КвикСилвер
Модератор
- Член од
- 28 март 2010
- Мислења
- 4.547
- Поени од реакции
- 5.856
Настрана ова, само радијацијата на нивните тела е доволно збунувачка за да те врти случајов во круг.Многу многу чудно случување е Дијатловиот инцидент.
Многу нелогичности и збунувачки траги поради кои неможе да се извади ни приближно сигурен заклучок што се случило.
Мене стварно ме бунат најдените траги од радијација. Ме буни како ги напуштиле шаторите така, кога секој кој оди на таква експедиција е свесен дека не смееш да ја напуштиш својата опрема во никој случај. Тоа го потопува тврдењето за збунувачкото соблекување при хипотермија.
Исто така самиот шатор бил малку покриен со снег што значи дека немало лавина.
Страшен е фактот дека они седеле под дрво два часа на 600 метри од својот камп и премрзнале, што значи дека по никоја цена неможеле да се вратат кај кампот, од некоја причина. На дрвото биле најдени траги како еден член се искачил горе на дрвото за да погледне што се случува кај кампот, што значи имало нешто.
Настрана повредите кои би можеле само од некоја екстремна сила да бидат нанесени, многу ми се нелогични нивните потези кои би се оствариле само при екстремен страв од нешто. Плус не сфаќам како они биле соблечени и во кампот...на -30 никако не се соблака облеката и се спие со чизми.
Многу многу чудно работи се случувале таа ноќ таму.
Радијацата е секаде околу нас, излегува од внатрешноста на земјата, од карпите и се шири. СЕКОЈ човек во себе соддржи некое помало ниво на радијација, просек е 1.7 милисиверти. Друг е случајот со луѓето чија природна средина на движење и живеење им е близината на некоја централа. Максималното ниво на радијација е дури 5 милисиверти. При вонредни состојби, на 1.5 сиверти се јавува радијациона болест, а на 2 сиверти е смртта. Да умреле од голема радијација, трагите би биле очигледно видливи.