Драг иден јас/Драга идна јас...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Драга идна јас..Само опуштено и без замарања од кои те боли глава.....Скрозз рилаксс;)
 
Драг иден, некој кој ќе си остане каков што си е, немој никогаш да заборавиш она што ти го зборувале родителите........
Биди човек.
 
Драг иден јас следен пат да се проправиш некое килце плус и да ги прошеташ местата кои сакаш да ги прошеташ. Фала,чао,пријатно.
 
Драга идна јас, се надевам дека ти, за разлика од мене, ќе знаеш малку повеќе да го користиш тоа мозочето... Џабе ти е се што мислиш и збориш, кога на крај, во дадениот момент, пак ја одигруваш погрешната карта. На луѓето обично им е тешко да изберат помеѓу она што им го вели срцето или разумот. Јас се надевам дека ти секогаш ќе бираш меѓу тие две, а не онака како што правам јас, интуитивно.
Друго, се надевам дека се стабилизираш психички. Добро би било за тебе, пошто тие нагли промени на расположението можат стварно да те полудат и тебе и луѓето околу тебе, верувај ми.
Трето, би ти препорачала малку повеќе да внимаваш со какви луѓе се зближуваш, и самата виде што ми се случи мене пред некој ден, не би сакала и ти да поминуваш низ такви срања. Биди им пријател на сите, но не ги сметај сите за пријатели. Постојат многу што во тоа пријателство влегуваат со задни намери.
Четврто, би можела малку помалку да зборуваш... твојата комуникативност може да остави погрешен впечаток кај некои луѓе... повторувам, сети се што ми се случи мене.
Петто, ти посакувам да успееш да ја добиеш онаа нијанса на црвена боја на коса за која сонувам.
И шесто, дај бе ослабни бар уште 5-6 килца :)
Поздрав,
Лав ју вери мач

Драга идна јас,
Де бе уозбили се малку. 2 години поминале од писмово што ти го пратила минатата јас.
Бар 3/6 да оствареше досега. Ама не. Си тераш уште по старо.
Океј, и 1 од 6 е нешто. Се надевам дека до 2017та ќе ја добиеш бар посакуваната боја на коса.
Има време, цел живот е пред нас. Кога тогаш, ќе стане човек од тебе... ова, од мене.

Ма што те вртам. Омужи се, изнароди деца и помини си го цел живот како вредна домаќинка.
Ајт поздрав.
 
Некој период ќе биде така чудно,поубави времиња идат ае... и не позајмувај или давај на гага ствари од сеа,запамти-не вредат луѓето.
 
Драги, ако успеа како што порано ми вети секоја чест. Се надевам насмеан си, со неа си, и пред се имаш куќа со големи прозорци :) :) :) ... Знаеш паметам дека од секогаш тоа го сакаше..
А и да, ќе заборавев, те молам правиго она што твоите родители не го правеа.. Се разбираме јас и ти ;)
 
Драг иден јас

За некоја година ИСКРЕНО се надевам дека прво нема да ти биде толку гајле шо мислат другите за тебе и нема да се замараш премногу со непотребни работи. Се надевам дека ќе станеш барем малце поладнокрвно копиле и нема да ги ставаш интересите на сите пред сопствените интереси. Се надевам дека ќе бидеш среќен искрено(иако и сега на сите им оставаш впечаток дека си среќен,ама сам длабоко во себе знаеш дека не си).Гледај повеќе да работиш на покажување/искажување емоции. Потфрлам у последно време на тоа поле(премногу искажувам,се надевам дека во иднина нема така да биде). Се надевам дека ќе имаш девојка(по можност истата од сега) и нема да се чувствуваш пак осамено и отфрлено. Се надевам дека подобро ќе управуваш со времето,а не да безделничиш по цели денови и после да се жалиш како немаш време за ништо. Се надевам ќе дочекаш Фени да освои уште некоја титула,а Тиквеш да добие промоција во Прва лига,па зошто да не освои и тој некој трофеј :)
 
Драга идна јас,
Се надевам дека кучката што во себе ја храниш во последно време ќе те чува од зли намерници. Чувај го доброто куче напред во дворот и шетај го наоколу врзано со сребрено синџирче. Но, во задниот дел од дворот чувај ја таа безобразница што знае да покаже заби кога ти е нападната твојата личност, кога ти е нарушен интегритетот, кога ти е повредена гордоста . Многу ќе бидам помирна ако знам дека мојот грб што ќе ме штити е на мојата предна страна.
Биди добра со добрите, знаеш дека ги имаш такви. Колку-толку. Јавувај им се, дели им комплименти, подарувај им трошка, парче...не е битно. Битно е да е од срце.
Не се збогувам! Се гледаме секој ден во огледало, се среќаваме во сонот, се разминуваме со нашите сенки. Затоа, само ќе те поздравам :)
 
Драги, сакав да те оставам ама копиљ си. Неможе, под кожа си ми.
Знаеш, сакав да ти кажам уште неколку работи.
Прво немој брате да си толку емоционален, стегни заби. Иако те знам тешко ми паѓа кога си слаб.
Знам дека ги мрзиш испраќањата, аеродромите, пероните, станиците и солзите. Знам. Али удри јако.
Имаш шанса и спраштимуја од тука. И те молам кога ќе се качуваш на авион карај, пцуј најгнасно што можеш по овие тука, овие што те натераја да избегаш.
Не ти барам ништо, не се секирај.
Само сакам кога ќе се сретнеме брате да те гледам како го прчиш оптегнат на фотеља. Газда брате, така сакам да те видам. За мене не се секирај, доволно ќе ми биде кога ти ќе се средиш.

Ќе се видиме брате ;) поздравен бидими :)
 
Драга,
Де ма акни глава од ѕид веќе,ама така убО појако еднаш да ти размрдаат тоа чварките место мозок што ги имаш. Од сите грди лоши работи и грешки што ги имаше толку ништо не научи?! Навечер кога ќе легнеш сѐ сфаќаш сѐ ќе менуваш и се будиш сабајле на ништо не се сеќаваш. Совет - запишувај си белешки. И зацврсти тоа карактерот. Прави ги малите работи од кои си среќна. Наоѓај повеќе време за себе,почесто готви и експериментирај. Немој да си се откажала од сонот ќе најдам начин и ќе те утепам. Најди хоби ако не си нашла до сега, цртај,шетај... уживај. Знам дека проблемите тежат но вреди да се бориш - за себе пред сѐ. Не допуштај толку на луѓето и помалце избувнувај.
Толку за сега, ова ќе го прочитам за 2 години па пак ќе пишам да видам до каде сме.
:smirce:
 
Драга идна јас.
Престани да си ја јадеш муцката самојад еден.
И излакирај се.
 
Дај бе не ја оживувајте темава, во депресија паѓам кога си го читам постот :mad:
 
Драга идна јас

ако го читаш ова жива си и посилна од се.... денес е преломен ден во животот се што имаше лошо животот за нас мене ми дојде до денес, тебе нека ти дава животот само од добрите нешта, многу енергија слобода добри луѓе и работа што ја сакаш... и вреќа пари не дека е во тоа среќата ама ќе се најдат :)
хаха до кај "жива си" бев во право :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom