Еве и други вметнати гностички текстови во Куранот. ЗОШТО!?
Но пред сè, крадењето на текстови од Светото Писмо и интерпретирање како свои сопствени, ги надминува сите граници!
ne se raboti za nikakvi metnati gnosticki tekstovi .
Тешко на оние кои пишуваат книги со рацете свои за потоа да речат : „Ова е од Аллах"- за да прибиват малку корист; и тешко на оние кои со својата рака пишуваат такво нешто, и тешко ним кои на таков начин печалат!
Објавувањето на Книгата, во која нема сомнение , е од Господарот на световите. Или зборуваат "Тој го измислува." Но, не! Тоа е вистина од Господарот твој за да го опоменуваш народот кому не му е дадена опомена, пред тебе, за да се упатат. (Ес Сеџде 32 ајет 2-3)
И за сето искажано Аллах дава дознаење и вели:
Речи: Што мислете, ако е Куранот од Аллах, а вие во него несакате да верувате - кој е тогаш во поголема заблуда од оној кој во противречности е далеку од вистината? (Сурах Ал - Фусилет 41 (ајет 52)
Аллаховиот гласник Мухаммед с.а.в.с е последниот пратеник испратен од Семоќниот Господар, пратен до целото човештво, испратен како милост на световите, како што веќе напоменавме, и објавата испратена до него (Куранот) е испратена за сите времиња и за сите народи, за сите светови.
Куранот вели: И Ние те исративме само како милост на световите! (Сура Ел Енбија 21 ајет 107)
vie i kako mnogu drugi posakuvate da mu vmetnite na Muhamed. .a s deka kopiral od razni dugi gnoosticki i drugi religiozni knigi
Еден историски факт е доволен да докаже дека ова тврдење е грешно: и тоа е дека Мухаммед с.а.в.с незнаел да чита и да пишува!
Па како може личност која не знае да чита и да пишува да напише ваква книга како сто е Куранот ? Куранот го потврдува тоа и вели:
Ти пред неа не кажуваше ниту една книга, а не ја пишуваше ни со твојата десна рака... во овој случај ќе се посомневаа оние кои навистина зборуваа....(Сурах Ел Анкебут 29 ајет 48-49)
Во овој ајет Аллах с.в.а ни кажува дека пред Куранот ниедна друга книга не кажувал Мухаммед, и во овој случај се отфрлаат лажните препишувања на Мухаммед с.а.в.с дека копирал од други религиозни скрипти. Аллах с.в.а знаеше дека луѓето ќе расправаат за изворот на Куранот па затоа одбра последниот Гласник да биде човек кој не знае да чита и да пишува, за луѓето да не се сомневаат, или тие што се сомневаат да немаат факт да докажат дека Куранот го пишувал Мухаммед с.а.в.с Па Аллах вели:
Објавувањето на Книгата, во која нема сомнение , е од Господарот на световите. Или зборуваат "Тој го измислува." Но, не! Тоа е вистина од Господарот твој за да го опоменуваш народот кому не му е дадена опомена, пред тебе, за да се упатат. (Ес Сеџде 32 ајет 2-3)
Исто така има луѓе кои велат дека: Мухаммед с.а.в.с копирал од Библијата.
Еден историски факт е доволен да докаже дека и ова препишување е невистинито, е фактот дека Мухаммед с.а.в.с незнаел да чита и да пишува! Но за луѓето за кои овој факт не е доволен, Куранот вели:
Оние кои го следат гласникот пејгамбер, кој не знае да пишува и да чита, кого го наоѓаат заведен кај нив - и во теврат и во инџил и кој им наредува добро и им забранув зло..... (Сурах Ел Араф 7 ајет 157)
Овој ајет од Куранот вели дека Мухаммед с.а.в.с кој не знае да чита и да пишува, е заведен и во Библијата, во Стариот завет и во Евангелијата.
Ако ја читаме Библијата во Книгата на пророкот Исаија 29 (ред 12) се вели: И му ја даваат книгата на оној кој не знае да чита, и велат: >прочитај ја< и тој одговара > Не знам да читам.<Куранот вели дека Мухаммед е спомнат во Библијата, и ако ја отворите Библијата навистина е таму, па како препишувал Мухаммед с.а.в.с кога и Библијата го наговестува дека ќе биде Божји Гласник???
А Мелекот Џибрил (Габриел), кога за прв пат му се обрати на Мухаммед с.а.в.с Беше со зборовите ИКРЕ (учи,читај) а Мухаммед одговара: МА АНА БИ КАРИ (незнам да читам) Точно како што се вели во пророштвота на Библијата, па како може да тврдат дека Мухаммед копирал од Библијата кога Библијата зборува за Мухаммед с.а.в.с дека ке биде Божји гласник? [DOUBLEPOST=1430761362][/DOUBLEPOST]
Е па овај гледаш на сајтот е оценет како многу веродостоен.
Друго - "ланец на пренесувачи" , со овој збор можеме и целиот Куран да го покопаме и да кажеме
"Да ли навистина е така, да ли е препишено добро"
ПОЈАВА НА АПОКРИФНИ ХАДИСИ
Апокрифен (мевду) хадис е оној хадис кој некој го измислил и му го препишал на Мухаммед а.с. како тоа тој дека го рекол .
Ова се најлош вид на слаби (даиф) хадиси кои хадиските ученици во потполност ги отфрлаат. Па дури и не е дозволено да се пренесуваат, освен кога се сака да се укаже на нивната апокрифност. Секој кој намерно би пренесол некој , макар и еден апокрифен хадис се сврстува во редот на лажговците на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., па макар и намерите да му бидат и најплеменити, освен ако сака да укаже на неговата апокрифичност, за кои јасно укажуваат овие зборови на Мухаммед а.с. : ,,Кој пренесе еден хадис, знаејќи дека е лажен, и тој е еден од лажговците на мене.” (1)
И не само тоа, секој кој е непретпазлив во пренесувањето на хадисите и пренесе се што слушне од она што му се препишува на Ресулуллах, не познавајќи ја вредноста и степенот на тоа предание, истотака се смета за лажго на Аллаховиот Пратеник а.с. што јасно може да се заклучи од следната изјава на Пратеникот а.с.:,,Доволни се лагите на еден човек, ако пренесе се што слушне.(без проверување)!” (2)
Во време на Мухаммед а.с. не се знаело за апокрифни преданиа. Заправо, тие и не постоеле, пошто неговите современици биле до таа мера доверливи и искрени, да воопшто и не знаеле што е тоа лага. Меѓутоа, и покрај тоа има истражувачи, меѓу кои е и Ахмед Емин, кој тврди дека апокрифните хадиси се појавиле уште во времето на Мухаммед а.с. тие твредња ги темели врз хадисот : ,, Кој на мене нешто намерно излаже, нека си припреми за себе место во Џехеннемот.` кој според него овој хадис е изговорен , токму заради тоа што некој изговорел нешто што го нема пренесено Ресулуллах а.с. Веднаш да кажеме дека ваквото уверување е неточно и неосновано. Наведениот хадис Мухаммед а.с. го изговорил, а во тоа се согласуваат сите исламски ученици , како превентива да не би дошло до тоа да се појави разединетост и расцепеност помеѓу муслиманите, која ја навестил во повеќе изреки.
Од политичките партии и групации кои учествувале во измислувањето на хадисите, најповеќе ги измислувале рафидиите. Имамот Малик б. Енес за рафидиите го рекол следното: ,,Немојте со нив да имате никаков контакт, ниту било што од нив да прифаќате. Тие се најголеми лажговци (13) Серик б. Абдуллах ел-Кади, еден о умерените ши`и вели: ,,Хадисите ги прифаќав од сите, освен од рафидиите.Од нив не прифатив не еден хадис, пошто знаев дека тие сами си измислуваат хадиси кои подоцна ги сметаат како шеријатски аргументи. (14)
Хаммад б. Селемех вели дека еден рафидиски шејх рекол дека тие кога и ќе слушнеле некоја мудрост на своите состаноци тоа ќе му го припишале на Ресулуллах и го прогласувале за хадис. (15)
Од хадисите кои рафидиите ги измислиле најповеќе ги има од оние во кои се величи х. Алија , каде е воздигнат над останатите асхаби. Еве неколку апокрифни хадиси во тој смисол:
,,Аллаховиот пратеник, враќајќи се од хаџџ, во местото Гаф-дтру Хамму ги собрал асхабите, пред него, го зема Алија за рака и вели: ,,Ова е моја порака до вас, ова е мој брат и халифа после мене, кого сте должни да го слушате и да му се покорувате. Јас сум вагата и ризницата на знаењето, а нејзините тасови се Алија.”. ,, Љубовта спрема Алија е доброчинство, кое никакво лошо дело не ќе може да го смали.” Покрај хадисите кои го величат Алија, и кои ги има околу триста илјади, рафидиите измислиле и многу други во кои се напаѓаат останатите асхаби. Така го измислиле хадисот во кој се вели дека асхабите го испратиле Кунфуз да ја изкамшикува х. Фатима. Во моментот додека Кунфуз камшикувал, а Омер ја држел, Хасан и Хусеин плачеле а таа на помош го повикувала својот татко.” (16)
Некои приврзаници на Ехли- суннетовиот правец пак, со желба да ги заштитат поедини асхаби од нападите, почнале да измислуваат хадиси во кои се величи Ебу Бекр, Омер, Осман и др. и да го понижуваат Алија. Така го измислиле хадисот : ,,Нема лист во Џеннетот на кој не е запишано ЛА ИЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ и имињата на Ебу Бекр, Омер и Осман и сл.”
На ист начин и Омејовичи, а подоцна и Абазовичи, измислуваат хадиси во кои се величи Муавија и Аббас. На пример : ,,Тројца се Доверливи, па Џибрил и Муавија.” ,,Муавија ти си мој – јас сум твој.” ,,Аббас ти си моја опорака и мој наследник.” ,, Абас, кога ќе настапи 135 година по Хиџра, власта тебе ќе ти припадне и на твоите синови, Ес-Сефах, Менсур и Мехди.” и сл.
ХЕРЕТИЦИ И БЕЗБОЖНИЦИ
Херетиците и безбожниците измислувале хадиси, со таква содржина која не би можел да го прифати ни еден здрав разум, сакајќисо тоа да ги поколеба верниците во своето верување. Од бројните хадиси кои тие ги измислиле ќе наведиме само некои, и тоа ќе ни биде сосема доволно за да ги сфатиме нивните намери: ,, Го видов својот Господар, дури го видов и неговиот таџ кој беше украсен со драгоцени камења.”
,,Кога Аллах сакал да се создаде себеси, прво го создаде коњот кого го тераше додека не се испоти, и тогаш од таа пот се создаде себеси.” ,,Доматот е лек за сите болести.” ,,Погледот во убаво лице е ибадет.” и слично.
Од безбожниците кои ги измслувале хадисите , најповеќе има измислено Абдул-Керим б. Ебул Евџа. Пред самата негова смрт и самиот признал дека измислил околу четири илјади хадиси со кои го забранувал дозволеното, а ги дозволувал забранетите работи. Потоа следат Мухаммед б. Сеид Ел-Меслуб, Харис Ел Реззаб и др.
Хаммед б. Зејд вели: ,, Безбожниците измислиле четиринаесет илјади хадиси кои му се припишани на Ресулуллах .” (17)
Поедини Омејевски халифи, насетувајќи ја опасноста од безбожниците, почнале да издаваат наредби, во кои стоело дека сите кои учествувале во измислувањето на хадисите и со тоа ги скрнават прописите на шеријатот, да се погубат. Најригорозен во тој поглед бил халифата Ел-Мехди кој издал наредба за погубување на Абдул-Керим б. Ебул Евџа, Бејјан б. Сем`ан Ел-Мехдти и Мухаммед б. Сеид Ел-Меслуб. (17
Помеѓу категоријата на луѓе кои измислувале хадиси и ги припишувале на Ресулуллах а.с. се и проповедувачите и ваизарите. Овде пред се се мисли на ваизари и проповедувачи кои поседувале скромно верско знаење , а покрај тоа сакале да се истакнат, да би ги задоволиле масите. Тие измислувале хадиси, со таква содржина со која почесто успевале и да ги расплакаат слушателите. Во хадисите кои тие ги измислиле воглавно се навестуваат големи награди и севапи за секое и најмало добро дело. Како пример нека ни посужи апокрифниот хадис: ,, Кој рече: Ла илахе илла ллах, за секое изговарање Аллах ќе создаде птица со златен клун, и перја окитени со бесценети камења.” Имамот Сујути бележи дека Ахмед б. Ханбел и Јахја б. Меиин, двајца познати ученици, во една прилика присуствувале на Џума намаз во џамијата на Ер-Ресафе во Шам, кога на мимберот хатабот почна: ,,Ми кажуваше Ахмед б. Ханбел и Јахја б. Меин дека им рекол Абдурезак пренесувајќи од Катаде дека Аллаховиот пратеник с.а.в.с. рекол, при што цитирал подолг хадис. Слушајќи го тоа Ахмед б. Ханбел и Јахја б. Меин се загледаа. Потоа Ахмед го праша Јахја б. Меин : ,,Дали ти ова си го кажал?” - ,, Не сум,` му одговори. А дали ти си кажал? “ ,,Несум кажал” , рече Ахмед. Пошто заврши Џума му пријдоа на хатибот и го запрашаа кој му го кажал дотичниот хадис. А тој им одговори дека му го кажале Ахмед б. Ханбел и Јахја б. Меин . На што Јахја му рече: ,, Јас сум Јахја б. Меин, а ова е Ахмед б, Ханбел. Ние тој хадис прв пат го слушаме.” А хатибот се заврте кон масата луѓе и рече: ,, Не сум видел поголеми ахмаци од Ахмед б. Ханбел и Јахја б. Меин. Тие мислат дека само тие двајца така се нарекуваат. Јас сум пишувал хадис од седумнаесет Ахмеди б. Ханбели и Јахја б. Меини.” (18)
Некои неуки побожници, гледајќи дека светот попушта во извршувањето на поедини верски прописи и дека се одалечува од џамијата, почнале да измислуваат хадиси со кои ќе ги поттикнат луѓето на примена на шеријатските прописи, и на ибадет. Иако нивните намери биле племенити, тие со ваквите постапки му направиле мечкина услуга на исламот. Затоа некои исламски ученици со право ги вбројуваат во лажговци на кој се однесува хадисот: ,, Кој на мене намерно излаже, нека си припреми за себе место во џехеннемот.”
Од хадисите кои тие ги измислиле, најповеќе ги има од оние хадиси кои говорат за вредноста на поедини Кур`ански сури, за зикрот и вирдовите. Хадисите кои ги измислиле неуките побожници може да се распознаат по тоа што обично во нив за незнатно добро или лошо дело ветуваат големи награди или казни. Како на пример: ,, Кој клања Духа намаз толку и толку рекати, ќе има награда како за седумдесет пратеници. “ ,,Кој каже : ЛА ИЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ. Аллах од тоа ќе создаде птица која ќе има седумдесет илјади јазици, секој јазик на седумдесет илјади јазици ќе бара прошка за тој човек.” (19)
Делото ,,Делаилул-Хајрат” кого го поседуваат и мнозина верници исполнето е со апокрифни хадиси од ваква врста врз кои не може да се потпреме.
Кога го запрашале Нух б. Ебу Мерјем, кој признал дека измислува хадиси, зошто тоа го правел, тој одговорил: ,, Приметив дека светот повеќе посветува внимание на фикхот и историските дела, па ги измислив хадисите со значење за вредност на Кур`анот и Кур`анските сури да со тоа вниманието би им го скренал кон Кур`анот.
За хадиските ученици најтешко било да ги откријат лажните хадиси кои ги измислиле побожниците, зошто тие биле побожни прилично доверливи луѓе, па било многу тешко и да се претпостави дека тие себеси може да си дозволат такво нешто.
Појавата на апокрифните хадиси ги поттикнала уште повеќе хадиските ученици да уште повеќе се ангажираат околу работата на собирање, пренесување и чување на Ресулуллаховата традиција.