Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Повеќе сакам прости луѓе со добро однесување отколку паметни што немаат основен код на понашање.
Да ги зачиташ на фб во групата да видиш колку е одвратна целата слика, нагоре надолу со маусот ништо позитивно, ништо убаво, да има некој нивен убав поглед на светов. Ништо позитивно, само ќе плукаат дури не се удават во сопствените лиги.
Зошто и да зборувам на сите човечки јазици и на ангелски ...
Па тоа само потврдува дека последниот производ на науката(интернетот) е место за конфликти затоа што секој или одредена локална група има неотуѓиво право да си живее во својата заблуда дека е нешто посебен или пак во право со неговите ставови кои се обидува да им ги наметне на другите.(тоа е огромен генератор на негативна енергија,завист, фалбаџиство, злоба и љубомора)
Тоа не е случај со религијата. Таа иако е автократија, ни го нуди мирот и компромисот од своите корици.
Причината зошто го избришав ФБ и останатите социјални апликации е токму таа.
Не ми треба да научам како да се компромитирам, тоа веке го знам и го видов од другите. А, ако има нешто друго да понуди интернетот како библијата на пример, сигурно дека ке го искористам.
 
Последно уредено:

Znaci internet e los religijata e dobra....Aham. Ok potsetime koga posleden pat imase vojna i zrtvi od naucniov proizvod?
 
Две курви одат по својот пат некаде низ животот.
Богот на Земјата еден ден решава одеднаш да и ги прости сите грешки на едната, a на другата ниту една грешка не и простува, дури и најмалата.

Што следува откако некој старо-еонски „мудрец“ доаѓа до запишана ваква сказна?

Од искуство на форум, тв и реално во живот:
Христијани, муслимани и останати старо-еонски „мудреци“ ќе тролаат и даваат телесни мудрости зошто едната, зошто не другата, ќе бараат секакви „докази“ за овие или оние тврдења во однос на божественото (како да се тие богови или дел од богот) создавајќи мал милион учења од еден очигледен факт секогаш повикувајќи се на виртуелна Црква која е една, ама толку многу расцепкана заради тие телесни мудрувања што веќе нема смисла истата, освен ако не е некој таен иницијаторски систем непознат за мирјани!

Еден Телемит пак во однос на оваа сказна би ти рекол:
Односот на поединецот со божественото е внатрешна работа која трае тука на Земјата до Големата Смрт на Телото како машина за искуства на Земјата и е највнатрешна света и најтајна работа која може човек да ја има и која не може и не смее да ја каже на никој.
Ако не си по курви, гледај си го патот е другиот одговор, наменет за наметливци!

Ова така, summa sumarum на овдешниве „мудрувања“, телесни и налудничави и фантомски итн итн...

Две курви одат по својот пат некаде низ животот.
Богот на Земјата еден ден решава одеднаш да и ги прости сите грешки на едната, a на другата ниту една грешка не и простува, дури и најмалата.

Што следува откако некој старо-еонски „мудрец“ доаѓа до запишана ваква сказна?

Следува дека ти имаш многу слабо познавање на Христијанството, бидејќи истото да го познаваше малку подобро, би знаел дека не решава Богот на Земјата да ѝ ги прости сите грешки на едната, а на другата да не ѝ прости ниедна грешка, туку дека едната од нив искрено се покајала за своите поранешни гревови пред Господ Бог и решила да не греши повеќе, а другата - не.
 
Од текстов да заклучиме дека Стариот Египет со својата философија, ритуали, иницијации и учења и те како се Светлина на Светот дури и денес, иако тајно и не многу експонирано со злато и огромни храмови, како христијанските денес - а исто како храмовите на Озирис во Стариот Египет :)
Повторно она твоето: CTRL+F и бараме Хорус, Jesus и останато...?

Не бесцелно христијаните очајно ги мразеле гностиците и ги замолчувале, а нивните дела ги уништувале надевајќи се дека ќе исчезнат!
Има многу повеќе вистина кај гностиците кои не одрекувале дека наследиле учење (бидејќи знаеле што добиле), отколку кај христијаните - ако ме прашуваш мене.

Како може да има многу повеќе вистина кај гностиците чии пишани дела претежно датираат од III век, наспроти новозаветните книги кои се напишани во I век?

Kaко можеш да ги отфрлиш случките опишани во новозаветните Евангелија, а да ги прифатиш наводните случки во Pistis Sophia, книга напишани околу 150 години подоцна? Како може Pistis Sophia да ти е поверодостојна?

Како што гностиците ги менувале оригиналните христијански текстови и си ги прилагодувале како им одговара ним, вметнувајќи им персиски, старогрчки и други пагански учење, така и муслиманите искористиле делови од овие гностички текстови, давајќи им арапски шмек и прилагодувајќи си ги за својата нова религија, за да можат истиве да ги внесат во Куранот, како што можеш да видиш овде:

http://forum.kajgana.com/threads/Прашања-за-Исламот-iii.66309/page-455#post-7230335

Kaко може плагијат и фалсификат да ти биде многу повистинит од оригинал?
 
Последно уредено:
Како може да има многу повеќе вистина кај гностиците чии пишани дела претежно датираат од III век, наспроти новозаветните книги кои се напишани во I век?
кај може да се видат пишаните новозаветни книги од први век?
каде се чуваат?
 
Нема потреба да се навраќаш на стари муабети откако загази со новите муабети, не мислам назад да се враќам и да се валкам во калта со тебе.
Ако ти не можеш да најдеш докази за вистинитоста на гностиците и нивното наследство изучувајќи ги постарите учења на светот, твој проблем... ;)
Ете ти го христијанството, православно и терај си патот.

Не мислам да те учам тука на форум зошто и како...
 
Го докажа горното четиво со овој твој коментар во врска со припадниците на старо-еонските философии... :facepalm:

A во ново-еонските филозофии претпоставувам дека Бог треба да му се покори на човекот и да го моли за да дојде кај Него, нели?
 
Седни па научи и ќе знаеш што ќе вели, не вака...

Ете ти од сказната:
истем
Еден Телемит пак во однос на оваа сказна би ти рекол:
Односот на поединецот со божественото е внатрешна работа која трае тука на Земјата до Големата Смрт на Телото како машина за искуства на Земјата и е највнатрешна света и најтајна работа која може човек да ја има и која не може и не смее да ја каже на никој.
Ако не си по курви, гледај си го патот е другиот одговор, наменет за наметливци!

Е сега, ако не си по курви, гледај си патот.
Лесно е да ја разбереш сказната, но не сакаш - не ти чини ...
Има кој да ја разбере, ќе стои тука подолго од што имате вие слободно време на Земјата ...
 
A во ново-еонските филозофии претпоставувам дека Бог треба да му се покори на човекот и да го моли за да дојде кај Него, нели?
Не, во новиот Еон, човекот осознава дека е дел од Бог, а со тоа и самиот дека е Бог. Покорувањето е во Еонот што е зад нас, каде човекот стравуваше од некоја суперболична татковска фигура што го гледа секој момент од неговиот живот на земјата и му суди.
 
Абе што му кажуваш површно, @121314 гностиците ги направи христијански секташи, не пак ова твоето ...
Ќе те испогани :D

„THE process of making Scripture history from the Egypto-gnostic remains, without the gnosis or science of the ancient wisdom, may be seen approaching its climax in the Book of Revelation attributed to John the divine.“

— Ancient Egypt: The Light of the World, Gerald Massey
 
Нема потреба да се навраќаш на стари муабети откако загази со новите муабети, не мислам назад да се враќам и да се валкам во калта со тебе.
Ако ти не можеш да најдеш докази за вистинитоста на гностиците и нивното наследство изучувајќи ги постарите учења на светот, твој проблем... ;)
Ете ти го христијанството, православно и терај си патот.

Не мислам да те учам тука на форум зошто и како...

Грешиш! Јас најдов докази за нивната вистинитост, туку прашањето е ти дали најде?

Еве ти две такви гностички вистини:

1.

114. Simon Peter said to them, "Make Mary leave us, for females don't deserve life."

Симон Петар им рече:"Марија нека не напушти нас, зашто жените не заслужуваат да живеат".

Jesus said, "Look, I will guide her to make her male, so that she too may become a living spirit resembling you males. For every female who makes herself male will enter the kingdom of Heaven."

Исус одговори:" Види, јас неа ќе ја направам машко, така што таа ќе може да стане жив дух кој личи на вас, машките. Секоја жена која ќе се направи себеси машко, ќе влезе во Царството Небесно"

The Gospel of Thomas - Parson Tom

2.

Another angel, Saklas, also came from the cloud.

“The twelve rulers spoke with the twelve angels: ‘Let each of you [52] […] and let them
[…] generation [—one line lost—] angels’:

The first is Set, who is called Christ.

“Then Saklas said to his angels, ‘Let us create a human being after the likeness and after
the image.’
They fashioned Adam and his wife Eve, who is called, in the cloud, Zoe.

Gospel of Judas - National Geographic

И спореди со Битие 1:27

И го создаде Бог човекот според образот Свој, според образот Божји го создаде; машко и женско ги создаде.

Дали Бог го создаде човекот како што се тврди во Битие, или ангелот Саклас го создаде човекот, како што се тврди во апокрифното евангелие по Јуда?

Секој кој има барем просечно познавање на Христијанството веднаш може да согледа дека вакви изнесени гностички вистини немаат ништо заедничко со Христијанството и со Господ Бог Исус Христос и претставуваат директна спротивност на Неговото учење.

Како ти тоа не можеш да го согледаш, за мене останува мистерија. Дали се работи за непознавање, за пакост или за нешто сосема трето и ШТО?;)
 
Последно уредено:
Дали Бог го создаде човекот како што се тврди во Битие, или ангелот Саклас го создаде човекот, како што се тврди во апокрифното евангелие по Јуда?
Пак истото... Знаеш што вика твојот соверник Мики на вакви прашања? Да му покажеш каде има рецепт за сарма од лозов лист. Нели Бог не се замарал со детали? Од каде знаеш дека не го создал човекот со помош на ангели? Како може да игнорираш нешто за кое веќе сме дискутирале?
 
Знам знам ти со твоето CTRL+F и на секои 60 страници наоѓаш расфрлани зборчиња што го содржат зборот што го бараш градиш огромни „вистини“, знам.

Ајде уште еднаш да те потсетам на сказната. Ќе ми стане апсолутен одговор на се што ќе тролате со вашето fast and furious CTRL+F за да ми одговорите...

Христијани, муслимани и останати старо-еонски „мудреци“ ќе тролаат и даваат телесни мудрости зошто едната, зошто не другата, ќе бараат секакви „докази“ за овие или оние тврдења во однос на божественото (како да се тие богови или дел од богот) создавајќи мал милион учења од еден очигледен факт секогаш повикувајќи се на виртуелна Црква која е една, ама толку многу расцепкана заради тие телесни мудрувања што веќе нема смисла истата, освен ако не е некој таен иницијаторски систем непознат за мирјани!
[DOUBLEPOST=1466199530][/DOUBLEPOST]
Како може да игнорираш нешто за кое веќе сме дискутирале?

Не игнорира, заборава.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom