Докажете дека Бог не постои!

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatan Ibrahimovic
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Како бе во 21ви век уште верувате во господ?
Шо има посебно оти е 21 век?? демек понапредно од ова нема да има?? ами во 30 век шо ќе речат за нас, ќе читаат истории и ќе се чудат како сме живееле без она што тие го имаат и знат
 
@MIKI1 според последново и луѓето имаат можност да летаат, ама се додека не ја ефектуираат ќе сметаме дека истата не постои како таква?

Sent from my D2005 using Tapatalk

Зборувам за злото како можност, а не за летањето како неможност: човекот не е створен со способност за летање, туку со сосема друга цел.[DOUBLEPOST=1438292724][/DOUBLEPOST]
Значи и Бог може (но не мора) да стане зол некогаш

Веќе ти одговорив: на Божјата природа, не и‘ доликува да чини одредени нешта па така е и со злото, а така е и со Божјата „неспособност„ да створи камен поголем од Него.[DOUBLEPOST=1438292832][/DOUBLEPOST]
Е ете го. Од фактите неможеш да избегаш, ќе се соочуваш пак и пак и пак со нив.

Твоите мненија се само производ од твојот ум а не некакви „факти„.
И прокрај тоа што многу нешта ти се објаснети и преобјаснети, си тераш по свое: твој избор и конечно, твој проблем.
 
Зборувам за злото како можност, а не за летањето како неможност: човекот не е створен со способност за летање, туку со сосема друга цел.

Е од каде ова дека човекот не е створен со способност за летање? Првите птици исто не личеле дека ќе летаат некој ден, па ете ги сега на небо. Друго те прашувам. Ако нешто постои како можност, но досега од било која причина не е видливо или реализирано, дали додека се случи истото можеме слободно да кажеме дека не постои?
 
Твоите мненија се само производ од твојот ум а не некакви „факти„.
И прокрај тоа што многу нешта ти се објаснети и преобјаснети, си тераш по свое: твој избор и конечно, твој проблем.
Инаетење и тврдоглавост не се ниту ќе бидат објаснување. Сакал ти или не, фактите се против тебе, а ти слободно продолжи си со главата у ѕид, твој проблем.
 
Веќе ти одговорив: на Божјата природа, не и‘ доликува да чини одредени нешта па така е и со злото, а така е и со Божјата „неспособност„ да створи камен поголем од Него..
А бе не е доликува или не, и на министер не му доликува да тепа луѓе па тепа шо да прајме, а министер е некогаш и помоќен од госпот барем овде на земјата.
Видовме дека госпот е креатор и создател на злото, пошто злото постоеше додека луцифер се уште беше во едемската градина то ест пред да падне и биде исфрлен од близината на Бог, така да со самото тоа што госпот го креирал злото - тој сторил зло.
 
Видовме дека госпот е креатор и создател на злото,

Кај виде? Дај кажи ми, и мене живо ме занима...[DOUBLEPOST=1438294636][/DOUBLEPOST]
Друго те прашувам. Ако нешто постои како можност, но досега од било која причина не е видливо или реализирано, дали додека се случи истото можеме слободно да кажеме дека не постои?

Која е таа „можност„? Наведи ја.

Или самиот да претпоставам на што мислиш?[DOUBLEPOST=1438294720][/DOUBLEPOST]
Сакал ти или не, фактите се против тебе,.

Зборуваме за „вера„, не за „факти„.
Не наведе ниту еден факт, ама наведуваш свои мненија, кои немаат врска со мојата вероисповест.
 
Кај виде? Дај кажи ми, и мене живо ме занима...
Госпот во шесте дена создаде се меѓу кои и секое дрво и растение и беше задоволен од создаденото
Во едемската градина растеше дрвото чии плодови даваа познавање на доброто и злото
Луцифер беше во едемската градина пред да падне, пред да биде отфрлен од Бог, шеташе таму целиот во злато и скапоцености и беше ко шо вика госпот - совршен

Заклучок, злото настана во шесте дена кога госпот создавал се и нема врска со падот на ангелот пошто тоа се случи подоцна
 
@MIKI1 за да не вртам одоколу, а и сам гледаш дека ќе си кажеш...јас ќе го кажам тоа. Неможноста нешто да се докаже, покаже, или на друг начин утврди дека постои, не значи дека истото не постои. Истовремено, не значи и дека постои. За таквото нешто, во случајов Господ, разумно е да се смета дека го нема, сѐ додека не се докаже спротивното. Прво, поради горенаведеното, второ поради ставот на верниците дека е Совршен, Создател, Милост, Љубов...а се преќутуваат Негови изјави кои одат директно контра верувањето. Само ќе го спомнам каењето што го создал човекот и "изјавата" дека ќе уништи сѐ што создал: птици, животни, растенија и целиот човечки род.

Sent from my D2005 using Tapatalk
 
Зборуваме за „вера„, не за „факти„.
Не наведе ниту еден факт, ама наведуваш свои мненија, кои немаат врска со мојата вероисповест.
Кога твојата вера ја претставуваш како единствена и апсолутна вистина, негирајќи научни факти за сметка на истата, тогаш неможеш да се вадиш на тоа дека станувало збор за вера а не за факти. Кога твојата вероисповест ја користиш за да шириш клевети и лаги за одредена група луѓе, тогаш биди спремен да си добиеш по нос тоа што си заслужуваш.
А тоа дека не сум изнел никаде факти, не е ништо друго освен уште едно очајно тешење. Еве ти еден, што те сече на самиот старт:
Ако некому го ускратиш сознанието да спознава добро и зло, садистички и подло е потоа да го казнуваш бидејќи згрешил, бидејќи за да знаеш дали нешто е грешно или не, потребно ти е сознание за добро и зло. Ако тоа сознание не било ускратено, апсурдно е да го забраниш некому да го спознае. Ако ти веќе знаеш да читаш и пишуваш, бесмислено е да ти забранам да дознаеш како се чита и пишува.
 
@MIKI1 за да не вртам одоколу, а и сам гледаш дека ќе си кажеш...

Нема да кажам: чекам ти да си кажеш, без да нагаѓам.[DOUBLEPOST=1438295613][/DOUBLEPOST]
@MIKI1 Неможноста нешто да се докаже, покаже, или на друг начин утврди дека постои, не значи дека истото не постои. Истовремено, не значи и дека постои.

Ова се нарекува „мудрување по својот (отпаднат) ум“, со кој сакаш нешто да (си) докажеш на самиот себе.[DOUBLEPOST=1438295697][/DOUBLEPOST]
@MIKI1 За таквото нешто, во случајов Господ, разумно е да се смета дека го нема, сѐ додека не се докаже спротивното.

Како треба да „изгледа„ доказот за Божјото постоење?

Овде муабетиме за верување, не за докажување и/или побивање.
Мисловно и шпекулантски, можеш се‘ да побиеш и да докажеш.[DOUBLEPOST=1438295769][/DOUBLEPOST]
@MIKI1 Прво, поради горенаведеното, второ поради ставот на верниците дека е Совршен, Создател, Милост, Љубов...а се преќутуваат Негови изјави кои одат директно контра верувањето. Само ќе го спомнам каењето што го создал човекот и "изјавата" дека ќе уништи сѐ што создал: птици, животни, растенија и целиот човечки род.

Бог не згреши па да има прична да се покае: Бог не реагира човечки.[DOUBLEPOST=1438295814][/DOUBLEPOST]
Госпот во шесте дена создаде се меѓу кои и секое дрво и растение и беше задоволен од создаденото

Точно.[DOUBLEPOST=1438295846][/DOUBLEPOST]
Во едемската градина растеше дрвото чии плодови даваа познавање на доброто и злото

Погрешно.[DOUBLEPOST=1438295880][/DOUBLEPOST]
Луцифер беше во едемската градина пред да падне, пред да биде отфрлен од Бог,

Погрешно.[DOUBLEPOST=1438295915][/DOUBLEPOST]
шеташе таму целиот во злато и скапоцености и беше ко шо вика госпот - совршен

Погрешно.[DOUBLEPOST=1438295971][/DOUBLEPOST]

„Од погрешни претпоставки, се вадат погрешни заклучоци„, велит мојот омилен професор.[DOUBLEPOST=1438296045][/DOUBLEPOST]
Кога твојата вера ја претставуваш како единствена и апсолутна вистина, негирајќи научни факти за сметка на истата, тогаш неможеш да се вадиш на тоа дека станувало збор за вера а не за факти.

Верата и науката не се толку исклучливи, како што самиот сакаш да ги прикажеш, односно, сакаш мене да ми ги припишеш.[DOUBLEPOST=1438296088][/DOUBLEPOST]
. Кога твојата вероисповест ја користиш за да шириш клевети и лаги за одредена група луѓе, тогаш биди спремен да си добиеш по нос тоа што си заслужуваш.
:

Јааааа...[DOUBLEPOST=1438296126][/DOUBLEPOST]
А тоа дека не сум изнел никаде факти, не е ништо друго освен уште едно очајно тешење. Еве ти еден, што те сече на самиот старт:

Личните мненија не се никаква вистина.
 
Последно уредено:
Верата и науката не се толку исклучливи, како што самиот сакаш да ги прикажеш, односно, сакаш мене да ги припишеш.
Ти најдобро да си седнеш пред огледало и да си се договориш сам со себе, бидејќи еднаш тврдиш дека верата нема ништо со науката, потоа тврдиш дека не се исклучувале толку леано....па уште како што јас сум сакал да прикажам...
Една од бројните ретардирани реакции за кој најверојатно мислиш дека се духовити или саркастични.
Личните мненија не се никаква вистина.
Личните мненија можат да бидат и вистинити и лажни, зависно од ситуацијата и контекстот. Но мненијата што не се засноваат на ништо друго освен на фанатична слепа верба во одредена догма, при што се отфрла секоја логична и разумна аргументација доколку истата е во конфликт со догмата, тогаш најчесто таквите мненија се лага.
 
Ти најдобро да си седнеш пред огледало и да си се договориш сам со себе, бидејќи еднаш тврдиш дека верата нема ништо со науката, потоа тврдиш дека не се исклучувале толку леано....па уште како што кас сум сакал да прикажам...

Нема потреба од огледала, оти црковниот став кон науките го имам напишано на форумов мал миљон пати, ама ти си не си го прочитал, оти твојот став, нели, е оној вистинскиот.[DOUBLEPOST=1438297149][/DOUBLEPOST]
Една од бројните ретардирани реакции за кој најверојатно мислиш дека се духовити или саркастични.
.

Подобро и ретардирани, отколку сатански.[DOUBLEPOST=1438297238][/DOUBLEPOST]
Личните мненија можат да бидат и вистинити и лажни, зависно од ситуацијата и контекстот. Но мненијата што не се засноваат на ништо друго освен на фанатична слепа верба во одредена догма, при што се отфрла секоја логична и разумна аргументација доколку истата е во конфликт со догмата, тогаш најчесто таквите мненија се лага.

Верата и логиката немаат нешто многу заедничко, оти ако Божјото постоење се докажуваше логички, денес сите ќе веруваа во Бога, а Бог немаше потреба да ни се објави.

Така, сите ќе имавме многу деца, ќе живеевме долго и среќно...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom