Драг иден јас/Драга идна јас...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Во How I Met Your Mother имаше една епизода каде Тед си пишуваше писма за идниот Тед. Совети за тоа што не треба да прави, како да се однесува и така натаму...
Обично секогаш си се смееме на паметот кога сме биле помлади...
Па затоа, што би си порачале на идните вие?
Што би му/и рекле?
 
Помалце да се замара со глупости и ситници

Инаку одлична тема (y)
 
за идниот незнам што би му препорачал ама да можам да си пратам писмо во минатото многу работи би си пишал.

Можеби е потребно и обратна тема да се отвори како она што беше.. dear sixteen old me , don't worry :) хаха
 
Можеби е потребно и обратна тема да се отвори како она што беше.. dear sixteen old me :)

Па баш тоа е поинтересно. Што и да му кажеш на минатиот ти, не можеш да го промениш затоа што завршило, крај, џабе е што и да му кажуваш на 16годишниот ти. Вака е поинтересното, да кажеш што би му препорачал на идниот ти, за идниот ти да ги поправи грешките што ги правел сегашниот ти и кога ќе си го прочиташ после некое време ќе видиш дали има разлика меѓу идниот ти и сегашниот ти, т.е дали препораките биле земени предвид или во сосема друга насока отишол идниот ти... :)
 
На идниот би му порачал да си нема работа со грди и кучки ;)
 
Хмм... на самиот себе си би си порачал понатака да оди на журки да научи да плеше - игра :icon_mrgr: бидејќи така е подобро за него и за неговата идна девојка :свиркам: Бидејќи незнам да играм и не излегувам многу многу затоа на мојот иден би си порачал понатака повеќе да се опушти и да почне да излегува многу повеќе во кафиќи и тн. ах сега ова е најинтересното почни да направиш да ти биде супер на љубовното поле и кога ќе одиш сега летово на одмор да оди со девојка (y) ова е за рок од 6 месеци :)
 
Повеќе девојчиња помалце обврски ..
 
Па баш тоа е поинтересно. Што и да му кажеш на минатиот ти, не можеш да го промениш затоа што завршило, крај, џабе е што и да му кажуваш на 16годишниот ти. .. :)

Многу срцка момент ќе биде кога би можеле да си "пратиме" писмо до себеси за проблемите што сме ги имале тогаш, и да ги опишам од друг аспект, каде тие ме довеле, што ме научиле, како да се справам итн итн.. многу помлади членови би се пронашле, и би им помогнало во справувањето на пубертетските години.
Тогаш се јавуваат највеќе конфикти во нас и преставуваат тежок период.

Инаку и оваа тема е супер не велам не. Би можело истава да биде дали писмо до иднината или до минатото кој како има желба.
Само предлог давам, па ако им се допаѓа на повеќе би можело да се реализира.
 
Инаку и оваа тема е супер не велам не. Би можело истава да биде дали писмо до иднината или до минатото кој како има желба.
Само предлог давам, па ако им се допаѓа на повеќе би можело да се реализира.

Фала Богу, насловот е така, но не значи дека не може и за такви писма да биде... Кој каква потреба осеќа...:)
 
Порасни глупак...Не значи ако се чуствуваш млад во духот да се однесуваш како тинејџер.
И нека не те мрзи да си ги испеглаш алиштата.
И читај го Мануел на англиски пред да пуштиш некоја нова машина.
 
Да си фати женска...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom