Дигитални лични документи

  • Креатор на темата Креатор на темата Rothmans
  • Време на започнување Време на започнување
Колку поголема дигитализација, толку помала приватност.
Ќе знаат за сè што правиме.
Токму тоа е целта од општата дигитализација-24 часовно следење на сечија поединечна активност, без притоа власта да се помести од своите фотелји.

Небитно дали е следење преку улични камери, преку телефонски разговори или преку платежни картички.
 
Пак ќе биде исто. Пак ќе мораш да одиш за лична карта и пасош да го подигнеш физички да го имаш во пласика и хартија.

Ова ќе биде колку да не носиш со себе секој ден со себе печатени документи. Е сега за документи како изводи на родени и такви други документи е супер работа зошто во секое време имаш пристап до нив ако ти притреба. Ова сигурно си бара и дата центри каде би се чувале толку многу податоци т.е документите.

Сепак се зависи колку ќе биде тоа добро направено да не може секој да прави злоупотреби или да паѓаат сервери често.
 
Пуштена е веќе аплилацијата Muslugi.Колку што видов ја има на Play Store Android, не знам дали и на App Store за iOS

За да се користи треба да се регистрирате на uslugi.gov.com.mk. Има опција да влезеш со УЈП профил ама никако не успеав.

Ќе почекам дента 28ми да има промоција и тогаш би требало да има објаснување како да се регистрираме точно.

Не е лошо ова што го прават да не мораш со себе да носиш куп пластики во новчаникот. Се надевам дека ќе може и картички од бзнка да се додадат иако веќе за тоа банките имаат апликации, постои Wallet, Apple pay..

Колку што разбрав ќе има и плус некој други услуги за користење како Мое Здравје, веројатно не знам пристап до други важни документи а не само лична карта, возачка...

Нема потреба од паника и такви мислења дека ќе не следат, злоупотребуваат наши податоци и што ја знам.
 
Ја пробав апликацијата mUslugi и засега може да се додаде само лична карта и возачка.

Се регистрираш на eid.uslugi.gov.mk
При влез во апликацијата се креира 6 цифрена пин со кој секојпат влегуваш во апликацијата.
Додадов лична карта и ја вади без мојата слика. Може да се види од предна и задна страна. Кликаш на личната карта и те носи до сите податоци што се во неа, може и да се сподели и ако сакаш има опција да ја избришеш од апликацијата.

Може да се аплицира за М1/М2 образец, М4 образец за стаж и податоци во централен регистар на население.

Има за скенирање на QR код но кој код се скенира стварно јас не знам и не најдов за што тоа скенирање QR код служи.

Веројатно понатака ќе воведат и други опции како додавање на картичка од банка бидејќи mUslugi апликацијава ја нарекуваат и e- паричник.
Очекувам дека конечно таа здравствена картичка што пред повеќе години требаше да функционира а сега би можело и тоа да се дигитализира да ја понудат. Уште ја чувам во новчаник а џабе тогаш само ја изработуваа и ја нудеа, не профункционира тоа.

Можело многу подобар дизајн да се направи и подобар

Имаше на МРТ 1 пренос од целиот настан пуштање во употреба на услугава. За ова правеле цел настан во филхармонија :D
 
Последно уредено:
Хмммм...а ко‘ ќе почни жигосувањето, верувам дека ќе биде изведено на плоштад, со директен пренос на сите можни медиуми...
 
И Во Кочани правеле промоција на апликацијава ама не обична промоција туку со бина како за концерт, со бенд..

Ок супер е да се има и дигитални лични документи и останата документација да може да се вади онлајн ама чуму промоција на ова со концерти со не знам какви спектакли?
 
Back
На врв Bottom