Јас сум пушач. Морам да забележам дека во моето друштво, 90 проценти се пушачи. Ова навидум нема допирни точки со темата, меѓутоа, мое мислење е дека најпрво, пушачите самите, се тие кои се класифицираат во групи каде повеќето пушат. Конкретно за мене, тоа е затоа што ним не морам да им ја објаснувам потребата од цигари, нити да ги слушам предавањата за штетноста на цигарите било за пасивните, било за активните пушачи. Точно е дека пушачите се дискриминирани. Но, сето тоа е претпоставувам затоа што повеќето луѓе кои не пушат, не можат да ја разберат потребата на пушачот од скратување на својот живот и труење на сите органи. Така што, таа е оправдана. Но, не целосно. Не е фер кон непушачите, да го голтаат нашиот дим кој е двојно поштетен од димот при активното пушење. Не се должни децата да се трујат заради тоа што ние сме се заебале во животот.Но, сепак, треба да има посебни места за да и ние имаме каде да се подружиме.На работните места, треба да има и понатаму просторија за пушење. Се додека не им попречуваат на непушачите, туку на самите себе, пушачите треба да се остаат на раат. Треба да се направи, законот за пушачи и непушачи да се спроведе пропорционално. Значи,НАВИСТИНА да има простории кои ќе се одделени со ѕид. Во врска со тутунот, и предлогот за негова елиминација од пазарот, само ќе се насмеам

Најкрупните риби се во бизнисите за човековите пороци. Особено, Македонија, тутунарска земја, со многу луѓе вработени во таквиот процес на создавање цигари, било како добавувачи или произведувачи, нема никогаш да го намали производството. Жално е што толку наши граѓани, живеат, од она што еден ден ќе ги убие.