AceCaleb
Деспот на Адот
- Член од
- 31 декември 2007
- Мислења
- 5.971
- Поени од реакции
- 11.397
Ок бе Аце,знаеш подобро што не почнеш.
Ако е толку лесно да им одговориш на прашањата на луѓето зашто не им дадеш конкретен одговор,а ме критикуваш мене што им давам насока и пат за нивните проблеми.
Зарем тоа не е доволно што имам знаење и практична работа.
Таа практична работа не е само на мене,сум посетувал курсеви,сум читал книги.
Ако знаеш што е прогресивно натоварување,максимално повторување,колку дневно протеини треба да се внесат,колку јаглехидрати треба да се внесат и сето тоа да им го свариш на еден клиент зашто не почнеш да бидеш ТИ личен тренер?
Ајде контрадикторен сум,ако знаеш подобро почни не ми викај тука дека не знам ништо и немам искуство.
Потспушти се на земја, тоа е твојот најголем проблем, си кренал тег и мислиш дека си Џеј Катлер, а пак ќе ти кажам повеќе делуваш на Џеј Рамадановски. Твојата практична работа и знаење го следам и се сведува на интернет и оптеретување на серверот на Википедија, но за жал ова не е доволно за да се самонаречеш Тренер или Нутриционист. Книги фала богу сите знаеме да читаме, повеќе или помалку. Плус кога веќе објаснуваш не го тупи со интернет поими да покажеш колку си го раширил електронскиот вокабулар, туку пробај со поедноставни поими да им ја доловиш суштината на потенцијалните клиенти, но во ова да не ти се мешам ти си знаеш.
Во однос на болдираново, треба да сфатиш дека не секој има иста цел во животот, натпреварувачот има една, рекреативецот друга а тој што сака само да ослабне сосема трета цел, а ти го тераш истиот шаблон за било која ситуација. Јас за разлика од тебе сум приземјен и знам дека не сум кадарен да бидам личен тренер, иако подолго од тебе се занимавам со спортов свесен сум дека имам уште многу за учење.
Не наведов дека не знаеш ништо, но не знаеш доволно за да се претставуваш како искусен тренер и нутриционист, со една година искуство
