Diamond Mall

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.893
Поени од реакции
7.569
Уште еден трговски центар во Скопје.

1648737258026.png
1648741557453.png

1648741446930.png
1648736824380.png
1648736856724.png
1648741009331.png
1648741053708.png
1648741262809.png
1648740911714.png
1648740950735.png
1648740975344.png

Новиот трговски центар Diamond Mall се очекува да биде отворен во март 2023 година. Тој е интегрален дел од мултифункционалниот комплекс Diamond of Skopje што е лоциран во строгиот центар на Скопје.

Компанијата „Лимак“ инвестира 250 милиони евра во изградбата на овој проект, а покрај големиот трговски центар, дел од него се и хотелот со пет ѕвезди Limak Skopje Luxury Hotel, четири станбени кули со 772 станови, деловен центар, уредена зелена површина од 11.000m² и затворен паркинг простор за 3.200 возила.

Diamond Mall располага со 180 продавници со вкупна површина за закуп од 48.000m², како и зона за забава (Dream Zone) со површина од 7.000m², што е повеќе од кој било друг мол во земјата и пошироко. Овој простор опфаќа едукативни и забавни содржини наменети за различни возрасни групи, од деца од најмала возраст до млади. Исто така, во состав на Diamond Mall постои и специјален автентичен простор „Gourmet Avenue“, наменет за различни типови на кафулиња, барови и ресторани од отворен и полуотворен тип.

Со ваквиот уникатен архитектонски концепт, кој ќе понуди врвно искуство преку комбинацијата на шопинг, забава и дружење, Diamond Mall со сигурност ќе прерасне во новото популарно собирно место за сите жители и посетители на македонската метропола.

Освен врвната локација, голема предност што оди во прилог на ваквиот концепт е достапноста, односно лесниот пристап на сите посетители на молот, независно дали доаѓаат со возило, со јавен превоз или пешки. Имено, молот располага со голем број различни влезови кои овозможуваат лесна пристапност од кој било дел на централното градско подрачје. Дизајнот на Diamond Mall е компактен, прилагоден на потребите на купувачите, без непотребни галериски површини што овозможува лесна навигација, голема прегледност и видливост на брендовите за посетителите.

Во изградбата на Diamond Mall се применети највисоките и најсовремените стандарди за изградба на ваков вид објекти.

Групацијата „Лимак“ неодамна прослави 45 години од своето постоење. Со своите деловни активности е присутна во повеќе од 17 земји во светот, со повеќе од 60.000 вработени кои работат во неколку сектори: градежништво, енергетика, туризам, инфраструктура и други дејности. Во портфолиото на „Лимак“ се и светски познати мега проекти, како новиот аеродром во Истанбул (Istanbul Grand Airport), мостот Дарданели (Чанаккале) 1915, кој е најдолг висечки мост во светот, меѓународниот аеродром во Кувајт, хидроцентралата Јусуфели, трета по големина брана во светот откако ќе биде изградена, како и многу други. „Лимак“ беше рангирана на 56 место на листата на 250 најдобри градежни компании во светот за 2021 година. Оваа глобално позната листа ја подготвува Engineering News Records (ENR), рангирајќи ги најголемите градежни компании во светот според нивните градежни активности на странски пазари.

Извор: biznisinfo.mk
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.636
Поени од реакции
38.816
Делува убаво. Некако здрачи позитива и модернизам вака дизајнов. Ако го спроведат вака у пракса би бил најубав трговски во државава.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.723
Поени од реакции
1.480
Абе и после ниски биле платите? Па за шопинг земја колкави плати сакате? Само не ми е јасно на толку трговски центри кој купува или ќе затвори Рамсторе мол?
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.893
Поени од реакции
7.569
Ми се допаѓа отворениов дел.

Туку на кризава, поскупувања дали ќе има многу купувачи по бутиците.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.901
Поени од реакции
10.525
Абе и после ниски биле платите? Па за шопинг земја колкави плати сакате? Само не ми е јасно на толку трговски центри кој купува или ќе затвори Рамсторе мол?
Мислам ке има спојување


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
19 јуни 2018
Мислења
82
Поени од реакции
77
Мислам ке има спојување


Sent from my iPhone using Tapatalk
За Рамстор иам чуено дека ќе станува деловен центар, нема да има бутици, туку канцеларии на фирми. Е сеа колку е точно тоа не знам.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.893
Поени од реакции
7.569
За Рамстор иам чуено дека ќе станува деловен центар, нема да има бутици, туку канцеларии на фирми. Е сеа колку е точно тоа не знам.
Од каде оваа информација?
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.901
Поени од реакции
10.525
За Рамстор иам чуено дека ќе станува деловен центар, нема да има бутици, туку канцеларии на фирми. Е сеа колку е точно тоа не знам.
Можно е, јас имам инфо само дека ке го припојат

Како мислиш спојување?
Во склоп на Дајамонд да биде е сега дали ке биде одделен физички или целосно ке го спојат незнам


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
D

Deleted member 53418

Гостин
Рамстор ќе стане приватна болница , веродостојноста на информација е 80-90%. Ќе се преуреди.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.893
Поени од реакции
7.569
А зошто Ramstore Mall ќе престане со работа?
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
Зашто и сега е тапа, доста од брендовите се префрлија во Ист гејт.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.893
Поени од реакции
7.569
Да Ramstore гледам на нивниот сајт многу малку имаат брендови.

А во East Gate Mall и Skopje City Mall се истите брендови само разлика е што плус некој брендови се нови во East Gate.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom