Тоа не беше комунизам него социјализам , впрочем во 60 ,70 тите години конкретно шведската држава испраќа тимови да го изучат социјалниот систем во Југославија , кој успешно е спроведен и ден денес функционира успешно овде .Бесплатно здравство , детски додатоци , добра контрола на криминалот , безбедност, бесплатно школување од кои излегоа образувани истите овие политичари кои денес плукаат по ЈУ.За македонците , грците ни лижеа газ и масовно доагаа во Скопје да купат адидас патики, во грчките учебници се учеше дека Македонија е република во состав на Југославија , и на крај курсот на драхма динар околу 80 тите е во однос 2 драхми за еден динар.Со сто марки во бугарија можеше да живееш една недела како крал , за бугарија бевме швајцарци а за изјави од типот на денешните бугарски политичари не можеше ни да се сонува.Шипците не смеева да писнат а камо ли да помислат да пукаат на полицајци.Забавата на младите беше сосем поинаква , можеби е глупаво да кажам подобра затоа што секоја генерација си има посебност во тоа , сепак можам да тврдам со сигурност дека другарството беше 100 пати поискрено и без основа на материјализам.Многу млади годишните одмори ги поминуваа на море , а често се идеше и на шопинг во Италија .Тоа е дел од вистината на македонците во екс ЈУ.Секако постои и друга темна страна .Член од мојата фамилија беше политички затвореник поради идеите на ВМРО , поточно мојот дедо во иста келија со починатиот ни владика големиот г.г Михаил , така да би замолил да се избегнат коментарите од типот на србоман или сл.глупости, а уште помалку да се пистоветува со гнојавиот Љ.Г. Уште една работа , би сакал да кажам дека апсурдно е да се каже дека сега има подобар живот во МК. Околу 64% од словенците кој учествувале во една анкета се изјасниле дека имало подобар живот во ЈУ.Да не се прават забуни , не се работи за процент на сите словенци , него на дел анкетирани.Точна е констатацијата на Струмикс околу партизаните , само разликата е што ништо скоро не е сменето во тој контекст , со мали исклучоци , децата и внуците на тие исти партизани сега се дупло побогати од другите и уште поиронично најголемите критичари на комунизмот.Генерално би сакал да кажам дека работите не се сведуваат на црно и бело секое време си носи свои убавини и маки , а и многу важно е кој како го доживува истото.