Затоа кажав, бишопот Мјуриел, татко и водач на овој свет, без лажни приказни за отом потом кога ќе те јадат црвите.
Во други теми укажував и на оваа проблематика, треба да се зближат свештенството, т.е. црквата со народот а најполезно и најлесно би било во оваа ситуација преку укажување помош, физичка поткрепа...има многу нешта, само треба волја за вакви активности.
Се сложувам, но колку е цивилно или цивилизирано човек да оди од врата на врата и да прашува да не сака попот да дојде в куќа за да забај малку?
И изгледа не го прочита мојот пост, еве уште еднаш. Владиката Петар има телохранител, еден локален силеџија. Разбираш која беда е тоа? Паркингот пред седниците на синодот личи на паркинг пред куќа во која седничарат мафијаши...
Господин господин господин кокетира со политиката, не сака да прифати дека НЕ СМЕЕ ниту да размслува во тој правец. Законски не смее. Црквата е рак рана на општеството, само што огромен процент од нашето население е елементарно неписмен. Црквите драстично го губат своето влијание во богатите општества, тој процес е неповратен...
Оф, ја со моите РПГ игри тешко стигам се да прочитам

...за телохранителот сега го прочитав. Искрено, не можам да бранам ниту бранам се што се случува во една или друга конфесија затоа што сепак имам и свој ум. Конкретно ако ме прашуваш за случајот, мислам дека не е добра работа вмешување на сомнителни луѓе во заштита на одредени црковни лица, како и носењето оружје (во друга тема), но од друга страна како да се одбрани човек кога живее во материјален свет полн со криминалци, полн со омраза кон црковните лица и кон религиите, со џепароши и бараби? Сепак и тој е човек.
Што се однесува до мафијашите...многу занимања бараат завет кон хуманост и моралност, но погледни како некои на пример докторите (кои за 1000 марки не отвораа ниту конзерва) сега уживаат во благодатта на својата одамна заборавена модерна Хипократова Заклетва. Во многу служби постои морални норми и завети, но прашање е кој ги почитува.
Пак на крајот доаѓаме до она -желбата за богатство, моќ и доминација се изворите на зло, а не самата религија, поповите или докторите.
--- надополнето ---
Интересен агол, Лурц.
Ај сеа погледни ги кампањите против пушење. Верувам дека немаш ништо против нив. Кој пуши, нека пуши, ама барем да биде информиран за злото на цигарите. За штетноста.
Исто и за религијата. Нека си постои религија, ама ЈАСНО НЕКА СЕ КАЖЕ дека е тоа фантазија, дека не е вистина - дека е само утеха за мука овоземска.
Па после кој како му е мило.
Ама да биде ФЕР!
Што викаш за една кампања:
никој не ти брани да правиш кампањи, ова е секуларна држава и "слободен" свет...твое право е да правиш што имаш намислено, но дали тоа ќе те исполни не знам, ти си знаеш.