DKB Handball Bundesliga, Liga ASOBAL, LNH

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Во 20.15 почнува суперкупот во Германија Кил-Фленсбург,има директно на германската Спорт1 телевизија
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.539
Поени од реакции
4.066
Во 20.15 почнува суперкупот во Германија Кил-Фленсбург,има директно на германската Спорт1 телевизија
И на Арена Спорт 2 ја даваат.

Да видиме како ќе делува Флензбург со неколкуте појачувања.
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
http://www.balkan-handball.com/evropa/ljubini-leteci-danci-srusili-kil-u-najvecem-rukometnom-derbiju/
Хаха,која мизерија ќе бидат Кил сезонава...Хихи...:pos:
Ландин топка не фати цел меч,ниту една одбрана,освен една кога топката од блокот успеа да ја прибери...:pipi:
Ги отепа Фленсбург....
Ако не беше вториот голман,кославиот Грк со германски пасош 10 ка не им бегаше...:pos:
Ја изгуби силата на бековските позиции Кил,Палмарсон и Јиха беа преважна алка во играта,сега со Дисинџер тешко ќе оди....:icon_mrgr:
Фленсбург сезонава делува одлично,заедно со РНЛ ќе бидат голема конкуренција за зебрите(под услов да се средат малце шампионите,сеуште се во летен сон)...:icon_mrgr:
П.С.
Дарко Станиќ скина пенал против Магдберуг на 23-23,на неполна минута до крај,и донесе напад за победа за РНЛ,и на крај тепаа...:icon_mrgr:
Не е стрижен од лани,ко се тегнеше со Левче за парите....Како овца е..:pipi:Ама му оди со подолга коса...:zver:
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.677
Поени од реакции
5.925
Затоа сакав Кил да ни се падне место Киелце, ќе имавме две лесни победи плус немаше и Рајн Некар да ги имаме у група.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.219
Поени од реакции
35.816
Рано е уште за Кил. Последните две три сезони имаат лош почеток, ама машината на време ќе запали и на крај си обезбедуваат фајнл фор и титула. Истата приказна беше и лани кога Кил губеше од аутсајдери во Бундес лига на почетокот.
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
http://sportmedia.mk/rakomet/razno/darko-stanikj-so-rajn-nekar-leven-na-vrvot-vo-bundesligata

Види го ти Дарко....:pos:[DOUBLEPOST=1441877773][/DOUBLEPOST]
Рано е уште за Кил. Последните две три сезони имаат лош почеток, ама машината на време ќе запали и на крај си обезбедуваат фајнл фор и титула. Истата приказна беше и лани кога Кил губеше од аутсајдери во Бундес лига на почетокот.
Абе рано е да,ама оваа сезона и ривалите не спиеја,засилени се доста,посебно Фленсбург,тешко дека ќе губи бодови Фленсбург сезонава како лани,исто и РНЛ делуваат моќно на почеток,а Кил е бааги ослабен на бековските позиции..
После којзнае колку години немаат еден класичен екстра лев бек во тимот,а оваа позиција е можеби една од најважните....
Со само 4 екстра бекови не се турка сезона на 3 фронта...
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Фленсбург го сркна уште еднаш,овојпат од Вецлар,24-21,за само 4 дена два порази,саботата дома од Мелсунген,сега на гости кај Жути..:icon_mrgr:
Изгледа ги фати клетва по победата над Кил...:pos:
Тврда утакмица,со многу малку голови, доста нервоза и многу одбрани на голманите,посебно на домашниот голман Волф,ги отепа,посебно во второто полувреме...
Липовина не настапи,не знам дали е повреден или тактика на тренер...
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.692
Поени од реакции
4.520
Каква одбрана одиграа денс Рај Некар против Кил секоја чест :eek:
Ги убија во одбрана а и голманов новиов е доста добар, во напад исто како и лани нема шутеви многу од 9метри повеќето голови им се со влезови на Енди и по некој шут од Петерсон кој денеска играше доста добро..годинава играат доста и на Баена кој бабачкото тешко е да се затвори кога прави блок 130ка се носи :D ќе му биде доста тешко на Вардар, мора да ја повторат одбраната од лани.
 
Сезонава играат одбрана подобра и од кога Гудмундур Гудмунсон ги водеше. Тешко ќе му биде на Вардар. Новиот голман у супер форма брани, пиќерот Баена одлично го замени Мирхол. Во напад како што кажа, ништо ново. Ќе биде зезнато.
Кил ете ги спуштија на 20 гола,Барса на 21, само Киелце што успеа сезонава повеќе гола да им даде.
 
добра одбрана играат, незнам Вардар како ќе игра според мене сигурно ќе почнат со 5-1 на Енди што е добра одлука но така има простор за Екдал..ако им успее 5-1 ќе биде супер за Вардар..треба Давид да го учи Дибиров 5-1 одбрана, он играше супер 5-1 одбрана.
А Гисласон претера со таа тактика без голман кога напаѓаат а никаква предност нема од тоа..ниедна акција не изиграа.
 
Последно уредено:

Лани на гости ги убија со одбраната 5-1 на Енди. Сигурно ќе се почне исто како и на тој натпревар па ако се покаже повторно како добра ќе тераат така, ако не сигурно Раул има смислено и нешто друго.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.692
Поени од реакции
4.520
Лани на гости ги убија со одбраната 5-1 на Енди. Сигурно ќе се почне исто како и на тој натпревар па ако се покаже повторно како добра ќе тераат така, ако не сигурно Раул има смислено и нешто друго.
баш затоа пишав дека сигурно ќе почнат со 5-1, ако им успее ќе биде доста добро..они играат одбрана и 3-2-1, вчера ги бркаа на 9 метри на Кил бековите не знаеја што да прават изгубени беа..
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Монпеље го чукна ПСЖ,32-31..
Одличен меч,многу убави голови,пред се од надворешните линии,и доста одбрани на голманите,посебно на Жерард :bravobe:кој имаше над 15 одбрани,само во прво имаше 10,исто и Тити беше солиден во прво,после во второ падна и доста го изрешетаа од надвор,па влезе Аноне...
И покрај толку одбрани на голманите паднаа 60 и кусур гола,доказ колку квалитетно и брзо се играше..
Доста се напреднати Французите овие години,стварно лигата од година во година е се подобра,и на играчки и на маркетиншки план..
Полна сала денес,многу убава оваа новата сала на Монпеље,секоја чест...:bravobe:
Околу мечот,доминација на Монпеље,речиси во цел меч водеа,ПСЖ цело време бркаше,блиску беа,ама никако не можеа да заводат,ако не се лажам само во еден наврат имаа 1 гол позитива,нон стоп разликата беше од 1-3 гола за Монпеље..
Одлична игра на Диего Симоне,какви само голови даде:bravobe:
Исто и едно бекче растури,среден бек,но доста играше на лев,а Диего на среден,растури и тој,секоја чест...
Мачковшек не доби некоја голема минутажа во напад,но доста добро ги искористи пеналите во второ,во прво Гајиќ промаши неколку пенали
Опасен тренер е Канаје,и со редуциран состав,без првата звезда Гребил,без Кавтичник успева да извади максимум од екипата,од играчи како Тоуми,Естеки да направи доста добри играчи..:bravobe:
Псж,резервиран денес,освен Нарцис немаа некој играч кој би ја држел нон-стоп екипата,Хансен пукна доста голови,но имаше и доста промашувања,плус не играше во добар дел од второ..
Нико влезе кон крај на прво,даде некој гол,промаши и тој доста топки, а потоа кога влезе Хансен во игра Нока го пушти Нико да игра на пикер..:pos:
Тактика ала Чави Пасквал и Рутенка...:pos:
Проба со 4 бека,ама никако не успеваше да ја пробие средината на одбраната каде Габер и Фабрегас касапеа.....
Доста ги користеа крилата,дадоа голови,ама доста зицери им скина Жерар,а и мораа така,зошто грото од шутевите беа тешки,под закана од пасивен и со човек на себе,а против себе имаа и расположен голман...
На крај Монпеље можеше да напрај од готово вересија,водеа 31-29 на помалку од 2 минути до крај,примија брз гол од Хансен,па неспретно ја изгубија топката и ПСЖ имаше контра и израмни..
И во последниот напад Доленец успеа да ја измеша одбраната и да изнуди пенал,Мачковшек за 32-31...
И на крај беа циркусите..:pos:
ПСЖ имаше 30ина секунди за последниот напад,пуштија и 7 ми човек во игра,и ја вртеа топката околу зона некаде до 10 секунди до крај,и после се случи то шо се случи..:pos:
Кој ѕвер е Гигу,е така се брнаи последен напад,а не ко некој :цицки:..
Бараше ја имаше топката и Гигу клизачи му влезе,го однесе:vozbud:
Не падна одма Бараше туку остана на нозе,и Гигу уште еднаш го сопна,и го акна на земја,хаха,и поминаа тие 10 секунди..:pos:
Нормално,Гигу директен црвен,ама who gives a fuck кога работата се заврши..
Е тука е разликата помеѓу наши играчи и менталитет со големите победници..
Кога можи еден Гигу да му се пушти онака на неговиот долгогодишен колега од репрезентација нема шо да се прај муабет,то е професионализам,нема тука сентименталности и другари..
Е затоа толку освојуваат,нема кај нив изгубена топка,или несреќно примен гол на крај,некогаш и ќе изгубат или ќе примат гол последна секунда,ама сигурно нема туку така да остават да бидат победени..:bravobe:

Не треба да не чуди шо Франција има толку медали и титули,со онакви играчи како Гигу,Тити,Нико и компанија уште долго ќе газат..:bravobe:
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Мислам дека Нока фура малку олд скул ракомет и дека ќе наидува на проблеми против „помодерните“ тренери и во ЛШ...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom