Дијатловата експедиција

  • Креатор на темата Креатор на темата КвикСилвер
  • Време на започнување Време на започнување
Повелете
http://russia.tv/video/show/brand_id/39685/episode_id/281403/video_id/281403/
линкот е од првиот дел од филмот,за вториот дел просто стиснете на Следујуштиј выпуск под видеото,исто така имате и транскрипт од дијалозите во филмот Текст со црвени букви )))
 
Последно уредено:
би било прекрасно да има превод на англиски
Повелете
http://russia.tv/video/show/brand_id/39685/episode_id/281403/video_id/281403/
линкот е од првиот дел од филмот,за вториот дел просто стиснете на Следујуштиј выпуск под видеото,исто така имате и транскрипт од дијалозите во филмот Текст со црвени букви )))
 
би било прекрасно да има превод на англиски
Nemam MK poddrska sry....ako ne zaboravam ke pobaram po netov,ama potrudete se i vie,,,znaci,sosema ista slucka.isto taka na ural,cinqm,se rabotese za 3-mazi,dodeka spijat za elezuvaat portokalova svetlina,niz satorot.......koj pokas o vleguva vnatre,vo ovalna forma ..nesto nalik plazma,lugeto se zdobivaat so teski povredi izgorenici ,ozraceni se ,mislam i deka 2-ca se mrtvi..bitno e da spomenam...deka se raboti....za dobro dokumentiran slucaj,od strana na policija,doktori,naucnici,,,,ako najdete link postirajte.......
 
Изгледа само јас сумњам у тој типот што ги напуштил неколку дена пред трагичната вечер. Ми стои дека е поврзано , и унапред планирано ова.
Mислиш дека ги убил, па се вратил дома и после неколку недели ги пронашле? А за тоа време он глумел болен?
 
Mислиш дека ги убил, па се вратил дома и после неколку недели ги пронашле? А за тоа време он глумел болен?

Не. Мислам дека знаел унапред што ги чека на овие , ништо чудно и да бил во договор со извршителите на делото.
 
6a719aa1fa841fef183905e2cd146803.jpg Гледав документарец на Дискавери, и сите траги според документарецов иако не се докажани ни официјални ниту пак неофицијално водат кон тоа дека се работи за Јети. Неодамна ( не знам пред колку време) е откриена слика од апаратот на некои од експедицијата со слика од фигура налик на Јети, а исто и во дневниците е забележано дека имале претчуство како некој да ги следи во текот на целата експедиција. Како подршка за оваа теорија се и бројните случаи пријавени за средби на локалните жители на сибир со Јети се до денешен ден. Оваа теорија дури е подржана и од академци од Москва. Сибир е колку пола земјина топка (копнена) така да никој не може да каже со сигурност дека таму се е испитано и дека се се знае.
Ова е истотак и видео снимено неодамна од деца од Сибир. Според направените анализи и на сликата и на видеото од страна на експерти од таа облас потврдено е дека не е фотомонтажа ниту видеото ниту сликата.

Во однос на тоеријата дека војската е вмешана, барем за тоа мислам дека доколку виделе некоја воена тајна или не знам што, војската ќе ги средела на мноооооогу поелегантен начин така што никој немал ни да знае дека постоеле тие 9 луѓе а не пак да се зборува за нив и по 60години.
 
Видеото е неконклузивно. Ако судиме според менувањето на светлото нешто пред третата минута - најверојатно е лажирано.


Во однос на тоеријата дека војската е вмешана, барем за тоа мислам дека доколку виделе некоја воена тајна или не знам што, војската ќе ги средела на мноооооогу поелегантен начин така што никој немал ни да знае дека постоеле тие 9 луѓе а не пак да се зборува за нив и по 60години.
Точно, во Црвената Армија не пиеле нафта - дури ни кога не би биле контролирани од КГБ и сличните служби (кои никогаш не би дозволиле нешто вакво да излезе во јавност, ако државата била вмешана).
 
абе може мн лесно да се направат овие стапки па после тој истиот да ги снима...
 
Bump

Не знам колку сте слушнале за Dyatlov Pass Incident. За оние кои не знаат, се работи за мистериозна смрт на 9 руски студенти, под неразјаснети околности, на 2 февруари 1959, на Урал, додека биле во планинарска експедиција да ја освојат планината Отортен. Телата на планинарите биле пронајдени многу подоцна, некои од нив дури и месеци по нивната смрт, раштркани низ планината, оддалечени еден од друг, а километри далеку од шаторот во кој биле сместени, а кој, за да избегаат, го исекле од внатрешната страна, и избегале оскудно облечени, некои дури и без чевли на нозете. Обдукцијата врз телата покажала дека 6 од планинарите умреле од измрзнување, додека тројца имале фатални физички повреди: еден скршеница на черепот, а двајца (од кои една девојка) сериозни повреди на градите. На девојката, дури, и фалеле и очите и јазикот, а и на уште еден планинар му биле откинати парчиња од лицето.

Од тогаш до денес оваа мистерија го привлекува вниманието на луѓето низ светот. Има многу теории за смртта на планинарите, меѓу кои: дека се жртви на воени тестови на руската армија, дека биле расоблечени и умреле од премрзнување заради наводнен феномен, таканаречен „парадоксално соблекување“, дека биле нападнати и бркани од диви животни, или од Манси племето кое живее во село во непосрена близина на планините или од НЛО (и од нивна страна, а и од други планинари и Манси племето кое живее во непосредна близина на планините биле забележани портокалови топки на небото деновите пред нивната смрт), дека ги затрупала лавина, дека се испотепале меѓу себе заради наводни љубовни несогласувања... Секоја од овие теории е со низа фалинки, зашто иако секоја објаснува дел од мистеријата, не покрива сѐ...

Јас за мистеријата прв пат слушнав летоска, гледав некој документарец за неа, и видов дека има снимено научно-фантастичен филм во 2013, со наслов: The Dyatlov Pass Incident. Го симнав уште тогаш, но го гледав дури пред некој ден, за да ослободам простор на хард диск. Филмот не е за конкретниот инцидент, туку за група од 5 американски алпинисти кои во 2013 заминуваат во Русија за да го рекреираат настанот со руските планинари. Снимен е со found footage техника, која беше доста популарна тој период, и иако е cheesy, и делува тинејџерски наивно, мене ми го задржа вниманието, и бидејќи ме држеше напнат цело време, дури и високо го оценив. А кога го оценував, на IMDB ми се појави дека во 2020 Русите направиле серија, на англиски преведена како: Dead Mountain: The Dyatlov Pass Incident. Мини-серија од 8 епизоди од кои 4 се рекреирање на настанот со руските планинари, а 4 за истрагата по нивната смрт, но не подредени хронолошки. Не пропуштив веднаш да ја симнам серијата и ја изгледав. Прекрасна е! Од глума, до секакви техникалии, сценарио, приказна, кинематографија, сценографија... Буквално сѐ е топ! Затоа искрено ви ја препорачувам на сите.

Инаку, некој швајцарски институт или што и да е во јули 2020 излегол со резултати по опсежно истражување на инцидентот. Мислам дека некаде прочитав дека дури и ексхумирале некои од телата на планинарите. Тие потврдуваат дека всушност ја решиле мистеријата за Dyatlov Pass Incident (наречен така по водачот на групата планинари, Игор Дјатлов). Руската серија е идентична со објаснувањето на Швајцарците, што значи, веројатно најблиску до тоа што најверојатно навистина се случило (иако никој никогаш нема да дознае што всушнот навистина се случило). Затоа, ако сакате да ја гледате серијава, а да не знаете што ќе се случи до крај, ве советувам да не читате ништо. ОК, ќе знаете дека сите умреле, ама нема да знаете како.
 
Најголема е веројатноста за диви животни. Урал во февруари паѓа и до -40 степени зависи каде, животните доаѓаат што пониско по потрага на храна. 90 % е некоја мечка или волци.
 
Најголема е веројатноста за диви животни. Урал во февруари паѓа и до -40 степени зависи каде, животните доаѓаат што пониско по потрага на храна. 90 % е некоја мечка или волци.
Немало траги од диви животни.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom