Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Повеќе од јасно беше дека се работи за лиценцирање. Да погодам...20.000 денари?![]()
За таа сума пак секој кафич/ресторан ќе биде пушачки. Да ги видам непушачите да идат после во тие кафичи
Бунете се сеа да ве видам...идете по тениски собиралишта сеа пијте си кафе.
Нема поголема-помала. Знаеш ти дека Македонија е прва земја на Балканот по количина на купени алкохол и цигари? Која е поголемата слика? Еден од 5 души е непушач. Кој е мнозинство? Иако критериумот бројност, ти е крајно глуп , сепак и тој им оди во прилог на пушачите правејќи ги мнозинство.Ти имаш право да се труеш, ама друг да пати на твој рачун не можи. Пуши си дома и во пушална, не изложувај други на опасност и дискомфорт.
Како сакаш врти ти и колку сакај нервирај се, пак не си во право ако ја погледнеме поголемата слика.
Ако ти и газдата на локалот не сакате да пуши кај вас, тој има комплетно рационално право да оди кај некој газда кој ќе дозволува пушење и ќе прави промет, профит, маржа-едно те исто.![]()
Немаш право. Ако газдата на локал на пример не сака или кај мене дома јас не сакам, ти немаш право да пушиш.![]()
Некој пак ќе доработува закони
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=1569&ArticleID=103544
ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА ОД ПУШЕЊЕ ПАК ЌЕ СЕ МЕНУВА
Во кафеаните и понатаму ќе се пуши
Државниот пазарен инспекторат вчера призна дека по грешка казнил половина скопски ресторани за пушење на јавно место поради лошо толкување на Законот. По пишувањата во „Време“ дека од први декември во сила стапија измените на Законот за заштита од пушењето за рекламирање цигари на јавни места, од Пазарната инспекција тврдат дека контролите за почитување на Законот за пушење во ресторани се ставени во мирување, а редовно ќе вршат надзор за рекламирањето цигари. Оттаму најавуваат дека од Министерството за здравство, кое е подготвувач на Законот, ќе бараат итно да подготви измени затоа што сегашната верзија предизвика конфузија кај кафеанџиите, институциите и кај граѓаните. - Тоа е крајно лош закон. Бараме средба со Министерството за здравство за да се најде решение и да излеземе од таа ситуација. Во повеќе одредби од Законот има нејаснотии и недоречености - тврди Виктор Дерманџиев, раководител во Државниот пазарен инспекторат. Дознаваме дека веќе во вторник ќе има состанок на институциите задолжени за почитување на Законот, на кој конечно треба да бидат разрешени дилемите за тоа која одредба од кога има важност. Од Пазарниот инспекторат се уште не знаат што ќе прават со изречените казни. Оттаму напоменуваат дека, сепак, важат одредбите од Законот што се однесуваат на делумно пушење во рестораните во кои треба да постојат одделни места за пушачи и за непушачи. Според Законот, од први јануари 2010 година пушењето целосно ќе биде забрането на сите јавни места. Тоа значи дека пушачите ќе бидат лишени од своето задоволство во ресторани, кафулиња, ноќни барови, пивници, кафеани и кафулиња, како и на улици, плоштади, станбени влезови, лифтови, хотели, автобуски станици, ходници во јавни институции. Со еден збор ќе биде дозволено да се пуши само дома.........................
И ти си грешка, од вчера се вратени сите пепељари во кафичитеИмате грешка во потписот. ИМАВ наместо имам. Е така.:baeh::baeh::baeh:
И ти си грешка, од вчера се вратени сите пепељари во кафичите![]()
Во работни простории е забрането пушење...освен ако не е еколошко.
Нема поголема-помала. Знаеш ти дека Македонија е прва земја на Балканот по количина на купени алкохол и цигари? Која е поголемата слика? Еден од 5 души е непушач. Кој е мнозинство? Иако критериумот бројност, ти е крајно глуп , сепак и тој им оди во прилог на пушачите правејќи ги мнозинство.
Баш ми е мило, што така фино си се разбравме.Тешки се некој работи за тебе, а и плус нервозна ми си нешто така да не заслужваш фидбек. Напишав во претходните неколку поста шо е позитивната страна.
А за непушачите кој ги ебе, ако им се иде на места каде што се пуши, нека идат на свој ризик или нека седат дома пошто никој со сила не ги тера. На крај краева нека почнат да пушат!