Добрите страни на комунизмот!

  • Креатор на темата Креатор на темата Pravnice
  • Време на започнување Време на започнување
виктор, сендвичари, 101 и југо, продавници за кошули, мини маркети и сл. се глупости кои не треба да се спомнуваат. и сега има исти такви, ако не и боље. дури и југото има нова шалт табла -)))
е сеа, вредностите-море,добар фудбал,соживот(претпоставувам),статус- тоа е ок, да се спомнат и да тажиш за нив. не за сендвичара. што не ти бев јасен?м?
ипак, бесцелно.

Па добро бе што ти пречи па тебе ако мене ми фали сендвичарата ??? ТАа ми е еден од симболите на детството и баш затоа ми фали, а по некоја случајност тогаш уште бевме СФРЈ така да се си е на место.
 
Патувањето од Вардар до Триглав,одењето на "нашето" море,патување без виза во цел свет,холандските и германски туристи во Охрид...
Имаше и некои негативни работи од таа Југославиа,ама да не почвам сега.
п.с.ги знае некој како беа оние 7-те чуда на комунизмот???
 
Тоа не беше комунизам него социјализам , впрочем во 60 ,70 тите години конкретно шведската држава испраќа тимови да го изучат социјалниот систем во Југославија , кој успешно е спроведен и ден денес функционира успешно овде .Бесплатно здравство , детски додатоци , добра контрола на криминалот , безбедност, бесплатно школување од кои излегоа образувани истите овие политичари кои денес плукаат по ЈУ.За македонците , грците ни лижеа газ и масовно доагаа во Скопје да купат адидас патики, во грчките учебници се учеше дека Македонија е република во состав на Југославија , и на крај курсот на драхма динар околу 80 тите е во однос 2 драхми за еден динар.Со сто марки во бугарија можеше да живееш една недела како крал , за бугарија бевме швајцарци а за изјави од типот на денешните бугарски политичари не можеше ни да се сонува.Шипците не смеева да писнат а камо ли да помислат да пукаат на полицајци.Забавата на младите беше сосем поинаква , можеби е глупаво да кажам подобра затоа што секоја генерација си има посебност во тоа , сепак можам да тврдам со сигурност дека другарството беше 100 пати поискрено и без основа на материјализам.Многу млади годишните одмори ги поминуваа на море , а често се идеше и на шопинг во Италија .Тоа е дел од вистината на македонците во екс ЈУ.Секако постои и друга темна страна .Член од мојата фамилија беше политички затвореник поради идеите на ВМРО , поточно мојот дедо во иста келија со починатиот ни владика големиот г.г Михаил , така да би замолил да се избегнат коментарите од типот на србоман или сл.глупости, а уште помалку да се пистоветува со гнојавиот Љ.Г. Уште една работа , би сакал да кажам дека апсурдно е да се каже дека сега има подобар живот во МК. Околу 64% од словенците кој учествувале во една анкета се изјасниле дека имало подобар живот во ЈУ.Да не се прават забуни , не се работи за процент на сите словенци , него на дел анкетирани.Точна е констатацијата на Струмикс околу партизаните , само разликата е што ништо скоро не е сменето во тој контекст , со мали исклучоци , децата и внуците на тие исти партизани сега се дупло побогати од другите и уште поиронично најголемите критичари на комунизмот.Генерално би сакал да кажам дека работите не се сведуваат на црно и бело секое време си носи свои убавини и маки , а и многу важно е кој како го доживува истото.
 
Абе нејкам да го критикувам Социјализнот.. а и неможам,како прво не сум живеел во тоа време. Но моето мислење е дека социјализмот не донесе таму каде што сега сме.. Во тоа време државата пропагаше,може на лугето им било подобро.. ама сега ние ги сносиме последиците. Другите држави во комунизам со биле сега колку повеке се развиени од нас. А ние неможеме да се оправиме на прав пат
 
изи виктор,правниче. сте ми го скокнале едитот. пекајте по што сакате.
едит-ма нека тажи кој по што сака -)) најубо е така.
јас немам по што. нит се сеќавам нешо баш. така да, од кај мене гледано, само постар од 80та може да соли нешто овде. па и више ваљда.
а за комунизмот, како начин на уредување, тоа е друго(може секој), ама муабетот беше сфрј, така? "нашиот" комунизам.
 
Најдобриот производ на комунизмот е љубовта.
 
JAs ne mozam da kazam kako se ziveese togas bidejki sum roden 1989, ama od toa so znam izgledalo vaka: Golema drzava t.e. 10 pati pogolema od denesnata si nasa Makedonija, cetvrta voena sila vo Evropa, Poznat crven pasos so koj mozes da sibas nasekade( inace najkraden pasos), za grcite i bugarite bevme Svajcarija, niska stapka na kriminal, slaba zastapenost na narkotici, niska stapka na nevrabotenost, besplatno zadravstvo, besplatno obrazaovanie, sigurno ima uste ama ne mi teknuva. Vo tie 45 godini se izgradi makedonija, site patista, fabriki, bolnici, ucilista itn kazete mi so e denes izgradeno za ovie 17 godini . Jas ke vi kazam nisto.

Denes imame golema stapka na nevrabotenost, pasosot dzabe go imam koga nemozam da mrdnam od ovde, zdravstvoto uzas, obrazovanieto izgor skapo, patistata uzas kolite partal gi napjravme, denes Grcija i Bugarija za nas se Svajcarija.
 
Што било добро во комунизмот?

Македонија што била земјоделски развивана? или пак Хрватска и словенија со тешката индустрија?

Тоа ли било добро?

Ај донт тинк соу!

Единствено добро нешто било што се знаело кој ја секса државата, се знаело дека тоа е само една личност а не како сеа да не се знае кој кого и од каде секса.
 
Јас знам дека ако постоеше сеуште СФРЈ ќе имавме многу подобра фудбалска репрезентација:)
 
Ако ништо друго барем немало аномалии во опшеството колку што има сега мислам на педери,лезбјеки и наркомани а и националисти.А не денеска цел свет сила ни се прави дојде ред непријателот да ти биде власт...
 
Све е кажано со сликата. Едната држава е пример најблизок со Социјалистичкиот идеал другата држава наблизок до капиталистичкиот идеал на либерална економија.
58927_10151536740191489_417995750_n.jpg
 
Ете уште една тема за „обесправените“ во СФРЈ родени после 90-та....нели има ваква веќе?
 
Што било добро во комунизмот?

Македонија што била земјоделски развивана? или пак Хрватска и словенија со тешката индустрија?

Тоа ли било добро?

Ај донт тинк соу!

Единствено добро нешто било што се знаело кој ја секса државата, се знаело дека тоа е само една личност а не како сеа да не се знае кој кого и од каде секса.
А сега не сме ни земјоделска држава, мораме да имаме министри и пратеници и членови на влада припадници на неприателски вооружени сили, се вејат на голем дел од територија туѓи знамиња и се бориме името да си го сочуваме.
Да не зборам дека немаме бесплатно школство, здравство, вработувања и редовни плати.
 
Капитализмот им дава шанса на сите да успејат. Без разлика дали потекнуваат од сиромашни семејства, средна класа итн. За разлика од Социјализмот каде што сите беа медиокритети и на крај сите завршија на улица. Еве една виситинска приказна . Посветена на плачковците по Комунизмот.
Едвај составувал крај со крај а денес брои милиони

5 април 2013, 13:30

dovon1.jpg

До Вон Чанг и неговата сопруга Јин Шок во 1981 година од Кореја се преселиле во САД.
До Вон на почетокот бил принуден да работи три работи истовремено. Тој се вработил како домар, работник на пумпа и во кафетерија. По три години брачниот пар собрал доволно пари да го отвори својот прв бутик.
Можеби сте слушнале за ланецот на бутици „Forever 21“, а можеби и не. Станува збор за пионерски потфат наречен „брза-мода“, кој подоцна прерасна во мултинационален. Денес „Forever 21“ има вкупно 480 продавници и прави годишен профит од неколку милијарди долари.
forever21.jpg

Чанг го отворил бутикот заедно со неговата сопруга. Во работата се вклучила и неговата ќерка Линда која е маркетинг директор и втората ќерка Естер, која е одговорна за планирање и дизајн на излозите.
„Многу е важно моите ќерки да сфатат колку напор сме вложиле во оваа работа“, изјави Вон. „Всушност кој би се однесувал подобро кон вашиот бизнис од вашите деца?“, додаде тој.
http://denar.mk/10748/biznis/edvaj-sostavuval-kraj-so-kraj-a-denes-broi-milioni
 
Прекрасна паралела.....сега 1 900 000 врзуваат крај со крај....и има пар пациенти што „добиле шанса“....прекрасен е капитализмов, посебно овој примитивниов, made in Macedonia...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom