Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Само зборови, ништо не искусено.
Робу, кој те прелажа на збор

Зошто ти не најдеш помирување на спротивностите, бог и роб?
До кога од едното ќе бегаш ,а кон другото ќе тежнееш?
Постирате цитати, а до истите не се држите.
Нема рамнотежа, а проповедате нов еон...тотален промашај од некој ваши членови,меѓу кој си и ти.

Тогаш нема рамнотежа ни кога ќе прифатиш да бидеш роб пред некаков Бог. Единствено ќе се воспостави рамнотежа доколку Бог е Бог, а не роб. Не можеш да ставиш на иста вага црв и Бог. :)
 
Пак глупости зборување колку да се глагола... не е ова дискусија, ова е онака, ај ќе пробам да навредам :)

Кој прашуваш во множина?
Мене или ги прашуваш Телемитите за боговите? :)
Ако е второто - навистина докажа дека не знаеш ништо за Телема!

Каде прочита дека јас некогаш сум зборувал за богови, на форумов, за разлика од вас кои отековте со вашето дрдорење за тоа колку верувате во богот Исус и што се е исус според вашето верување, кое што не е лично бидејќи сепак црквата над се, нели?

И што ти значи тоа „безличен“ бог?
Пак со она личносен бог... како беше, ајде потсети ме :)

Да му прилепиш личност на битие за кое тврдиш дека е апсолутно, значи да го ограничиш, да го сведеш на одредени карактеристики, да го релативизираш и претвориш во конкретен лик. Тоа повеќе не би бил Господ, Апсолут, туку демијург, битие условено и ограничено од дуалноста. Но како би го знаеле вие ова, кога единствениот начин ви е вербата! Вие не се трудите да осознавате, сите пракси и методи за спознавање ги демонизирате и прогласувате за лажни, опасни, ѓаволски! Вие верувате! Не осознавате, не спознавате, туку слепо верувате во сказни каде вода се претвора во вино, каде растенијата се постари од сонцето, каде змии си муабетат со луѓе.... И да биде иронијата поголема, нас ни префрлате за фантазирање....
Сакате множински или индивидуално, наместо да се прпелкате, храбро одговорете!
Што е толку страшно да си го кажеш убедувањето на културен начин?

Мојот Бог е Личност!

Ајде повелете: кратко и јасно! Нема да боли.:)
 
Браво за заклучокот за тоа што јас знам, а што јас не знам во својот сопствен живот. Тоа судење е веќе позната особина на робовите кои што сакаат да робуваат и други луѓе со нив, ама нема.
Телемит сум и слободноумен човек.

П.С - плукам на вашите незаситни вери! :)

93 93/93
Само инфо, не припаѓам на ниедна религија ниту следам некоја филозофија.
И покрај тоа не се фалам со слободоумие.
Браво за тебе, во слободоумието плукањето е врв. Топ си дечко , продолжи така.
 
Што зборуваш бре? Каков ти е овој неприроден синкретистички спој од христијански, гностички и пагански елементи?



Понатаму ќе ја спознат и Евринома, уште понатаму Руха и на крај ќе дојдат до оригиналниот лик на Непоменикот, само нека внимаваат да не се свестат предоцна.

Не се сеќирај малечок за Телемитите, ти благодарам што се грижиш во секој случај, но се свестиле одамна тие дека ти и твојата црква го славите тој Демијург. Такви ми се тие пагански, христијански и гностички елементи чисто да ве потсетам дека демиург е вашето централно божество сакале или не. Оти нели, вие го величевте оној кој што го создаде материјалното и човекот, a кога нештата ќе ви тргнат наопаку, измисливте трет Бог (сатана) за да биде виновен за тие нешта. :D

А Плерома, единствена Плерома кон која што се стремите е да создавате робови! И никаква Боженственост нема во тоа[DOUBLEPOST=1480027232][/DOUBLEPOST]
Само инфо, не припаѓам на ниедна религија ниту следам некоја филозофија.
И покрај тоа не се фалам со слободоумие.
Браво за тебе, во слободоумието плукањето е врв. Топ си дечко , продолжи така.

Тогаш ти си го достигнал врвот... оти што мајка бараш на тема религија кога

1. немаш појма
2. плукаш на туѓо, а велиш дека плукањето е врв

:D

П.С како ќе се пофалиш со своето слободоумие кога го немаш?

93 93/93
 
Тогаш нема рамнотежа ни кога ќе прифатиш да бидеш роб пред некаков Бог. Единствено ќе се воспостави рамнотежа доколку Бог е Бог, а не роб. Не можеш да ставиш на иста вага црв и Бог. :)
:( Што стана со нулата, тројца изброив во текстот...тој што прифаќа , бог и роб..црвот не го броиме.
Појма немаш!
НУЛА значи не постои ниту бог, ниту роб,уште помалку не постои ниту кој да избира.
Најдобра рамнотежа има кога не постои дуалност во мислите, тогаш се јавува чистата волја.
Обрати се кај менторите да те подучат, да не се брукаш тука со вакви испади.
 
Како не ти е срам да лажеш!

Не ми е грижа за тоа што веруваш ти како личност.
Не те прашав да ми кажеш, твое верување - ако веруваш така, во ред. :)

Чудна потреба да се зборува за боговите :)

П.С. Твојот бог е таков, тогаш сигурно има и други богови, различни од твојот - со сосема други атрибуции. Нечиј туѓ бог...
 
Не се сеќирај малечок за Телемитите, ти благодарам што се грижиш во секој случај, но се свестиле одамна тие дека ти и твојата црква го славите тој Демијург.

Не знаеш што зборуваш. Едитирано од модератор.
Еве ти го комплетното разобличување на Демијург и останатите бројни небулози во дело напишано уште во II век од Новата Ера.

CHURCH FATHERS: Against Heresies (St. Irenaeus)
 
:( Што стана со нулата, тројца изброив во текстот...тој што прифаќа , бог и роб..црвот не го броиме.
Појма немаш!
НУЛА значи не постои ниту бог, ниту роб,уште помалку не постои ниту кој да избира.
Најдобра рамнотежа има кога не постои дуалност во мислите, тогаш се јавува чистата волја.
Обрати се кај менторите да те подучат, да не се брукаш тука со вакви испади.

Не ти е крива мојата онтологија што се пронаоѓаш во текстот како роб, та да ја критикуваш. Да 0=2

Јас сум Бог, а ти роб. (тоа веќе знаеме)
И двајцата сме еднакви на 0.

Јас и ти, 2 посебни центри,
Таа - 0 обем што никаде не се наоѓа

И двајцата сме од Неа, само некој е во согласност со неа, а друг е против Неа. Тешко нему :)

93 93/93
 
Тогаш ти си го достигнал врвот... оти што мајка бараш на тема религија кога

1. немаш појма
2. плукаш на туѓо, а велиш дека плукањето е врв

:D

П.С како ќе се пофалиш со своето слободоумие кога го немаш?

93 93/93
1. Знам, дека ништо незнам.
2.Во безличноста нема врв ниту дно,кој се навредил нека му стои.

Хепта ќе ти го објасни бр.2
 
Не знаеш што зборуваш. Да не си пијан?
Еве ти го комплетното разобличување на Демијург и останатите бројни небулози во дело напишано уште во II век од Новата Ера.

CHURCH FATHERS: Against Heresies (St. Irenaeus)

Со Against Heresies ќе ми докажуваш и укажуваш за Гностицизам - робу еден? Дали си воопшто нормален?
Да кажеше пример со Nag Hammadi да те разберев, вака... смешен си ми. :)[DOUBLEPOST=1480028266][/DOUBLEPOST]
1. Знам, дека ништо незнам.
2.Во безличноста нема врв ниту дно,кој се навредил нека му стои.

Хепта ќе ти го објасни бр.2

Се гледа дека ништо не знаеш, да те праша човек кој го рекол тоа и тоа не знаеш. Не е трагичното во тоа што не знаеш, трагично е тоа што не сакаш да знаеш.
Да јас плукам на вашите незаситни вери и тоа си нема врска ниту со врв ниту со дно. Но со мојата плунка на вашите догми :D
 
Не знаеш што зборуваш. Да не си пијан?
Еве ти го комплетното разобличување на Демијург и останатите бројни небулози во дело напишано уште во II век од Новата Ера.

CHURCH FATHERS: Against Heresies (St. Irenaeus)
Тука нема никаков доказ само став на еден лик контра став на друг.
Иста тежина на аргументи има и било кој пагански, будистички хиндуистички муслимански... текст.
 
Со Against Heresies ќе ми докажуваш и укажуваш за Гностицизам - робу еден? Дали си воопшто нормален?
Да кажеше пример со Nag Hammadi да те разберев, вака... смешен си ми. :)

Почна да се губиш. Јас не те цитирав за да ти докажувам и укажувам на Гностицизам и нивните верувања, туку те цитирав за да ти одговорам на твојата клевета дека јас и мојата Црква го славиме тој Демијург. Нема сигурно со Nag Hammadi да го оправдувам и образложувам Христијанството.

Концентрирај се!
 
Не ти е крива мојата онтологија што се пронаоѓаш во текстот како роб, та да ја критикуваш. Да 0=2

Јас сум Бог, а ти роб. (тоа веќе знаеме)
И двајцата сме еднакви на 0.

Јас и ти, 2 посебни центри,
Таа - 0 обем што никаде не се наоѓа

И двајцата сме од Неа, само некој е во согласност со неа, а друг е против Неа. Тешко нему :)

93 93/93
Немам проблем со било што да се идентификувам,секоја помисла за себеси можам да ја носам и не ми тежи,тоа е одлика на безличноста .Што и да помислиш тоа сум,за жал не е таков случај кај другите.Секој бега од тоа со кое не сака да се идентификува, со еден збор стануваат робови на своите емоции и своето его. :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom