Драг иден јас/Драга идна јас...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
1. Вријеме лечи све ! (y)

2. Убаво е да се гледа напред и кон иднината, ама личноста во која си изграден се темели на минатото. Никогаш не заборавај од каде си и кои луѓе се биле со тебе во посебните моменти, и добри и лоши.

3. Патувај повеќе ! Прошетаниот човек, е богат човек.
 
Драг иден јас: Време за промени сеуште имаш,размислувај и согледувај убаво што и како се случува околу тебе...
 
Ова нешто како новогодишна резолуција на трети март :D .
Иначе до идниот јас да не се понашам добро со некоја која не го заслужвит то.
 
Инџој д рајд (y)
Пред да умреш, ако се прашуваш каков живот живееше, да кажеш: Тоа не беше еден, тоа беа пет живота.
И пушти нокти...:sneaky:
И вози почесто точак...
И почни д апишуваш, ју ноу уот ај мин :)
 
драг иден јас,

Што и да ти пишам знам дека тогаш ќе бидеш позрел и попаметен и како и да е ќе ти изгледам наивен :\

btw ако немаш повисоки приходи од 1000 евра месечно шупак си!
 
Не биди веќе наивен како што си досега, не се откажувај од вежбање, и имај повеќе храброст! :)
 
Пробај да останеш човек, не летај високо никогаш, никогаш немој да гледаш од висина, терај си како до сега со сите еднакво, искрено и чесно.
Бори се истата воља и страст како до сега за работите што ти значат.
Здравјето дечко, пази го тоа ти е најбитно, вложувај сега да ти се најде кога ќе ти треба највеќе.
Одмори го мозокот, пробај да го ставиш во лер.
Искорени ја таа мана устата да ти е побрза од паметот бе, не биди толку глуп, ти носи тоа ептен фрки.
Намали малце со тоа да им плескаш на луѓето директно во фаца, не секој го поднесува тоа, биди поумерен.
Емоциите дечко, смали ги не е ок тоа.
Почни да спиеш повеќе не го исцрпувај телото, не ми се прави Ал Пачино во Инсомниа.
Читај повеќе и стручна литература и она што те занима, епа кога си испушташе добри книги кој ти е крив.
Не се откажувај од добриот вкус за музиче, ако тоа зезнеш оди уби се.
За Барса да не збориме до крај на живот.
Наполни си ја батеријата на мобилниот еднаш бе срамота е веќе.
Никогаш не се откажувај од ладно пиво, по никоја цена.
Мораш да одиш на концерт на Брус некогаш, мораш.
Престани со тоа дремење на шанк бе, лактите ќе те болат од потпирање.
Сериозно вети дека поспоро ќе возиш.
Најди ја веќе таа и уживај со неа, остарете заедно...
 
глупачо, со кој ли заврши? се надевам дека не си се разочарала у мажите комплетно и не си станала геј, оти твоите сигурно ќе бидат умрени пред време од твојата одлука. и имај деца колку што можеш повеќе, посвој си ги ако треба, вреде да спасиш еден детски живот повеќе и да го насочиш на вистински пат. патувај повеќе и посвети се на здрав живот, а не да те мрзе од дома да излезиш. и се надевам дека си нашла духовен мир и смисла на твоето постоење...
 
Драга идна јас,

Ако се уште се замараш за глупости, ако се уште си фина со луѓето и кога не го заслужуваат тоа, ако се уште нон-стоп го вртиш другиот образ, ако се уште не знаеш да заржеш кога е потребно, ако се уште си стегната и не знаеш да се опуштиш, ако се уште се забораваш од анализирање и филозофирање и ако го читаш ова, те молам акни си два шамара и три заушки со сета сила.

Со љубов,
Сегашна јас.
 
Драга идна јас,

Ако се уште се замараш за глупости, ако се уште си фина со луѓето и кога не го заслужуваат тоа, ако се уште нон-стоп го вртиш другиот образ, ако се уште не знаеш да заржеш кога е потребно, ако се уште си стегната и не знаеш да се опуштиш, ако се уште се забораваш од анализирање и филозофирање и ако го читаш ова, те молам акни си два шамара и три заушки со сета сила.

Со љубов,
Сегашна јас.Јас од минатото?
Извини шо те цитирам.:oops:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom