што ти е всушност муабетот...што точно прашуваш? Погорните постови ти се нејасни и одоколу. Нешто во врска со црквата? Јас не сум им портпарол, а за друго, зависи. Стварно се исконфузира целиот барајќи начин не знам што да кажеш. Ааа, сега...конечно, пушењето го поситоветуваш со корупција и религија...Мојот став е повеќе од јасен. Твојот ти одбиваш да го искажеш танцувајќи околу незгодни прашања. Зошто ли го правиш тоа.
Секогаш кога ќе се најдеш исправен пред суштинско прашање ти замавнуваш со крилата како пеперуга и леткаш наоколу правејќи се на три ипол, како да не разбираш што те прашуваат. Влегуваш во полемика, а кога ќе згуси - бегаш.
Муабетот со кампањите е многу јасен: Кога станува збор за лоши навики кои не можат да се забранат со закон, тогаш се прави кампања за кревање на свесност!
Истои со религијата. Тоа е лоша навика која им се всадува на малолетниците и кај некои останува целиот живот. Таа навика има лоши последици, какви што се дискутираат на оваа и други теми наовој под-форум.
Пушењето е штетно. Религијата е штетна. Кампањи за двете - кревање на свест, па следствено и информирана одлука за личниот избор!
како можеш да донесеш информирана одлука кога те лажат, Лурц?!?!
Нели секој има право на избор? Ако има право на избор, треба да има и право на информации, нели?
Ако државата дава пари за да ја крева свесноста за последиците од пушењето, тогаш треба да најде време, пари и доблест истото да го направи и со религиите.
ДАЛИ СЕ СЛОЖУВАШ, ЛУРЦ?
Ама за дибек пак ќе повторам
Религијата дибек ти е доброволна и необавезна. Корупцијата ти не моеш да ја избегнеш. Ферштензи или да зеам да цртам? Ако не ти се даваат пари, не мораш. Ако сакаш да ти тргне негде, мораш -таква држава сме, ене доктори, професори, шалтерски работници, министри.... Али ако сакаш, дај кампањи аман. Мојот став го кажав за плаќањето, твојот го кажа...таман е ебаго више. Ако веќе мораш, бори се за да плаќаат ддв, а за плаќање за услуги и во црква..се е тоа доброволно.
А ти си платил в црква некогаш и за што и колку?
--- надополнето ---
А ако им излезе некој као дибек па ги замава, ги здрви од ќутек а?Првото не ти е на место. И јас сум човек кој живее во ова општество и јас сум бил многупати и ограбуван и рекетиран и тепан, а сепак немам телохранител. Зар тоа што е свештено лице му дава за право да биде над мене !? Не! Туку во прашање е друга работа. Се плашат тоа што го поседуваат, кое очигледно е далеку над нешто што поседувам јас, да не го изгубат. Тоа е разликата зошто јас немам телохранител, а тој има. И смешно е свештено лице да си дозволи ваков апсурд. Исус вели: „Ако те удрат по едниот образ, сврти им го и другиот. Кој живее според мечот, од мечот и ќе умре“, алудирајќи на тоа дека ако си мирен човек, мирно и ќе живееш, а очигледно е дека нешто е труло кај поповите.
За второто( болдираното) се сложувам и донекаде можам да им простам на хирурзите, ама на поповите кои ја злоупотребуваат духовноста.. не.

таруно, ние сме обични граѓани, тие се свештенство. И јас сакам обезбедување као Свето или труфин ама немам украдено толку ниту имам завеано во црно така голем број работници. Зашто на пример тогаш световните власти (дури и општински) имаат телохранители (не глеј тука духовност, во прашање е насилство а еден крст вреди доста за некој да се полакоми). Мене ми е небитно дали имаат чета или еден телохранител. Ако е криминалец во секој случај не е добро да е телохранител на свештеник, но јас тука ништо не можам, а реков ниту нешто ги правдам за тој избор. Али размилси кој би се нафатил да изиграва квалитетно обезбедување? Човек без дамка на досие? Па ќе му се најде некоја маана. Човек ако бара да најде маана во нешто, секогаш ќе најде.
Парите кои ќе ги дадам (еднашка за брак, двапати за крштевка у цел живот и чат пат 100 денари два-трипати месечно) воопшто не му мислам каде одат. Ако се мислев и си замислував дали ваму или таму, немаше да ги дадам. Не те обврзуваат на ништо поповите. Да, имаат големи коли ама имаат и недоквакани деца кои ги заработиле со мафтање дроги по газибаба и со пиштоли по комбиња. Тие повеќе ме загрижуваат, не за друго, немаат платено ддв за дрогата
