Ја пробав апликацијата mUslugi и засега може да се додаде само лична карта и возачка.
Се регистрираш на eid.uslugi.gov.mk
При влез во апликацијата се креира 6 цифрена пин со кој секојпат влегуваш во апликацијата.
Додадов лична карта и ја вади без мојата слика. Може да се види од предна и задна страна. Кликаш на личната карта и те носи до сите податоци што се во неа, може и да се сподели и ако сакаш има опција да ја избришеш од апликацијата.
Може да се аплицира за М1/М2 образец, М4 образец за стаж и податоци во централен регистар на население.
Има за скенирање на QR код но кој код се скенира стварно јас не знам и не најдов за што тоа скенирање QR код служи.
Веројатно понатака ќе воведат и други опции како додавање на картичка од банка бидејќи mUslugi апликацијава ја нарекуваат и e- паричник.
Очекувам дека конечно таа здравствена картичка што пред повеќе години требаше да функционира а сега би можело и тоа да се дигитализира да ја понудат. Уште ја чувам во новчаник а џабе тогаш само ја изработуваа и ја нудеа, не профункционира тоа.
Можело многу подобар дизајн да се направи и подобар
Имаше на МРТ 1 пренос од целиот настан пуштање во употреба на услугава. За ова правеле цел настан во филхармонија
