Доверба?

  • Креатор на темата Креатор на темата Луси
  • Време на започнување Време на започнување
Иако сакам да имам некој на кого можам да му се доверам сепак не постои таква личност во мојот живот. Затоа се за себе си чувам што е важно.
 
Кај мене довербата тешко се добива, а лесно се губи. Целосна доверба имам само во мама:pipi:Имам доверба и во другарките ама сепак на некој начин не потполна, имав во една и на крај се разочарав, затоа сега со претпазливост. Доколку некој ја изневери мојата доверба после е скоро невозможно повторно да ја добие, доколку се случи тоа сепак ќе бидам резервирана на некој начин, сигурно нема се да биде како претходно.
 
Имам целосна доверба во родителите и сестра ми. И искрено, доста ми е таа доверба за сега. Добро и во маж ми имам доверба, ама сепак маж ми е, не ми е крв :)Сепак родителите се тие што им се доверувам кога мие тешко и кои разбираат дека ми е тешко и без да им кажам. А за другарките, да, најмногу во една од нив имам доверба, ама сепак со неа не споделувам секакви работи и крајности. Инаку сум изгубила доверба во некои луѓе, не велам не, ама не ми значеле многу за да се замарам.
 
Имам целосна доверба во ZeroStyle се што знам јас за мене и он знае и се додека не му кажам дали смее да каже ќе ќути,најголема доверба имам во него стекнато и се надевам дека нема да ја изгубам
 
Каква доверба бе во денешно време?! Немам доверба во никој, си го чувам она највредното за самиот себе... Од грешките се учи.
 
Искрено немам доверба во никого нема такви кој ја заслузуваат.
 
Немам доврба скоро во никој..зошто никој не заслужува да му верувам...можеби само една личност ја има мојата доверба...само сакам да е целосна како што беше до пред некое време...само ќе видиме уште има време и за тоа...
 
Доверба имам само во мал круг на луѓе, кои си ги чувствувам како браќа и сестри. Но сепак, ако некогаш некој ја изгуби мојата доверба, тешко дека некогаш ќе ја врати пак...
 
немам доверба апсолутно во никого, ич :toe: и не верувам дека ќе се најде таква особа, на која ќе можам да и кажам СЕ, без да ме јаде јанзата (шо би рекле старите :)) дека тоа некогаш и некаде може да го искористи против мене ...
 
Имам доверба, но само во мал број луѓе. Живееме во време кога не можеш на секој да му веруваш зашто сите гледаа единствено како да те зае*ат, за тие да просперираат или да постигнат некоја нивна цел. Доверба 100%...не знам дали можам да ја имам во некого...освен во мајка ми. За неа знам дека никогаш нема да ме остави на цедилои секогаш ќе биде покрај мене без разлика на се. Доверба имам и во 5-6 др. мн. блиски другари/ки...и толку...
И нормално дека довербата треба да се негува...се што се полева расте, а се што е запоставено, овенува...Исто е и со довербата.
Еднаш, ради една обична глупост ја изгубив довербата кај мајка ми...ми падна премн. тешко...но направив се да ја вратам...иако уште мислам дека не е целосна...но сепак се трудам.
И еднаш изгубив доверба во една моја мн.добра другарка..една од оние 5-6 на кои сега им верувам. Но таа сфати дека згреши, и направи се за да го промени тоа...и да ја поврати мојата доверба...И дадов 2ра шанса и ја оправда... До сега ме нема изневерено, а верувам дека така и ќе остане!
 
Дали имате доверба во некого 100%?

Денешно време не треба на никој да се верува пошо сите се лакоми и си гледаат сами за себе...
 
Доверба во денешно време неможе да се има во целост , сепак јас имам доверба во најблиските и оние кој имаат доверба во мене...
 
Нема врска тоа „во денешно време“. Демек порано како да било нешто поразлично. Секогаш имало некој кој може да те зезне, да изгубиш во некого доверба или да стекнеш. Тоа зависи од човекот, а не од времето. Времето се зема како некое не знам колку страшно, но како такво го гледаш ако ти се сака де. Се` зависи од тоа со какви луѓе си имаш работа и од тоа каков си ти самиот како човек.
Ако некогаш некој изневерил моја доверба, тоа било само затоа што сум дозволила да дојде до тоа и затоа што тој некој ја искористил за себеси. Со тек на време и искуство, кога ќе ти дојде преку глава некој да те изигрува на било кој начин, почнуваш да гледаш со сомнеж и сфаќаш дека така се заштитуваш од нервози и разочарувања.
Довербата си оди по заслуга. А за тоа треба доста време да помине, во зависност од тоа дали личноста е поотворена или позатворена. Ама за тоа треба прво да забележам дали таа личност ми одговара да биде во моја близина, дали можеме да склопиме муабет. Дури тогаш почнува процесот, онака спонтано и неисфорсирано.
Од искуство, не е пожелно да влезеш во било каков однос со друга личност со целосна доверба. Никогаш не можеш да знаеш каков човек е, не му се подарува доверба на секој.
Инаку, целосна доверба имам само во неколку луѓе кои докажале дека нема за што да се секирам.
 
На прстите од едната рака се бројат луѓето во кои имам целосна доверба. Не сум многу опуштена со секој, уствари ич не сум опуштена, ми треба многу време да добијам и стекнам добар пријател...до тогаш муабетот е површински (за мода, време, кулинарски работи и тк :) )
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom