Докажете дека Бог не постои!

Статус
Затворена за нови мислења.

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.892
Поени од реакции
6.166
Линкот што си го посочил содржи личности од западна Европа,каде што црквата немала никаков допир. јас те прашав за-

Нешто си ги измешал лончињата. Нај веројатно со западно-римската.
Има такви појави и во Источната православна црква- Русија. Не си скролнал до крај. Ако мислеше само на Македонската, Охридска Архиепископија, нема.
Но, зар нели и нашата е дел од православниот контингент на цркви во која спаѓа и руската?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Точно така. Постоеја но луѓето не знаеа за нив.
Да, а Вселената постои од твојот влез во пубертетот, така?...:sneaky:[DOUBLEPOST=1437671304][/DOUBLEPOST]
Истите не се напишани во Библијата и во ниедна света книга,.
Очигледно е дека си т‘нок со Писмото.
Прочитај во Постанокот.[DOUBLEPOST=1437671390][/DOUBLEPOST]
Јас реков дека на човековиот род му е потребна вера и религија, но од етички и морален аспект поради тоа отуѓување кое го нарекуваш ти (патем тоа не го прави науката) и моралните принципи кои треба да му се вдахнат на човекот како единка за да ги следи тие правила и да не ги прекршува, чисто, за да не се уништи самиот себе си.
Нема (!) поголема етика од Божјите Заповеди и Христовите блаженства.
Ако има, посочи ја, која е, да видиме што велиТ.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.892
Поени од реакции
6.166
Да, а Вселената постои од твојот влез во пубертетот, така?...:sneaky:[DOUBLEPOST=1437671304][/DOUBLEPOST]

Очигледно е дека си т‘нок со Писмото.
Прочитај во Постанокот.
Го имам прочитано и стариот и новиот завет, се разбира дека не можам да се такмичам со тебе во тоа кој повеќе го знае, тоа е јасно.
Јас одговори во Библијата за постанокот на универзумот не најдов, барем не кој можат да ја задоволат мојата љубопитност и да ми одговорат на моите прашања, истото не успеав да го пронајдам ни во науката. Но за разлика од Религијата, науката е егзактна наука и секој ден се менува, надоградува и нејзините теории се поткрепуваат со факти.

Бидејќи одговорите на прашањата, не можат потполно да ги дадат ни Атеистите, ни верниците, ни едните, ни другите не можат да докажат дали Бог постои или не.
Секој како единка треба да одлучи во што да верува и која страна да ја подржува.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
Има такви појави и во Источната православна црква- Русија. Не си скролнал до крај. Ако мислеше само на Македонската, Охридска Архиепископија, нема.
Но, зар нели и нашата е дел од православниот контингент на цркви во која спаѓа и руската?
Не сум мислел само на МПЦ-ОА а на православната цркава.
Тоа што го ставиле во листата е типично подметнување.
Quirinus Kuhlmann
В том же году от живописца Отто Генина, чеј родственник состојал на службе русского государја, Кульман узнал, что в России есть приверженцы идеј јакоба Бёме. Составив послание, полное апокалиптических пророчеств и излагајуштее суть его ученија, он попыталсја доставить его к московскому двору через Генина, а после неудачи сам отправилсја в путь. 27 апрелја 1689 года Кульман добралсја до Москвы, где был с восторгом встречен в Немецкој слободе, где дејствительно жили последователи Бёме и других мистиков, и нашёл себе покровителја — богатого купца Конрада Нордермана. Опасајась влијанија Кульмана, Иоахим Мејнеке, главныј пастор московској немецкој обштины, подал жалобу патриарху Иоакиму, обвинјаја Кульмана в ереси и неуважении к царској власти. Переводчики Посольского приказајуриј Гивнер и Иван Тјажкогорскиј, ознакомившись с из'јатыми у Кульмана бумагами, составили т. н. «Мнение переводчиков», приложенное затем к розыскному делу. Кульман и Нордерман подверглись пыткам и, не желаја отказатьсја от своего ученија, по указу цареј-соправителеј Петра I и Ивана V были сожжены в срубе на Красној плоштади вместе с письменными трудами Кульмана
Жалба поддал пасторот на германската обштност во Москава, а указот царот-соупрравител. Што има тука Првославната црква?

Avvakum Petrovich
...АВВАКУ́М. и ближајшие его единомышленники были по указу царја Федора Алексеевича сожжены в срубе.
По указание на царот.
http://feb-web.ru/feb/kle/kle-abc/ke1/ke1-0524.htm

Basil the Physician
След "п'лното изгарјане" на "учителја и терапевта", по пор'чение на Алексиј I Комнин
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Јас одговори во Библијата за постанокот на универзумот не најдов,
Прочитај го де само Постанокот: во него е се‘ едноставно запишано.

А ако очекуваш поинаков одговор за начинот на кој Бог го створи(л) Светов и се‘ во него, тогаш барај одговор на друго, посоодветно место.

Мене лично, ни на крај памет не ми паѓа да прифатам псевдо-научни толкувања за тоа како настанало „ова„ или „она„, оти тоа се само обични „набадања„, кои немаат ниту очевидец, ниту доказна постапка.[DOUBLEPOST=1437687852][/DOUBLEPOST]
барем не кој можат да ја задоволат мојата љубопитност и да ми одговорат на моите прашања, истото не успеав да го пронајдам ни во науката.
Тогаш, не ќе да е до Писмото или до науката...:icon_lol:[DOUBLEPOST=1437687941][/DOUBLEPOST]
Но за разлика од Религијата, науката е егзактна наука и секој ден се менува, надоградува и нејзините теории се поткрепуваат со факти.
Религијата е откриено учење и верните во него не се сомневаат, а во науките, сомнежи постојат и од самите научници-истражувачи, па ти сам види кој има предност.[DOUBLEPOST=1437688016][/DOUBLEPOST]
Секој како единка треба да одлучи во што да верува и која страна да ја подржува.
И атеистите и верниците тоа веќе го чинат: првите по својот ум, злоупотребувајќи ја вер(б)ата, а вторите по својата вродена потреба од верување.
 
Член од
11 март 2015
Мислења
1.117
Поени од реакции
982
.

Замисли сега колку ирационално би било слепиот да неверува дека постојат бои.

:несвест:
Епа пријателе според твојот исказ 7 милијарди луѓе на земјава се слепци...Јас незнам ниту еден кој го има видено господ....Колку е ирационално да веруваш дека господ постои???
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
Епа пријателе според твојот исказ 7 милијарди луѓе на земјава се слепци..
Колку се незнам но тоа беше коммпарација, тврдењето е
Неможноста за спознание не го исклучува постоењето.
Јас незнам ниту еден кој го има видено господ...
И да ти кажат нема да веруваш, или :unsure:.
Колку е ирационално да веруваш дека господ постои???
Исто колку што слепиот да неверува дека има бои.
 
Член од
11 март 2015
Мислења
1.117
Поени од реакции
982
Колку се незнам но тоа беше коммпарација, тврдењето е


И да ти кажат нема да веруваш, или :unsure:.

Исто колку што слепиот да неверува дека има бои.
Значи се враќаме пак на мојата констатација дека сите живи луѓе на земјава се слепци бидејќи никој го нема видено господ, а сепак 99% од луѓето можат да гледаат!
Истите тие 99% ги имаат видено боите (освен далтонистите и слепите), така да глупаво е да го дадеш тој аргумент во своја одбрана...но добро.

Ај сега одговори ми ти мене на неколку прашања.
Пред господ да реши да ја направи земјата и луѓето и целиот жив свет, што правел тој...Други планети со други живи суштества? Кој го обожувал тогаш? Што правел кутриот сам? Сега дали е сам и дали има некој над него?
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
Ај сега одговори ми ти мене на неколку прашања.
Пред господ да реши да ја направи земјата и луѓето и целиот жив свет, што правел тој...Други планети со други живи суштества? Кој го обожувал тогаш? Што правел кутриот сам? Сега дали е сам и дали има некој над него?
Знам дека не е во ред да се одговара на прашање со прашање, но сепак за да разбереш како ти изгледа прашањево. Одговори ми како ја разбираш безконечноста/конечноста на вселената. Како ја разбираш безпочетноста/почетноста на времето.
 
Член од
11 март 2015
Мислења
1.117
Поени од реакции
982
Знам дека не е во ред да се одговара на прашање со прашање, но сепак за да разбереш како ти изгледа прашањево. Одговори ми како ја разбираш безконечноста/конечноста на вселената. Како ја разбираш безпочетноста/почетноста на времето.
Прво дефинитино не ја разбирам и објаснувам бесконечноста со постоењето на господ. Ако е така тогаш кој го створил господ или ако не го створил никој од каде потекнува тој?
Бесконечноста е фиктивна работа, па така и вселената сигурно има некој крај за кој луѓето незнаат (исто како што пред 500-600 години незнаеле за тоа што го има во вселената). Човекот знае за времето само од кога почнал да го брои. Така да и оваа теза ти пропаѓа, бидејќи доколку ја споиш со постоењето на бог значи дека и тој е бесконечно присутен исто како времето,што го прави фиктивен....
Сега ќе ми одговориш на прашањата? И еве поврзи го постоењето на господ со бесконечноста на вселената и времето!
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Велат дека госпот е семожен, но постојат работи кои госпот не може да ги направи, ете пример госпот не може да лаже.
Или може?
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
Бесконечноста е фиктивна работа, па така и вселената сигурно има некој крај за кој луѓето незнаат (исто како што пред 500-600 години незнаеле за тоа што го има во вселената).
Во ред велиш има крај, токму тоа те прашав како си го објаснуваш (во овој случај)крајот, каква е тој ’’крај’’ и што има зад ’’крајот’’?
луѓето незнаат (исто како што пред 500-600 години незнаеле за тоа што го има во вселената).
Знам дека незнаат, ти не се криј зад масите.( и сега незнаат што се има во вселената).
Човекот знае за времето само од кога почнал да го брои.
Не е битно од кога (не)знае, тоа не е прашањето а како ти си јаобјаснуваш безпочетноста/почетноста на времето?
Така да и оваа теза ти пропаѓа, бидејќи доколку ја споиш со постоењето на бог значи дека и тој е бесконечно присутен исто како времето,што го прави фиктивен....
Теза, јас не сум поставил никаква теза,а просто те прашав.
Сега ќе ми одговориш на прашањата?
Кога ти ќе одговориш конкретно.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Велат дека госпот е семожен, но постојат работи кои госпот не може да ги направи, ете пример госпот не може да лаже.
Или може?
Или може, или не може.

Највероватно.

Но, како што би рекол еден денешен теолог, во неговиот осврт ком „премудрото„ прашање за Божјата (не)способност да створи камен со кој Он ќе може да се поклопи сам Себе, теологот вели: не доликува на Божјата природа да чини одредени нешта.

Така, ако сам Бог заповеда забрана за лажење, Он тоа го чини затоа што лажењето не е својствено за сам Бог.

Наспроти Бога, постои уште едно битие, кое се нарекува „татко на лагата„, и тоа битие не стои во вистината, а лагата е неговото основно оружје, кое е вградено во безмалку секоја овсоветовна човечка „мудрост„.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Или може, или не може.

Највероватно.

Така, ако сам Бог заповеда забрана за лажење, Он тоа го чини затоа што лажењето не е својствено за сам Бог.
To ми беше поентата, дека постои нешто, створено е (лагата) но бог не може, нема капацитет да ја каже. Постои нешто (не некој имагинарен камен) реално што бог не е способен да го направи
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
To ми беше поентата, дека постои нешто, створено е (лагата) но бог не може, нема капацитет да ја каже. Постои нешто (не некој имагинарен камен) реално што бог не е способен да го направи
Let3,

постави прашање-доби одговор.
Молам!

Што се тиче твојов монолог, по кој знае кој пат, пак си во криво: постојат нешта кои НЕ СЕ СТВОРЕНИ.
Еве неколку од нив: Бог не Е створен, Божјата енергија не е створена, Божјата природа не е створена, пеколот не е створен, злото не е створено а последично и лагата како дел од општото зло и тн...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom