Диети и слабеење

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Не е штетна,ако се прави правилно.
Ако вежбаш интензивно и не додаваш јаглехидрати,отидоа мускулите...
 
Можеш слободно да живееш без јаглехидрати.
Процесот на конвертирање на протеини во јаглехидрати(глукоза) се вика глукогенеза.
Конвертирањето на протеините во јаглехидрати е 58% ефикасно.
Проблемот ќе ти биде ако сакаш да вежбаш со интензитет.
Ако ти е за слабеење не гледам зашто да не пробаш,има многу студии и аргументи зашто е добро да си на ниско јаглехидратна исхрана.
 
Можеш слободно да живееш без јаглехидрати.
Процесот на конвертирање на протеини во јаглехидрати(глукоза) се вика глукогенеза.
Конвертирањето на протеините во јаглехидрати е 58% ефикасно.
Проблемот ќе ти биде ако сакаш да вежбаш со интензитет.
Ако ти е за слабеење не гледам зашто да не пробаш,има многу студии и аргументи зашто е добро да си на ниско јаглехидратна исхрана.

Стефе бе, напишав дека не планирам никакви диети да држам. Чисто ме интересира, познавам неколку луѓе кои ја правеле оваа диета, со која е дозволено да внесуваш неограничени количини на протеини и масти, додека не смееш да внесеш ниту еден грам јаглерохидрат. Сите кои се придржувале, многу ослабеле. Ме интересираше дали е штетно по здравјето. Значи не зборуваме за ниско јаглехидратна исхрана, како Аткинсовата диета, туку воопшто не внесување на јаглехидрати. Значо, прашањето е дали кај јаглехидратите има нешто, што би му било неопходно на човечкиот организам?
 
Нема такво нешто со ни еден грам јагленохидрат има храна богата со протеини ама храна која во себе нема воопшто јагленохидрати мислам дека нема
 
Па зеленчукот има јаглехидрати иако во мала количина.
Под 50 грама ако не внесуваш влегуваш во кетоза.
Кетозата имитира еден од човековите инстикти на гладување и е добро за топење масти.
Генерално луѓето губат килограми затоа што внесуваат помалку калории,бидејќи побрзо се заситуваат со протеините и мастите,кои бавно се апсорбираат.
Како што ти кажав погоре протеините можат да се конвертирааат во глукоза и нема да имаш никакви штетни ефекти.
Мастите се конвертираат во глукоза преку глицеролот но само 10%.
Главен извор на глукоза ти се протеините,мастите даваат енергија но бавна.
--- надополнето: 20 јули 2013 во 20:38 ---
http://mk.wikipedia.org/wiki/Глуконеогенеза
Глукогеонеза сум го промашил де.
 
Ај некоја препорака за производи со висок процент на протеини, sugar free, low fat, покрај стандардните јајца и стек. Или некои лесни јадења што ги готвите.
 
Ај некоја препорака за производи со висок процент на протеини, sugar free, low fat, покрај стандардните јајца и стек. Или некои лесни јадења што ги готвите.

еве ти едно ем салата ем заситува
2 домати
1 краставица
150 гр урда (јас земам нискомасна од идеал шипка)
........
наутро ми е овој оброк --->
100 гр овесни снегулки
250 мл јогурт или пак 300 мл млеко

.....
еве ти друга комбинација 1 туна плус салата некоја од сезонски зеленчук

Од зеленчукот гравот, леќата и сојата ти се со висок процент на протеин али за разлика од месо и млечни производи и јајца кај зеленчуков не го апсорбира телото 100% протеинот особено кај гравот голема количина останува непреработена и го исфрлаш. Сојата земај ја али многу ретко немај навика за секој ден.
комбинирај си месо, урда, јајца, млеко со салати, овес, зеленчук, компир.
 
Примарна улога на протеините е градба и поправка на ткивата. Кога телото е принудено во недостаток од јаглехидрати да ги користи за енергија тогаш тие не се користат за нивната основна функција. Во една ваква ситуација имунитетот и мускулната маса најмногу страдаат.
Кога мастите се користат за производство на енергија место јаглехидратите тогаш настанува кетоза. Хронична кетоза ја менува ph вредноста и може да води до нарушена функција на бубрезите, камења во бубрези, губење на коскена маса итн.
Накратко кажано ниту се препорачува ниту е здраво подолг временски период воопшто да не се внесуваат јаглехидрати. Минимум препорачан дневен внес на јаглехидрати е 130 грама дневно! Од вкупниот број на калории треба да бидат застапени од 45-65%.
А да ќе заборавев...ќе се чуствуваш ко гомно и недај боже да треба нешто умствено или физички да сработиш. Можеби на ваков тип на диета би терале жени кои седат по цел ден дома и ништо не прават.
 
Моментално сум на диета заради малку покачени маснотии.

Но, апетитот ми е проблем, имам преголем апетит :D ги гледам оние чоколатцата со глутаманан на Топ-Шоп демек те прават сит и помалку јадеш... Па дали некој ги има испробано и што мислење имате за нив?
 
Моментално сум на диета заради малку покачени маснотии.

Но, апетитот ми е проблем, имам преголем апетит :D ги гледам оние чоколатцата со глутаманан на Топ-Шоп демек те прават сит и помалку јадеш... Па дали некој ги има испробано и што мислење имате за нив?

Единствено нешто што ќе те најаде и држи е скара: увијач, кременадла, свински врат, ребро, ќебапи и сл. :)
 
Ставрогин
Види, месец дена ако идеш со тоа нула јаглехидрати нема да умреш сигурно, да е многу штетно со последици не верувам, но за твоето лично функционирање ќе биде лош избор. Освен за концентрација што е добро да се внесуваат јаглехидрати добро е за да имаш енергија, и да не си спортски активен ќе ти треба да имаш во телото јаглехидрати, може ќе се појави потреба да поткренеш нешто по дома па ќе ти се сврти. Погрешен ми делува пристапот дека ако сведеш на нула ЈХ а внесуваш колку сакаш масти ќе има резултати во слабеењето, самиот збор масти ти кажува дека внесуваш нешто што ќе те згои. Балансирано да внесуваш се би било најпаметно, еве ако сакаш да сведеш на минимум ограничи се бар на 100грама јаглехидрати, а нормално и мастите сведи ги на минимум. Ете ако сакаш поквалитетен извор на јаглехидрати нека бидат од мусли/овес наместо од прости шеќери.
Мое лично мислење и предлог е ова, како и секогаш оставам на постручните да дадат подобар совет и да корегираат ;)
 
Како што пиша членот над мене калории се калории,не може да избегнеш од тоа.
Тоа се законите на термодинамиката и енергијата во овој случај од зеленчукот дали ќе се складира зависи од многу фактори.колку си активен и дали ќе изедеш 3000 калории од зеленчук.
Во случај да можеш да изедеш толку многу да дел ќе се складира како гликоген,а ако претераш повеќе денови ќе се складира како масти.
Процесот на ковнвертирање јаглехидрати во масти се вика де ново липогенеза,многу не е ефикасен процес но се дешава.

Сакаш да ми кажеш дека ќе се здебелам подеднакво од 3000 калории при јадење на 6 чоколада, во споредба со да речеме едно 10кг зелка? теорија нема, не термодинамика, не научници, кој сака нека дое нема да ме убеди дека е така.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom