Mak Tigar, ако мислиш дека некого можеш да одвикнеш од пушење, ти гарантирам дека си во заблуда. Дали мислиш дека ние пушачите(си давам право во овој аргумент да зборувам од име на сите нив), не знаеме кое е дејствието од цигарите? Не знаеме за крвните садови, белите дробови, дејството на мозокот и едноставно нели, сите делови на човековото тело?:nesum:Меѓутоа, како што ние немаме право да ви го труеме чистото алвеолно ткиво, така ни законот не треба да ни ги ограничува личните права и слободи кои ги поседуваме. Живеј и остај ги другите да живеат-моето мото. Никогаш не пушам во просторија со деца, стари луѓе, некој кој не може да го поднесе тоа и на кого знам дека му пречи. Епа тогаш, дај ми ти еден добар аргумент зошто јас морам да ги трпам фикс идеите со дискриминирачка позадина, на Владата? Зошто не може да има за пушачите посебна просторија? Мислиш дека е тоа затоа што Владата се засекира за мене и моето здравје? Или затоа што брка топлинки за да влеземе во Европска Унија? Овој закон е со чисто политичко дискриминаторска заднина и ќе однесе многу промет и профит во угостителиерските објекти, но не и во тутунопреработувачката индустрија. Никој кој до тогаш пушел, нема да се откаже заради законот. Единствено, само ќе се почувствува политицизмот со кој се влијае над обичниот граѓанин, додека педофилите сеуште добиваат максимална казна од 15 години, крадците си лопужаат и понатаму на велико, шверцот е во расцветување и сите ние тапкаме во место. Сега па, пушачите биле луѓе од втор ред , види види! Што не не однесат во Холокауст еден, па да се спасите сите? Уат д фак из ронг уит ју?