родителите..Запомни,тие ти го мислат најдоброто...
 
Идниот Јас сакај си се каков што си све најбољи си , само малце помалце нервиркај си се и свиркај си :D
 
драг иден јас,
ќе го пребродиме овој период и коа ќе го читаш ова ќе бидеш НЕШТО во животот.
и може ќе се смееш ама верувај дека сега не ти е до смеење баш толку ;)
 
Која си ти? Се претвори во она по што најмногу плукаше. Каде ти е емпатијата, каде ти се чувствата? Стана бесчувствителен егоист кој гледа само за своите интереси и од корен се претвори во нешто кое никогаш не замислуваше дека ќе бидеш. Браво.
 
Драг иден јас, ете ги остајв цигарите конечно, па да не ми мрчиш многу.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom