Нема врска тоа „во денешно време“. Демек порано како да било нешто поразлично. Секогаш имало некој кој може да те зезне, да изгубиш во некого доверба или да стекнеш. Тоа зависи од човекот, а не од времето. Времето се зема како некое не знам колку страшно, но како такво го гледаш ако ти се сака де. Се` зависи од тоа со какви луѓе си имаш работа и од тоа каков си ти самиот како човек.
Ако некогаш некој изневерил моја доверба, тоа било само затоа што сум дозволила да дојде до тоа и затоа што тој некој ја искористил за себеси. Со тек на време и искуство, кога ќе ти дојде преку глава некој да те изигрува на било кој начин, почнуваш да гледаш со сомнеж и сфаќаш дека така се заштитуваш од нервози и разочарувања.
Довербата си оди по заслуга. А за тоа треба доста време да помине, во зависност од тоа дали личноста е поотворена или позатворена. Ама за тоа треба прво да забележам дали таа личност ми одговара да биде во моја близина, дали можеме да склопиме муабет. Дури тогаш почнува процесот, онака спонтано и неисфорсирано.
Од искуство, не е пожелно да влезеш во било каков однос со друга личност со целосна доверба. Никогаш не можеш да знаеш каков човек е, не му се подарува доверба на секој.
Инаку, целосна доверба имам само во неколку луѓе кои докажале дека нема за што да се секирам.