Докажете дека Бог не постои!

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatan Ibrahimovic
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Who forms light and creates darkness, Who makes peace and creates evil; I am the Lord, Who makes all these.

Koнкретниот стих е протолкуван од рабинот Раши вака:

Who forms light: for the righteous.
and creates darkness: for Babylon, and the same applies to “Who makes peace and creates evil.”

http://www.chabad.org/library/bible_cdo/aid/15976#showrashi=true
16. И му заповеда Господ Бог на човекот и рече: „Од секое дрво во градината можеш да јадеш,
17. освен од дрвото за познавење на доброто и на злото; од него не јади; зашто во оној ден кога ќе вкусиш од него, ќе умреш.”
Битие 2

Се гледа дека злото постоеше од самиот почеток, во Битието, се вели дека во градината постоеше дрво за познавање на доброти и злото.
Злото постоеше, беше создадено, дефинирано само тоа познавање беше скриено од човекот
А во тоа време само Бог создаваше
 
1.Прво не сум астрофизичар за да ти кажам каде е крајот на вселената,
Не те прашав каде е крајот на вселената, а како си го објаснуваш тој ’’крај’’ штом велиш дека има крај. Ако неможеш да си го објасниш,во ред, немора да се оправдуваш.
меѓутоа за просторот што го зафаќа вселената а јас го знам, нигде не е најден господ, иако црквата тврдела дека тој се наоѓа таму!!!
Кој простор од вселената го познаваш?
Со кој метод бил баран Господ низ вселената?
Каде тврдела црквата дека се наоѓа Господ?
2.Безпочетноста или почетноста на времето е глупаво да ја објасниш бидејќи времето не постои!!! Како да објаснам нешто што непостои?
Коку години имаш:sneaky:.
Штом според тебе времето не постои, зошто поставуваш прашања во минато време, и каков одговор очекуваш за минато време кога време не признаваш?
Ај сега одговори ми ти мене на неколку прашања.
Пред господ да реши да ја направи земјата и луѓето и целиот жив свет, што правел тој...Други планети со други живи суштества? Кој го обожувал тогаш? Што правел кутриот сам? Сега дали е сам и дали има некој над него?
Сега ќе ми одговориш на прашањата?
Нема време викаш, прашуваш што правел? Бадиела да ти одговарам само ќе се вртиме во круг и ништо, разјасни си ги амбиваленцииве кои ги пишуваш, па колај после за одговор.
 
16. И му заповеда Господ Бог на човекот и рече: „Од секое дрво во градината можеш да јадеш,
17. освен од дрвото за познавење на доброто и на злото; од него не јади; зашто во оној ден кога ќе вкусиш од него, ќе умреш.”
Битие 2

Се гледа дека злото постоеше од самиот почеток, во Битието, се вели дека во градината постоеше дрво за познавање на доброти и злото.
Злото постоеше, беше создадено, дефинирано само тоа познавање беше скриено од човекот
А во тоа време само Бог создаваше

Од овие стихови може да се види дека злото постоело пред Бог да му ја даде заповедта на Адам да не јаде од дрвото за познавање на доброто и злото. Oткај заклучи дека злото постоело од самиот почеток?
 
Од овие стихови може да се види дека злото постоело пред Бог да му ја даде заповедта на Адам да не јаде од дрвото за познавање на доброто и злото. Oткај заклучи дека злото постоело од самиот почеток?
затоа што растенијата и дрвата Бог ги создал во првите шест дена не знам дали накнадно креирал нови дрва и нови животни, такво нешто не ми е познато, па да пример стотиот ден создаде ново дрво на познавањето
 
Како го замислуваш ти тоа дрво? Како скриеносеменик или голосеменик?
 
од писмото се, ако имаш ти повалиден, поточен цитат на рецепт за сармички од писмото, повели сподели го

Немам, затоа од тебе го барам, нели...
 
Како го замислуваш ти тоа дрво? Како скриеносеменик или голосеменик?
хахаха
еееее сега ќе вртиме наоколу па дали било редовно прскано, па дали имал госпот добра откупна цена за плодовите, па дали бил задоволен од приносот...
Во првите 6 дена бог создал се меѓу нив и дрва. Видел и рекол дека е добро. Ништо не фалело. Значи и дрвото на познавање на добро и зло - било тука, пошто се било добро и совршено. Не фалело.
Тоа дрво имало плодови кои го носеле знаењето за добро и зло на оној кој ќе го каснел. Така да во првите 6 дена кога е создадено и дрвото, веќе постоел поимот и појавата ЗЛО.
А во првите денови само Бог бил Творецот, после се хјавиле и многу други творци кои направиле работи кои бог не ги создал но тогаш беше само Он.
 
И сто пати да се самопреповториш, Писмото пак те побива.

Шестодневот, но и самиот седми ден, од кои е појќе од видливо што Бог навистина сторил, не кажуваат дека Бог го створил злото и пеколот.

Исаија е изваден од контекст и не е во прашање никаков „дополнително„ создавање, туку стихот има свое друго значење.
Ништо не е извадено од контекст, јасно и недвосмислено си стои - "создавам зло". Тоа што ти си измислил твое лично правило дека доколку не било спомнато во " шестодневот" значи дека не е создадено, е твоја лична измислица. Во Исаија стои јасно како ден - создавам и уште појасно - зло! Сакал или не, побиен си, а ти верглај си и понатаму.[DOUBLEPOST=1438248290][/DOUBLEPOST]
Who forms light and creates darkness, Who makes peace and creates evil; I am the Lord, Who makes all these.

Koнкретниот стих е протолкуван од рабинот Раши вака:

Who forms light: for the righteous.
and creates darkness: for Babylon, and the same applies to “Who makes peace and creates evil.”

http://www.chabad.org/library/bible_cdo/aid/15976#showrashi=true
Не дскутираме за кого е создадено, туку дали е создадено! Одредени членови тука негираа дека злото било создадено, овде нема потврда за таквото тврдење, само посочување за кого било наменето. И за пеколот стои дека бил наменет за ѓаволот, но во Матеј 25:41 намената му се проширува и дополнува.
 
Последно уредено:
Ништо не е извадено од контекст, јасно и недвосмислено си стои - "создавам зло". Тоа што ти си измислил твое лично правило дека доколку не било спомнато во " шестодневот" значи дека не е создадено, е твоја лична измислица. Во Исаија стои јасно како ден - создавам и уште појасно - зло! Сакал или не, побиен си, а ти верглај си и понатаму.

Не создаденоста на злото не е моја измислица, туку твое не читање на Шестодневот: прочитај и најди ми стих каде е јасно посочена створеноста на злото.

Мојсеј пишува(л) пред Исаија и тоа за начинот на кој Бог ги створил нештата, а Исаија не пишува за некое ново создавање, оти истото е завршено пред седмиот ден.[DOUBLEPOST=1438249117][/DOUBLEPOST]
А во првите денови само Бог бил Творецот,.

Грешка си, по кој знае кој пат, а сигурно веќе ни самиот не ги броиш своите грешки.

Не беше Бог сам во текот од Шестодневот, оти ангелите веќе постоеја, а Деница веќе беше исфрлен од Небесата.

Обиди се пак...
 
Грешка си, по кој знае кој пат, а сигурно веќе ни самиот не ги броиш своите грешки.

Не беше Бог сам во текот од Шестодневот, оти ангелите веќе постоеја, а Деница веќе беше исфрлен од Небесата.
Ќе му кажам во Синодот какви невистини пишуваш овде и ќе ти заповедат 40 дена пост и со пепел да се потураш се додека не окајаш гревовите

13. ти беше во Едем, во Божјата градина; твоите облеки беа украсени со секакви скапоцени камења: рубин, топаз, дијамант, хризолит, оникс, јаспис, сапфир, карбункул, смарагд и злато, сите вешто исткаени и нанижани на тебе, приготвени во денот кога беше создаден.
14. Ти беше помазан херувим за да осенува, и Јас те поставив за тоа; ти беше светата Божја гора, одеше среде огнени камења.
15. Ти беше совршен во патиштата свои, од денот кога беше создаден, сè додека не се најде во тебе беззаконие.
16. Од твојата проширена трговија утробата твоја се исполни со неправда и ти згреши; и Јас те соборив како нечист од Божјата гора, те истерав тебе, херувиме, што осенуваше, среде огнени камења.
Не беше исфрлен на почетокот кога госпт создаваше дрва меѓу кои и дрвото на доброто и злото туку подоцна од кога злото веќе беше создадено
 
Ќе му кажам во Синодот какви невистини пишуваш овде и ќе ти заповедат 40 дена пост и со пепел да се потураш се додека не окајаш гревовите

Хм да, ова со пепелот е посебно интересно...
И што да пра‘ам со пепелот?[DOUBLEPOST=1438250369][DOUBLEPOST=1438250469][/DOUBLEPOST]
Не беше исфрлен на почетокот кога госпт создаваше дрва меѓу кои и дрвото на доброто и злото туку подоцна од кога злото веќе беше создадено

А како може дно дрво да биде дрва на злото а друго да биде дрво на доброто?
И дај конечно посочни го стихот кој говори за створеноста од злото.[DOUBLEPOST=1438250555][/DOUBLEPOST]
Не беше исфрлен на почетокот кога госпт создаваше дрва меѓу кои и дрвото на доброто и злото туку подоцна од кога злото веќе беше создадено

А како може едно дрво да биде дрво на злото или дрво на доброто? Од кај знае дрвто што е добро за што зло?
И дај конечно, посочи го стихот кој вели дека злото е створено.
 
Последно уредено:
Не создаденоста на злото не е моја измислица, туку твое не читање на Шестодневот: прочитај и најди ми стих каде е јасно посочена створеноста на злото.

Мојсеј пишува(л) пред Исаија и тоа за начинот на кој Бог ги створил нештата, а Исаија не пишува за некое ново создавање, оти истото е завршено пред седмиот ден.
Како што веќе реков, тоа е твоја лична измислица, никаде непостои правило дека нештата морале да бидат споменати во првите шест дена за да бидат создадени. Стихот на Исаија е јасен и според библијата е стих кој се однесува на изјавата лично на Бог, изјава со која им става на дознаење на луѓето дека тој ги создал и мирот и злото и светлината и темнината! Дека нема друг што создава, дека се што постои тој го создал.
 
Како што веќе реков, тоа е твоја лична измислица, никаде непостои правило дека нештата морале да бидат споменати во првите шест дена за да бидат создадени.

А кој треба да го измисли правилото дека нештата треба да се споменат, кога створените нешта ВЕЌЕ СЕ наведени во Постанокот, односно Шестодневот?

Зашто Постанокот/Битието е именувано токму така и го опфаќа вкупното создавање, а не е именувано поинаку?

Зашто Постанокот е прва/една од првите Книги од Писмото, а Исаија доаѓа многу подоцна? Дали Исаија му претходи на Мојсеја?[DOUBLEPOST=1438251971][/DOUBLEPOST]
Стихот на Исаија е јасен и според библијата е стих кој се однесува на изјавата лично на Бог, изјава со која им става на дознаење на луѓето дека тој ги создал и мирот и злото и светлината и темнината! Дека нема друг што создава, дека се што постои тој го создал.

Стихот од Исаија не опфаќа ново создавање, или создавање поинакво од веќе наведеното во Постанокот. Членот @121314 веќе постави и точни толкувања на стихот и тие стихови не се однесуваат на никакво ново создавање, туку го објаснуваат начинот на кој Бог, од својата позиција на Господар, промислува и делува во однос на вкупната творба.
 
А кој треба да го измисли правилото дека нештата треба да се споменат, кога створените нешта ВЕЌЕ СЕ наведени во Постанокот, односно Шестодневот?

Зашто Постанокот/Битието е именувано токму така и го опфаќа вкупното создавање, а не е именувано поинаку?

Зашто Постанокот е прва/една од првите Книги од Писмото, а Исаија доаѓа многу подоцна? Дали Исаија му претходи на Мојсеја?
И во постанокот се споменува злото, Лет го посочи тој момент. Ако злото не било создадено, како може да постои дрво за спознавање на добро и зло? Постои друг креатор покрај постоечкиот?
Значи имаш директна изјава - Јас го создавам мирот и го создавам злото, и имаш стихови во постанокот или битие, каде злото се споменува. Единствено што нема е правилото дека за нешто да било создадено, морало да се спомене во првите шест дена. Тоа е твоја лична измислица, никаде непостои такво правило.
 
И во постанокот се споменува злото, Лет го посочи тој момент.
@Let3 може да каже што сака и редовно испаѓа во криво.
Ти не си ништо поарен во тоа грешење, иако веќе ти е објаснето „како е„.[DOUBLEPOST=1438252453][/DOUBLEPOST]
Ако злото не било создадено, како може да постои дрво за спознавање на добро и зло? .

Постои дрво и дрво: доброто и злото не се врзани за дрвјата, туку за изборот, кој Бог му го предложува на Адама.[DOUBLEPOST=1438252485][/DOUBLEPOST]
Постои друг креатор покрај постоечкиот?

Не.[DOUBLEPOST=1438252522][/DOUBLEPOST]
Значи имаш директна изјава - Јас го создавам мирот и го создавам злото, .

...а кој веќе е објаснет.[DOUBLEPOST=1438252557][/DOUBLEPOST]
и имаш стихови во постанокот или битие, каде злото се споменува.
...ама не се споменува и кој го створил злото.[DOUBLEPOST=1438252651][/DOUBLEPOST]
Единствено што нема е правилото дека за нешто да било создадено, морало да се спомене во првите шест дена.

Секако дека има правило: првата книга затоа и е именувата како Постанок/Битие, а Шестодневот детаљно опишува што се‘ е створено во 6-те денови, а не во осмиот и не во времето од Исаија.[DOUBLEPOST=1438252710][/DOUBLEPOST]
Тоа е твоја лична измислица, никаде непостои такво правило.

Не е моја измислица, туку точно црковно толкување на Писмото.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom