Сакате множински или индивидуално, наместо да се прпелкате, храбро одговорете!
Што е толку страшно да си го кажеш убедувањето на културен начин?
Мојот Бог е Личност!
Ајде повелете: кратко и јасно! Нема да боли.
А кој ти е крив што не разбираш? Еве ти уште еднаш:
Да му прилепиш личност на битие за кое тврдиш дека е апсолутно, значи да го ограничиш, да го сведеш на одредени карактеристики, да го релативизираш и претвориш во конкретен лик. Тоа повеќе не би бил Господ, Апсолут, туку демијург, битие условено и ограничено од дуалноста. Но како би го знаеле вие ова, кога единствениот начин ви е вербата! Вие не се трудите да осознавате, сите пракси и методи за спознавање ги демонизирате и прогласувате за лажни, опасни, ѓаволски! Вие верувате! Не осознавате, не спознавате, туку слепо верувате во сказни каде вода се претвора во вино, каде растенијата се постари од сонцето, каде змии си муабетат со луѓе.... И да биде иронијата поголема, нас ни префрлате за фантазирање....
П.С. Ти не дискутираш за да го разбереш соговорникот! Да беше така, немаше да истресеш глупост дека суштината на Телемата била да правиш шго сакаш. Ти се обидуваш по секоја цена и без разбирање да го дискредитираш сето она што не го разбираш! Тоа е неописливо подло и мизерно![DOUBLEPOST=1480048549][/DOUBLEPOST]
Па така кажи! Не се срами да кажеш дека прастарото идолопоклонство се обидуваш да го продадеш како нешто ново, пакувајќи го во разни целофани, за да не биде препознаено од неупатените и неутврдените во Христос!
Нема поголем идол од тоа бесконечниот Бог да го сведеш на личност, на суштество со конкретни карактеристики, со име, со пол, со очекувања..... да го одвоиш од се останато, да тврдиш дека е неспоив со креацијата! Да тврдиш дека од негова перспектива постојат добро и зло! Тоа е врв на создавањето идол. Тие ,,целофани" за кој зборуваш, се алегории на бесконечното а не идоли! Паганството ако се свати правилно итекако е посупериорно од буквалистичното и трагикомично христијанство каде змии прават муабет а лавови пасат трева. Хиндуизмот на пример има стотици милиони божества, но сите тие се манифестации на природата, на универзумот - на Браман. Слично е и кај многу други пагански божества.[DOUBLEPOST=1480054448][/DOUBLEPOST]
да знаеш дека секојпат кога ќе застанеш пред огледалото на безличноста , тоа што ќе видиш во него е всушност твојот одраз.
Тој ,,одраз" е и причината поради кој постои оваа реалност. Универзумот е одраз на Бог, негова манифестација, а ние сме одраз на универзумот.
Токму затоа концептите како ,,добро" и ,,зло" се илузија, постојат само на лично - субјективно ниво - тие се ,,одраз" на перцепцијата на оној што доживува одредено искуство. Е сега, некој доаѓаат до ова сознание и тука запираат, заклучуваат дека тој одраз е илузија и дека поради тоа е невреден. Тоа е подеднаква заблуда како и ставањето на тој ,,одраз" на пиедестал и негово прогласување за апсолутен, при што се создава догма - религија каде конкретен ,,одраз" се прогласува за апсолутна вистина.
Првиот случај се однесува на мистиците, тие сватиле дека реалноста е еден вид илузија и решиле да ја сметаат за причина поради која се јавува страдањето, затоа го игнорираат материјалното со цел да се ослободат од вечниот циклус на страдање. Но всушност се што прават е потиснување на дел од својата природа и уништување на целиот потенцијал што оди со него.
Вториот случај се верниците, тие спротивно на мистиците, овој ,,одраз" го прогласуваат за апсолутна вистина. Проблемот е во тоа што колку што има перспективи, толку може да има и симболи (одрази), но бидејќи за нив постои само еден, влегуваат во конфликт со се што е различно од нивното.
Третиот случај се правците како што е Телемата. Ние доаѓаме до заклучокот до кој доаѓаат и мистиците, но за разлика од нив, не сметаме дека тој ,,одраз" е безвреден, напротив, сваќаме дека токму тој е причината поради која постои реалноста. Секој човек е подеднакво центар на универзумот, дел од Бог, манифестација на апсолутноста во релативна - конечна форма.