Најдов време по долг период да влезам и да видам што се дешава со Дотава, и да видам што толку се збори како бладсикер, аксе и пајакот биле бафнати и слично.
Искрено незнам што се потресувате толку околу новите промени.
Бачерот со дагер е говно искрено (иако едвај чекам некој да се падне против мене што ќе земе дагер за да го решам во 2 секунди). Дагерот и ганковите со Дагер ако се OP, јас сум Џејсон Стејтам
Сикерот е сеуште убедливо најлош и најбескорисен херој.
Ако ми кажете дека ms-то било имба баф, ќе се изнасмеам.
Јас него прв би го избришал од дотава.
Пробајте CM со добри играчи и ќе забележите дека е бескорисен. Во тимфајт е тотално бескорисен. Тоа значи дека против добро координиран тим, немаш никакви шанси. Ти требаат години за да набилдаш Бладсикер, дури и кога ќе го набилдаш, пак керито од противничкиот тим ќе биде појако.
Ова беше баф кој демек „ќе го одржи“ херојот да остане во играта без да биде отстранет, ама сеуште си остана истото срање. Да беше OP, ќе леташе од CM како прво.
Преработениот "Thirst" е далеку од OP. Ете можеш да бркаш 2-3 херои под 50% од Hp-то, така да 3 хероја ете да бркаш со 750мс (без Yasha, Drum исл) е добро, стварно е многу мс тоа, ама тоа ретко се дешава да затечеш така.
Дури и телепорт скролс постојат....
А сега замислете во тимфајт... па ќе те смачкаат за 5 секунди без проблем, а во тимфајт мс-то е последната работа на светов која е важна.
Едина добра работа е што ако имаш Сикер во тим, тој добива vision покрај ms-то кога некој е на low, па така лесно можеш да процениш дали да дадеш улти со Зевс, или да рокаш ракети и кука со клокверк накај enemy-тo.
Ама колку добро толку и лошо. Ако се улеташ со бладсикер да бркаш и да се полакомиш за убиство, лесно може да ти се задеси bait, пошто сикер добива vision само на моделот на херојот кој е во бегство, а не на мапата.
Не можеш да знаеш кој те чека во тој фог од противничкиот тим....
Така да Сикер сеуште е срање и лесно се праи counter, само ти треба малку мозок и скил. Од неколку пабови против него што пробав, во сите гејмови тимот што имаше бладсикер изгуби. На паблик се губи со херојот а не па на CM и на турнири....
Пак ќе кажам, на херојот му треба тотална преработка на сите скилови за да биде корисен.
Пајакот исто...ништо посебно, иако е далеку покорисен од сикерот, зашто можеш да праиш push ако ништо друго.
Тоа со мрежата е ок...ама улогата на херојот и корисноста е скоро иста како и порано...
Незнам ама јас не приметив од игра некоја којзнае каква голема промена.
Аксе е горе долу ист...малце поише го ориентираат за ганк ради кулдаун на ултито, ама за да бидеш ефикасен повторно ќе ти треба дагер...
Така да можеш да џанглаш до задутре со бафот на спинот, ама џабе кога ќе зимаш помалку експириенс од џангл.
Така да горе долу исто е...
Инаку за Никсот незнам што се буните кога 80% од случаите со Никс се ганк со Вендета, така да не е некој проблем со станот да погодиш. Јас не ни знаев дека Импејл се пушта на херои воопшто со таргет, се додека не ги видов промените

. Јас цел живот пуштам Импејл без да кликам на херој... Подобро е така пошто како прво можеш да закачиш повеќе херои. Како второ, добро е тоа и за фог и слично.
Таргет со Никс е за нубови реално...
Од другите промени на хероите и играта ќе кажам....
Добри бафови и нерфови: Бетрајдер заслужен нерф, Инвокер добар баф, Јурнеро добар баф, Рубик добар баф, Lycan добар баф, Luna добар баф, Рики одличен баф, Скајврат супер, Скелетон Кинг добар риворк и добар баф (мило ми е што го вратија 3тиот скил), Спектре добар баф, Докторот одличен, Shadow Blade супер нерф, куририте добар мс и хп, џангл интересен нерф и занимливи промени кои искрено највеќе ми се допаднаа, браво за бладстон и браво за смоук

.
Посебно ќе издвојам бајбек пеналти. Така да, нема повеќе непромислени акции, нема повеќе бајбек кога сакаш, нема повеќе бајбек и оди фарм. Мило ми е што го отежнаа гејмплејот, а со тоа и целата игра. Сега се бара уште повеќе скил.
Пачов е одличен и ја убива монотонијата која настана во скоро време.
Alive Game! Браво за пачот.