DKB Handball Bundesliga, Liga ASOBAL, LNH

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Andersson 9 odbrani za 17 minuti.Nema dvojba,momentalno najjak golman vo svetot.

Za 19 minuti,samo 5 gola imaat primeno.I toa na gosti.:bravobe:

Ako pobedat denes,ja osvojuvaat ligata.

Bez Eggert i Svan,i sega bez Mogensen.Glandorf isto ne igra.Ama zatoa Gottfridson kine.
Kolku dobar sostav imaat pa pa pa.
Lowen se teski prevaranti,Du Rietz povreden ko bajagi a toj vo prv sostav.:shook:

Inaku degustatorot e na golot,Appelgren slabo branese.Ete go,dobro se postavi mu odbrani na Jakobsson.[DOUBLEPOST=1455738868][/DOUBLEPOST]5-11 13-13 na poluvreme..Degustatorot pobudale! :cuc::motorce:[DOUBLEPOST=1455741514][/DOUBLEPOST]Ministerov e strasen!Ke go simne Appelgren od tronot.:bravobe:
Andersson e nenormalen,kakvo golmaniste e.:shook:
 
Последно уредено:

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Фленсбург од сенка избива како прв фаворит за титула..
Дојдоа на -3,а ако тепаат во заостанатиот меч шо го имааат ете ги на -1...
Реално во момемнтот имаат најсилна екипа во Бундеслига,најкомпетен ростер,квалитетна ротација...
На слатки маки е Врањеш...:cool:Кој од кој на клупа..
Кои јајца ги има "малиот"ејј,денес на дерби на коло,можеби и во лигата излегува со втора постава крила:kruna:
Ласе не ни влезе во игра,Хрчакот само за пенали влегуваше..
Почнува со Јакобсон,Гландорф на крај на прво влезе,а потоа мораше да го доигра мечот зошто Јохан сркна 3 исклучувања...
Е така се прај квалитетен тимсо укажување доверба на сите,и тоа на важни мечеви,не не некои си СЕХА лиги,или кога се води со +10 како кај нас шо е обичај..
Затоа ќе има 16-18 екстра квалитетни играчи на лагер,кои во секој момент можат да заменат некој...
РНЛ со таа ала МЕТАЛУРГ игра можеби лесно си шлака(ше)Гепинген,Мелсунген,Вецлар и останата боранија,ама против една екипа како Фленсбург,со таква артилерија,со таков вештер на голот како Матијас Андерсон не се победува на мускули...
Ги уништи Матијас денес,20+ одбрани,која од која подобро,кинеше зицери еден на еден,шутеви од надвор,живи топки фаќаше,MOTM...:bravobe:
Ѕвер...
Иако и Ник Слотер и дегустаторот беа на ниво и имаа и тие заедно отприлика толку одбрани како Матијас,но сепак не беше доволно за победа,Енди отсечен во напад,одлично го затвараа и Баена,посебно во второ кога РНЛ немаше ни контра ни полуконтра,ги уништи Фленсбург во второ...
Од РНЛ единствено позитивна оценка би добиле дегустаторот,и крилата до некаде,се друго под ниво,посебно Енди слабо,добар беше дегустаторот,вака да бранеше на ЕП ќе бевме каде каде подобри,додуша можеби и не е толку крив и тој,едно е во одбрана да ги имаш Пекелер и Гвардиола,друго е "циркузанти"упс,пардон специјалци како Велко и Ацо:pijani:..
Искина денес дегустаторот,дури и пенал на Хрчакот му скина...:bravobe:
Во напад го доби мечот Фленсбург,какви само голови збрца Лауге Шмит,другарчето полека станува лидер на оваа екипа,класа бек...
Кога требаше тогаш погодуваше,вистински лидер на екипата беше денес...точно знаеше шо прави...
Која ротација ја има Врањеш по,по...баш во најпогоден момент им се вратија Годфридсон пред се,а и Хајнл во продолжение на сезона би бил од голема помош,ако не тука е касапот Козина.
Овие ако не налетаат на Вардар во 1/8 финале(во случај да се втори на крај)ќе искинат со Монпеље,а и во 1/4 финале ќе бидат многу сериозни за пласман понатаму..
Еден од најкомплетните ростери го имаат во Европа,комплетна екипа се на сите позиции....
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
http://www.balkan-handball.com/evropa/eine-katastrophe-rasmus-lauge-propusta-kraj-sezone-i-rio/

Лауге-Шмид со повреда на коленото, 6 месеци во аут, пропушта и ОИ. Голем удар за Фленсбург и Данска, со оглед во каква форма беше сезонава. Огромната минутажа си го зеде данокот, нималку одмор немаше за него сезонава.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
Пик Сегед-Веспрем 26-26, првата утакмица Веспрем победи со само 1 разлика.
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Види Безјак играње па па па!!:eek::eek::bravobe: Дали го гледаш Бомбач или Безјак исто ти се фаќа.

Ги има Магдебург-Лемго на Арена2..Магдебург имаат феноменална екипа.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.539
Поени од реакции
4.066
Искина Ненадиќ против Хановер.
Иначе, моментално играат дома против Кил, губат 6 разлика, 46-та минута, тешко да ја вртат, првиот пораз им е на прагот.
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Искина Ненадиќ против Хановер.
Иначе, моментално играат дома против Кил, губат 6 разлика, 46-та минута, тешко да ја вртат, првиот пораз им е на прагот.
Немаат саглам десен бек.Тонесен 6 месеци во аут,а за Виде не се знае.Тој што игра сега е од резервниот тим.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Каква утакмица беше вчера во Шпаркасен арена,:bravobe:
Волф и Андерсон:pijani:,како два браќа од различни мајки,шо се не фатија,не се салам оние,посебно Волф,ејјј,голманиште.
Ај Матијас е орел,искуство упм,којзнае колку мечеви има вакви низ кариера,ама Волф,страшно нешто,како само брани смирено,како да има 35 години,а не 25.
Секоја чест,какви топки скина,посебно од контри,ти на едно од најдобрите десни крила да му киниш такви зицери еден на еден на 3 метри растојание,страшно нешто.
Егерт хрчакот го избудали,коса му порасни од нерви на хрчачето:pos:,не паметам кога последен пат ХРЧАКОТ ПРОМАШИЛ ДВА ПЕНАЛИ НА ЕДЕН МЕЧ,можеби и никогаш.
Страшен голман,ако немаа голман Кил уште во прво ќе се збогуваа со Бундеслигата,како само нагази Фленсбург од почеток,Матијас партали праеше на гол,а од контри и полуконтри полнеа.
И од 28 минута потоп,од 14-8 за Фленсбург тотален хаос,речиси 15 минути немаа гол,само гол од пенал на Хрчакот на почеток на второ и ова беше се.
Полека Кил почна да се враќа,иако и тие чкрипеа,премногу грешки,промашени зицери но добија ветер во грб со неколку лесни голови од контри и на празна мрежа па добија самодоверба,иначе се мачеа за секој гол од позиционен напад,како најтешка работа да беше да се даде гол.
Кркмата и Вајхолд ги носеа на грб,Вујин не ни влезе,Билик и Нилсон мал ефект,по 1 гол, но многу значајни голови,посебно кога се кршеше резулататот,можеби тој гол на Билик во последната секунда од првиот дел ја напрај разликата,како да добија на самодоверба во второ.
Фленсбург од друга страна очај во напад во второ,само 9 гола,од кои повеќето во последните 10 минути,од тој (Гландорф)шо се очекуваше најмногу потфрли(нормално јас плус 3.5 го имав):pos:,без него немаа игра,Могесен мрдна на почеток,после застана во второ,само еден гол ако не се лажам,немаше никаква подршка од Мае,и Лауге малку влезе ама не се снајде,Јакобсон малку ги размрда,ама во одбрана паднаа со него,Кркмата го уништи со тие промени на правец.
На крај и Кил ќе оплескаа,имаа+1 и последен напад на 15ина секунди,и Нилсон без потреба ја акна од 9 а топката незгодно се одби до десната одбрана на Флесбург,баш за да се отвори контра,веднаш топката напред до Тофт Хансен ако не се лажам и за неколку секунди од изгубена ситуација Фленсбург имаше шанса за голем бод од Кил.
Арно ама Хрчакот ја оплеска,премногу се мислеше и на крај ја акна топката на прв статива,речиси никогаш не шутира таму,нелогичен избор,обично ги шутира на втора статива со некое јако ефе,или над глава на голман,сега на појаката страна на Волф,долу ниско,не беше лош ударот,но како да си го затвори аголот од ногата на Волф и не успеа доволно добро да процени каде да шутира,и притисокот беше преголем,сепак последна секунда,шут за реми,не е мала работа,и на најдобрите им се случува.
Опасен меч,страшен,со многу јаки одбрани.вистинско дерби,отсекогаш овие мечеви ми се подобри за гледање отколку мечеви како онај на Вардар-Киелце,74 гола паднаа,иако добро за око делува,сепак не е она вистинското кога ќе видиш како се мачи секоја екипа за секој гол,да има тензија,добри одбрани.
Нова шанса за реприза веќе во недела,овопат ЛШ,овде сигурно Љубо ќе ги пушти Ване,Радивоевиќ,Мелер,Хајнл,Џорџич,Годфридсон најверојатно,приритет за нив е Бундеслигата,а на реваншот во Фленсбург на почеток на декември треба да е друга песна,таму тешко Кил со ваква игра да се извлечи.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Ама и дуплата одбрана на Волф на крај, лудница, коментаторот го дупна микрофонот. Страшно голманиште, го закопа на клупа Ландин.
Мае ја заеба работата, 5 напади по ред им ја даваше на играчите на Кил у раце.

Егерт со жутиот брк како Брус Вилис требаше статива да погоди у Борис Трајковски против Милиќ пред некоја година а не сеа. :D
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
http://handballme.me/?p=26252
Две големи дерби средби ги одбележаа последното коло во најсилните лиги во светот.
Во Германија Кил дома го сркна од лудаците РНЛ,а во Франција падна митот на непобедливост на големиот ПСЖ.
Среде Шпаркасен Арена УБИЕЦОТ НА ГОЛЕМИТЕ ФАВОРИТЕ РНЛ зеде уште еден скалп.
Кил без Вајнхолд изгуби во ротација,немаа шанси Кркмата,Вујин и Винчек сами да играат против РНЛ.
Немаше подршка од крила,освен двата гола на Дамке на почеток не се видоа крилата,без бекап од Билик,Нилсон немаше никакви шанси Кил ниту од надвор,иако имаа одлични партии и Дувњак и Вујин,но сепак недоволно,премалку е ова за еден таков моќен состав на РНЛ.
Од друга страна речиси сите во РНЛ имаа ден,Паличка на гол искина,15+ одбрани,во прво Петерсон и Дуриц решетаа,во второ Шмит ги замени.
Од прва до последна минута го диктираа темпото и заслужено го смачкаа Кил.
Посебно изненади Јакобсен со таа истурена 3-3 формација која ја користеше во дел од мечот,се изгуби Кил,не можеа никако да фатат ритам,таман ќе свикаше тајмаут Гисласон контрареплика од РНЛ,ќе се вратеа на 6-0:pos:,игра на нерви до максимум.
Со оваа победа РНЛ одржува ритам и чекор со Фленсбург,двата тима со само еден пораз,РНЛ дома од Фленсбург,а Фленсбург во гости,онај несреќен од Кил.
Ќе видиме како ќе се одвиваат работите за Кил,ама со два порази +две гостувања на пролет во Манхајм и Фленсбург многу тешко,иако не смеат да се отпишат.
Во Бундеслигата нема ништо сигурно,нема фаворити овде,и Фленсбург на тој меч со Кил во ЛШ дома го покажа ова,во гости лесно тепаа,дома изгубија.
А екипи како Магдебург,Вецлар,Фуше,Гепинген,Хановер,Мелсунген се тука да ги замрсат сметките.
Битката допрва претстои.
Во Франција ГАЗЕЊЕ,и тоа какво на ПЕ СЕ ЖЕ.
Не знаеа шо ги снајде синоќа во Нант,ги уништи Нант,од прва до последна минута контролираа се на терен,го исчистија паркетот со звездите на Нока.
На гол Димулан партали напрај,во напад Оливер Ниокас имаше партија живота,исто и средниот бек Клер страшен,и Гурбиндо се придодаде,плус Клајн и десното крило.
Го отепаа Парис,сосема заслужено,од минута во минута водството одеше во нагорна линија,освен првите 10 ина минути кога ПСЖ се држеше во некој егал,+1 или нерешено за Нант се друго беше во знакот на Нант.
Едно време беше +10 во второ,31-21,на крај некој пристоен пораз од 37-31,иако +6 против овај Парис е нешто шо звучи неверојатно.
При крај со незгодна повреда се сдоби Карабатакот,да се надеваме дека не е ништо сериозно,без него СП нема смисла.
И другиот Карабатак не играше цел меч,цела утакмица изигра Јеспер Нилсен на пикер и беше еден од најефикасните,немаа идеја во напад,или бараа пикер или индивидуално шутираа,пред се Ремили во второ,и по некоја дупка на крило за Уве,ама и ова беше откако веќе Нант ја заклучи утакмицата.
Одличен меч,со оваа победа Нант доаѓа на само бод до ПСЖ,најава за интересен втор дел во лигата,нема да е така лесно за Парис како шо сите мислеа.
Овај Нант од година во година е се појјак,наредна сезона ако добие Франција уште едно место во јаките групи во ЛШ ќе бидат уште појјаки,доста се вложува во оваа екипа,одличен тим скоцкаа.
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.244
Поени од реакции
8.316
Какви пацери се фленсбург... не можам да верувам дека РНЛ ќе освои бундес два пати по ред.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
За Кил мислев дека минатата сезона беа најслаби, ама сезонава се тешка мизерија! Само 16 гола за 53 минути против РНЛ :lolzz:. Што мајка бараат играчи како Лацковиќ, Брозовиќ, Сантос, па дури и еден Дисингер што колку и да е добар поминува третина од сезоната повреден... Серозен ремонт е потребен таму.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom