"Сум ја купил [внеси име на рандом MMO], серверите се офлајн заради одржување или пач и не можам да играм. Сум платил 60 евра и ќе ја играм кога сакам!"
Некој ќе каже дека споредбава не е на место, бидејќи Diablo е single player и се разликува од MMO. Јас би рекол дека било кое MMO може да биде single player доколку јас така сакам да го играм. Не сакам да играм со други играчи, не сакам да користам аукција. И сега треба да се бунам што треба да се конектирам на сервер и покрај тоа што играм single player?
Од друга страна, Diablo 3 e направена со елементи од MMO, како аукција, PvP што ќе го стават со пач. Играш со други играчи и фармате босови. Ви се допаѓало или не, играта е направена на тој принцип. Доколку не сакате да играте со други луѓе и да користите аукција, тоа е ваш избор, но не можете да се буните зашто мора да се конектирате на сервер за да ја играте играта. Ќе речете требало да направат и офлајн верзија кај што можеш да играш single player. Епа ајде тогаш да бараме да се направи офлајн верзија и од WoW.
Заради повеќе причини, Blizzard решиле да ја направат Diablo 3 како ММО. Тоа се знаеше уште долго време пред да излезе играта. Никој не се бунеше. Многу луѓе ја купија играта. И почнаа да се бунат кога падна серверот.