Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Почна да се губиш. Јас не те цитирав за да ти докажувам и укажувам на Гностицизам и нивните верувања, туку те цитирав за да ти одговорам на твојата клевета дека јас и мојата Црква го славиме тој Демијург. Нема сигурно со Nag Hammadi да го оправдувам и образложувам Христијанството.

Концентрирај се!

Нормлано дека ќе ми цитираш црковни текстови за да се спротиставиш на мојата „клевета“. Секој со своите заблуди. :)
 
Немам проблем со било што да се идентификувам,секоја помисла за себеси можам да ја носам и не ми тежи,тоа е одлика на безличноста .Што и да помислиш тоа сум,за жал не е таков случај кај другите.Секој бега од тоа со кое не сака да се идентификува, со еден збор стануваат робови на своите емоции и своето его. :(

Како тажничко го кажуваш ова како жрвта да глумиш. Што не ми цитираше Нирвана Шактам, ќе звучеше по убедливо и по професионално. :)
 
Нормлано дека ќе ми цитираш црковни текстови за да се спротиставиш на мојата „клевета“. Секој со своите заблуди. :)

Еве ти од твоето гностичко радио за паганското потекло на твојата „пресвета“ Софија.

The Pagan Origins of the Gnostic Sophia - Aeon Byte Gnostic Radio

Што ќе кажеш сега во своја одбрана? Немој ни да помислиш да се обидеш да ме превеслаш.
 
Ќе не просветлиш?:pipi:
Па јас вас ве прашувам гледам 0=2, па почнавте поезии ова значело она значело...

А не кажавте каде таа формула всушност се појавува и кој ја објаснува :)

Можеби вие ќе ме просветлите, ќе извадете старите книги од Египет, Месопотамија, можеби Индија и нивните Тантра техники или пак ете Телема како нешто „ново“ - па ќе најдете од каде е тоа 0=2, толку далеку од сите ствари што во поезија си ги кажавте тука...
 
Paganism is wholesome because it faces the facts of life - Alister Crowley[DOUBLEPOST=1480029443][/DOUBLEPOST]
Учи дете, гулаб и змија да бидеш. ;)

Змија не можеш да бидеш оти си црв, ниту пак гулаб... оти ти ги изгорев крилјата во предходните 2-3 постови.
 
Paganism is wholesome because it faces the facts of life - Alister Crowley

Па така кажи! Не се срами да кажеш дека прастарото идолопоклонство се обидуваш да го продадеш како нешто ново, пакувајќи го во разни целофани, за да не биде препознаено од неупатените и неутврдените во Христос!
 
Па да де. Моето е толку многу старо што може „бато“ да му вика твоето. И од таа перспектива јас сметам дека сум во предност. Е не „пораснаа пилци - поебаа квачки“ :)
 
Змија не можеш да бидеш оти си црв, ниту пак гулаб... оти ти ги изгорев крилјата во предходните 2-3 постови.
Ти кажав што и да помислиш дека сум, не ми преставува тежина.
Нема огин во твоите зборови за да изгориш нешто.

Се додека постои дуалност во твоите мисли и правиш избор,да знаеш дека секојпат кога ќе застанеш пред огледалото на безличноста , тоа што ќе видиш во него е всушност твојот одраз.[DOUBLEPOST=1480030655][/DOUBLEPOST]
Па јас вас ве прашувам гледам 0=2, па почнавте поезии ова значело она значело...

А не кажавте каде таа формула всушност се појавува и кој ја објаснува :)

Можеби вие ќе ме просветлите, ќе извадете старите книги од Египет, Месопотамија, можеби Индија и нивните Тантра техники или пак ете Телема како нешто „ново“ - па ќе најдете од каде е тоа 0=2, толку далеку од сите ствари што во поезија си ги кажавте тука...
Сосема небитно.
Уживај си.
 
Последно уредено:
Сакате множински или индивидуално, наместо да се прпелкате, храбро одговорете!
Што е толку страшно да си го кажеш убедувањето на културен начин?

Мојот Бог е Личност!

Ајде повелете: кратко и јасно! Нема да боли.:)
А кој ти е крив што не разбираш? Еве ти уште еднаш:
Да му прилепиш личност на битие за кое тврдиш дека е апсолутно, значи да го ограничиш, да го сведеш на одредени карактеристики, да го релативизираш и претвориш во конкретен лик. Тоа повеќе не би бил Господ, Апсолут, туку демијург, битие условено и ограничено од дуалноста. Но како би го знаеле вие ова, кога единствениот начин ви е вербата! Вие не се трудите да осознавате, сите пракси и методи за спознавање ги демонизирате и прогласувате за лажни, опасни, ѓаволски! Вие верувате! Не осознавате, не спознавате, туку слепо верувате во сказни каде вода се претвора во вино, каде растенијата се постари од сонцето, каде змии си муабетат со луѓе.... И да биде иронијата поголема, нас ни префрлате за фантазирање....
П.С. Ти не дискутираш за да го разбереш соговорникот! Да беше така, немаше да истресеш глупост дека суштината на Телемата била да правиш шго сакаш. Ти се обидуваш по секоја цена и без разбирање да го дискредитираш сето она што не го разбираш! Тоа е неописливо подло и мизерно![DOUBLEPOST=1480048549][/DOUBLEPOST]
Па така кажи! Не се срами да кажеш дека прастарото идолопоклонство се обидуваш да го продадеш како нешто ново, пакувајќи го во разни целофани, за да не биде препознаено од неупатените и неутврдените во Христос!
Нема поголем идол од тоа бесконечниот Бог да го сведеш на личност, на суштество со конкретни карактеристики, со име, со пол, со очекувања..... да го одвоиш од се останато, да тврдиш дека е неспоив со креацијата! Да тврдиш дека од негова перспектива постојат добро и зло! Тоа е врв на создавањето идол. Тие ,,целофани" за кој зборуваш, се алегории на бесконечното а не идоли! Паганството ако се свати правилно итекако е посупериорно од буквалистичното и трагикомично христијанство каде змии прават муабет а лавови пасат трева. Хиндуизмот на пример има стотици милиони божества, но сите тие се манифестации на природата, на универзумот - на Браман. Слично е и кај многу други пагански божества.[DOUBLEPOST=1480054448][/DOUBLEPOST]
да знаеш дека секојпат кога ќе застанеш пред огледалото на безличноста , тоа што ќе видиш во него е всушност твојот одраз.
Тој ,,одраз" е и причината поради кој постои оваа реалност. Универзумот е одраз на Бог, негова манифестација, а ние сме одраз на универзумот.
Токму затоа концептите како ,,добро" и ,,зло" се илузија, постојат само на лично - субјективно ниво - тие се ,,одраз" на перцепцијата на оној што доживува одредено искуство. Е сега, некој доаѓаат до ова сознание и тука запираат, заклучуваат дека тој одраз е илузија и дека поради тоа е невреден. Тоа е подеднаква заблуда како и ставањето на тој ,,одраз" на пиедестал и негово прогласување за апсолутен, при што се создава догма - религија каде конкретен ,,одраз" се прогласува за апсолутна вистина.
Првиот случај се однесува на мистиците, тие сватиле дека реалноста е еден вид илузија и решиле да ја сметаат за причина поради која се јавува страдањето, затоа го игнорираат материјалното со цел да се ослободат од вечниот циклус на страдање. Но всушност се што прават е потиснување на дел од својата природа и уништување на целиот потенцијал што оди со него.
Вториот случај се верниците, тие спротивно на мистиците, овој ,,одраз" го прогласуваат за апсолутна вистина. Проблемот е во тоа што колку што има перспективи, толку може да има и симболи (одрази), но бидејќи за нив постои само еден, влегуваат во конфликт со се што е различно од нивното.
Третиот случај се правците како што е Телемата. Ние доаѓаме до заклучокот до кој доаѓаат и мистиците, но за разлика од нив, не сметаме дека тој ,,одраз" е безвреден, напротив, сваќаме дека токму тој е причината поради која постои реалноста. Секој човек е подеднакво центар на универзумот, дел од Бог, манифестација на апсолутноста во релативна - конечна форма.
 
Последно уредено:
Значи неверојатно е колку си ти глуп..... Море цреп еден! Ако тлото се помера по 4 километри годишно, тогаш како може ден денеска тие градби да покажуваат кога е рамнодневица, долгодневица и краткодневица?! Сонцето и ѕвездите ќе одат по градбите?! Како ќе бидат слични и исти кога секоја година треба да бидат минимум 4 километри подалеку од местото каде што биле?

Генијалецу, сам на себе си противречиш, а одговорот веќе ти го дадов. Камените опсерватории не се толку стари колку што ти би сакал да бидат стари, а Земјава не е униформна во својата историја како што ти би сакал да биде униформна.[DOUBLEPOST=1480061779][/DOUBLEPOST]
Потопот бил е и ќе си остане бајка.
.

А за Телемитите, вистинито е само она кое е се случило во далечната историја а за што не постои ничие сведоштво.[DOUBLEPOST=1480061880][/DOUBLEPOST]
Ако карта од пред неколку векови ја прикажува европа во ист облик, значи дека последните 5 века, немало движење од 4 километри годишно на плочите, тоа значи дека минималната брзина мора да биде поголема за да може растојанието од 11000 километри да се случило за наводниот временски период. А тоа е невозможно.

Сам на себе си ги олеснуваш работите, а не даваш никаков конкретен одговор на конретно и поставено прашање.

Јас не те прашувам како бил Светов пред 500г., туку пред 4 000г.
 
Генијалецу, сам на себе си противречиш, а одговорот веќе ти го дадов. Камените опсерватории не се толку стари колку што ти би сакал да бидат стари, а Земјава не е униформна во својата историја како што ти би сакал да биде униформна.[DOUBLEPOST=1480061779][/DOUBLEPOST]

А за Телемитите, вистинито е само она кое е се случило во далечната историја а за што не постои ничие сведоштво.[DOUBLEPOST=1480061880][/DOUBLEPOST]

Сам на себе си ги олеснуваш работите, а не даваш никаков конкретен одговор на конретно и поставено прашање.

Јас не те прашувам како бил Светов пред 500г., туку пред 4 000г.
Со инка не се става, да се ставаше ќе имаше можеби некаква шанса за тебе. Вака верувај си дека амазон и јужна америка биле споени со блиски исток пред 4000 години.
 
Со инка не се става, да се ставаше ќе имаше можеби некаква шанса за тебе. Вака верувај си дека амазон и јужна америка биле споени со блиски исток пред 4000 години.

О‘кеј, а ти продолжи да веруваш дека Земјиниот изглед е идентичен низ целата Земјина историја, односно, верувај во нешта кои не се докажливи на ниту еден начин, понајмалку докажливи од записи од очевидци.
 
Не бе ич не се докажани, децава по школиве саде лаги учат, наместо ,,објавени вистини" за тревопасни тигри, сонца што стојат у место и змии што муабетат со луѓе.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom