Добри страни на цигарите?

  • Креатор на темата Креатор на темата 105n108
  • Време на започнување Време на започнување
Добра страна?
Освен што една цигара и кафе ме накреваат сабајле како ништо друго на светот...само тоа.
Се зголемува пулс и можам да функционирам
А да и кога имам ептен мака со алергија пролет ме оттушуваат.

Сепак повеќе од една цигара на ден не си дозволувам а и ми е доволно. Се што е претерано не чини, се што е во граници на нормала е ОК. Народен лекар јбг.
 
Од чиста радозналост пушев цел месец по 3-4 кутии неделно да видам што толку задоволство причинуваат.Нит кафе ми идело со нив,нит ме смирувале,нит ми створија некоја зависност,2 години не сум запалил.Башка и не се дава пари за жути заби и смрдлив здив.Иам 7-8 пушачи у клас,и по обичај пред час последни влагаат пошо се пафкаат у веце,абе ко ке поминат покрај тебе гас-маска не те спасуе:tapp:
 
Кога сите ќе те напуштат цигарата ти станува најдобриот пријател :)

нормално дека нема добри страни, ако одиме по некоја аналогија би требало да се отвори и тема - Добрите страни на хероинот
 
ako ne ti se dopagja shto si go chital ., ...gledash shutrak ., klikaj druga programa
НАУЧИ ПРАВОПИС ТОРКОООООО!!!!!!!!!!
Одвај чекам да излезе update на XenForo да додадат можност за блокирање на јузери. ПРВ ќе бидеш.

Нема овде да се надмудрувам со непушачите за тоа дали имаат добри страни цигарите. Немаат фала Богу, ама мене лично си ми е убаво и пушам. И непушачи, мразам прашања од типот :,,Зошто пушиш, што виде толку убаво?,, тоа е исто ко јас да ве прашам:,,Зошто не пушиш? Оти не запалиш една?,, Пушам оти сакам, вие не пушите оти не сакате и готово. А за откажување, секој може да се откаже ако има силна желба и цврст карактер.
Зашто е штетно по здравјето, грдо по здивот и скапо по џебот.

можат слободно да напуштат просторија. :cautious:
:icon_lol:
Среќа наша што владата донесе закон тоа да го прават пушачите (y)

И секако, мојот главен аргумент за штетноста на цигарите.
 
Среќа наша што владата донесе закон тоа да го прават пушачите (y)

Инаку нема закон кај мене дома. Ни Груевски владее. На тоа мислев. Не ми смета ни надвор да седам, ако треба. Само да не гледам засекирани исцелени непушачи околу мене. Ворст кајнд од сите.
 
Личат на цице, и кога пушиш како да цицаш :)
Ова демек треба да откаже некого од пушење :pos:
Clever-and-Creative-Antismoking-ads-breast-580x376.jpg
 
Личат на цице, и кога пушиш како да цицаш :)
Ова демек треба да откаже некого од пушење :pos:
Clever-and-Creative-Antismoking-ads-breast-580x376.jpg

Да откаже можеби не, ама да замисли некого, да.
 
после година и 2 дена од мојата последно запалена цигара слободно можам да кажам дека едина ДОБРА страна кога пушиш цигари е во тоа шо не можам да си фатам женска надвор пред кафич дури она ја пуши цигарата. Исто го изгубив шмек моментот на палење цигара на некоја цура ако ми побара упаљач пошто едноставно немам упаљач :)

иначе други полезни работи искрено не можам да увидам...ми помина времето кога глумев фраер ако пушам цигара и каква цигара,сватив дека не е ни ин,а не е ни аут ако пушиш цигари.

Плус уште еден момент...паузите на факултет се досадни без цигара :)
--- надополнето: Sep 28, 2011 7:28 PM ---
И секако, мојот главен аргумент за штетноста на цигарите.

Oва воопшто не е аргумент ако го сметаш за таков,затоа што е изработено МЕХАНИЧКИ.

Човековиот организам си има одбранбен систем со кој се бори против штетните влијанија од надвор,како шо се во случајов никотин,катран,јаглерод моноксид.......

Шо мислиш ти,на клипчево како шо е прикажана олкавата количина на лајна и мислиш дека исто олкава количина имаш во организмот!? Грешка си...телото секогаш се бори шо е можно побрзо (во зависност од метаболизмот - брз/спор) да се ослободи од сите штетни материи!
 
Личат на цице, и кога пушиш како да цицаш :)
Ова демек треба да откаже некого од пушење :pos:
Clever-and-Creative-Antismoking-ads-breast-580x376.jpg
да може да откаже и тоа барем на период од неколку месеци, ама изгледа ти фалат годинки да разбереш...
 
Татко ми беше тежок пушач,ги маваше по 2-3 кутии на ден.Еден ден му спизде да плука и кашла цело сабајле и 15 години од тогаш цигара не запали.Пред некој месец беше на рентген нешто,уште имаше неколку црни дамки на белите дробови.
 
Oва воопшто не е аргумент ако го сметаш за таков,затоа што е изработено МЕХАНИЧКИ.

Човековиот организам си има одбранбен систем со кој се бори против штетните влијанија од надвор,како шо се во случајов никотин,катран,јаглерод моноксид.......

Шо мислиш ти,на клипчево како шо е прикажана олкавата количина на лајна и мислиш дека исто олкава количина имаш во организмот!? Грешка си...телото секогаш се бори шо е можно побрзо (во зависност од метаболизмот - брз/спор) да се ослободи од сите штетни материи!
А ти сигурен си дека човековиот механизам е толку способен да се ослободи од сите штетни материи ако дневно пушиш по 2-3 кутии ЦЕЛА ГОДИНА???
 
Нема овде да се надмудрувам со непушачите за тоа дали имаат добри страни цигарите. Немаат фала Богу, ама мене лично си ми е убаво и пушам. И непушачи, мразам прашања од типот :,,Зошто пушиш, што виде толку убаво?,, тоа е исто ко јас да ве прашам:,,Зошто не пушиш? Оти не запалиш една?,, Пушам оти сакам, вие не пушите оти не сакате и готово. А за откажување, секој може да се откаже ако има силна желба и цврст карактер.
Ќе ти одговорам дека си го ценам здравјето и не сакам на 60 години да имам проблем со белите дробови... не е ништо спорно тука. Кој е твојот одговор, само немој безвезни изговори од типот, „ме смирува“, „убаво е со кафе“, бла бла бла....
 
Ги браните цигарите ? Алал да ви е.. Пред да пушам можев да трчам километри. Од кога почнав да пушам рекорд ми се 100м.. Губење на килажа - 12 кг. за една година и уште многу други срања заради цигарите... Зато не пушете цигари. Распалете си еден фиш да видите убавина..:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom