Џорџ Флојд

  • Креатор на темата Креатор на темата whatto
  • Време на започнување Време на започнување
Со ваквиве дебилни постапки антифа само ја засили позицијата на Трамп.Имам другар во Њу Џерси вика белциве и азијатите се наоружуваат до заби.Преку qr им е веќе.Прашање на време е кога цалава ситуација ќе ескалира.
Има и друга работа во сево ова...
Сеуште не гледаме никаков одговор на насилствата што баграва ги праи. Има еден куп изјави и видеа од луѓе кои јадат ќотек од баграта... Изјави од сопственици на бизниси дека се оставени на милост и немилост на баграта и така натака....

Ако Трамп не е способен да ги одбрани Американците и тие се принудени сами да се бранат, тоа не ја засилува позицијата на Трамп, туку ја слабее...
 
rasizam.png
Може го има постирано некој, не ми се листа назад цела тема!
Ако треба превод, пишете ама мислам ќе разберете ;)
 
Полека полека, светов започнува да наликува на дистописко општество во зачеток. Започна со „морална полиција“ на социјалните мрежи, пред 10-на години. Толпа која е таму да ги растргне сите кои направиле некаква грешка во животот, или изразиле несогласување со општо прифатени вистини. Сега се појавува „културна полиција" како логичен наследник или засилување. Оваа полиција треба да се бави со минатото, да врши ревизија на книги, филмови, серии, настани... секој ден сме поблиску до Орвеловата „мисловна полиција“.
За жал светот се движи во таква насока, кога почнаа да се чепкаат филмови како "Gone with the Wind" или серии како "Fawlty Towers" и "Only Fools and Horses" што остана за другото. Денеска мора да сe однесуваш или изразуваш во контекст на модерните општо прифатени "вредности", бидејќи во спротивно твитерашката морална полиција одма те означува како "фашист" или "расист". Ова особено се манифестира во западното општество.

Убаво викаше Џорџ Карлин дека политичката коректност е фашизам со манири.
 
На BLM треба да му се додаде Only и да стане OBLM ... Дојде времето кога е срамота да си белец во Америка... Збогум Америка ...

Последново видео магично го снема од медиумите... еве го на фб

Denes pukanje vo Atlanta vo koe policaecov,koj kako sto citam e seuste ziv ama vo kriticna sostojba. I sega Vo znak na solidarnost ogromen procent od policijata vo Atalanta ne odgovorile na radio povicite a ne e mal brojot koi veke dale otkazi.
Автоматски споено мислење:

Последно уредено:

Глупи џандари :facepalm:
 
За тоа како срање од медиумите како CNN манипулираат со емоциите на луѓето во овие времиња, тераат агенда, и само ја поткрепуваат расната нетрпеливост и отпорот против полицијата.

Бомбастичен наслов во кој член на малцинство е убиен од страна на полицијата. Поглемиот дел од луѓето не ни ја отвараат статијата да видат што уствари се случило, само шеруваат и омразата кон системот и полицијата станува се поголема, иако во самата статија пишува дека човекот носел пиштол во раката и претставувал опасност.

На сликите може да се види и дека го вперил пиштолот кон џандаров, но ова не го пишува во статијата на CNN и со самото тоа манипулираат со луѓето, прикажувајќи ја жртвата за невина, а полицаецот за виновен.

Сакам да кажам дека медиумите и новинарството се дојдени до тој степен да се најголемото зло во опшеството и причина за сите проблеми што се случуваат без разлика во која држава и на која страна влечат. Не ја прикажуваат и ја извртуваат вистината во нивна полза и со тоа влијаат врз размислувањето на одредени групи.
 
Denes pukanje vo Atlanta vo koe policaecov,koj kako sto citam e seuste ziv ama vo kriticna sostojba. I sega Vo znak na solidarnost ogromen procent od policijata vo Atalanta ne odgovorile na radio povicite a ne e mal brojot koi veke dale otkazi.
Автоматски споено мислење:
Ова е од пред две години и не е во Атланта.
 
Ok+karen+i+have+to+ask_60b98f_7782369.jpg
 
Pa ne bas site deneska go spodeluvaat twetov i pisuvaat za otkazite koi gi davaat policajcite vo Atlanta i vo cela Gorgia
Како мислиш „не баш“?

Тоа што го споделуваат денес е во друг контекст. Видеото ти е од Пенсилванија и е од 2018.
 
  • Хаха
Reactions: wot
Апсолутно. Филмовите и сериите го отсликуваат општеството во времето во кое се направени. Најдобар доказ за тоа се денешните филмови и серии.

Полека полека, светов започнува да наликува на дистописко општество во зачеток. Започна со „морална полиција“ на социјалните мрежи, пред 10-на години. Толпа која е таму да ги растргне сите кои направиле некаква грешка во животот, или изразиле несогласување со општо прифатени вистини. Сега се појавува „културна полиција" како логичен наследник или засилување. Оваа полиција треба да се бави со минатото, да врши ревизија на книги, филмови, серии, настани... секој ден сме поблиску до Орвеловата „мисловна полиција“.

Не сакам да звучам како теоретичар на заговори, ама загрижен сум сигурно.

Како човек што изгледал илјадници филмови, имам едно гледање кон холивуските историски филмови. Мислам дека придонесоа многу кон денешново (не)разбирање на историјата. Во холивудските историски филмови (или историски фикции) скоро секогаш има еден главен лик, чии морални вредности се од 20 или 21 век. Публиката се поврзува со тој лик, затоа што е поблизок до нас и нашите погледи. Тој лик обично ги смета сите луѓе за рамноправни, се дружи и со сиромашни и со богати, со луѓе од сите раси, не верува во богови или барем не се раководи по нив, има романтична врска или брак итн... Гладијатор, Kingdom of Heaven, Бен Хур, Спартакус, Робин Худ, Троја, Амистад, Тројцата мускетари/Човекот со железната маска итн... сите овие имаат главни ликови од денешно време, кои ги прават останатите ликови околу нив примитивни и заостанати.

Делумно поради ова, денешната морална полиција е разочарана што нивните довчерашни херои сепак не биле Расел Кроу, Бред Пит, Леонардо Ди Каприо или Орландо Блум... туку луѓе од тоа време, кои размислувале и се однесувале во согласност со приликите од нивното време.

И сега одеднаш, паника...

Не е во зачеток, дистопијата е веќе тука. Покрај политичка коректност и сите тие ситуации од првиот свет, кои полека се прелеваат кон вториот и третиот, пристигна и вирусот и полициски час од 85 часа и задолжително носење маска во спротивно умирање од глад или болест/синдром.
Нема фанфари, нема големи експлозии, туку безлично и подмолно, ситни и безначајни технократчиња го начукаа фашизмот во 2020, и сеа теории на заговор. Пред пола година некој да кажеше дека ќе дојде време да не ти даваат да купиш леб ако не ги следиш упатствата на власта = ќе те сметаа за луд.
Наздравје сега на сите, ќе биде уште погадно. Човештвото сериозно се обрука.
 
Има и друга работа во сево ова...
Сеуште не гледаме никаков одговор на насилствата што баграва ги праи. Има еден куп изјави и видеа од луѓе кои јадат ќотек од баграта... Изјави од сопственици на бизниси дека се оставени на милост и немилост на баграта и така натака....

Ако Трамп не е способен да ги одбрани Американците и тие се принудени сами да се бранат, тоа не ја засилува позицијата на Трамп, туку ја слабее...
Во Сиетл на пример нема одговор затоа шо градоначалничката на тој град не дозволи интервенција на полицијата пошто нели е од страна на демократите.Во секој случај им треба некој ко Путин да им ја среди ситуацијата.А и во Европа не е ништо подобро.Во Дижон Франција деновиве се води вистинска граѓанска војна мегу Чеченци од една страна и Мароканци +Алжирци од друга.Полицијата и таму е тотално немоќна.Пошто нели ако интервенира ќе ги прогласат за расисти.Прогресивците дефинитивно ќе ја сјебаат западната цивилизација.
 
Ај кога веќе почнавте Холивуд да умешувате тука... Meanwhile, 20 години порано, кога расизмот се исмејуваше со „расизам“ и кога глупата смешна политички инкоректна комедија беше само комедија а не некоја директна творба на самиот ѓавол со специјална благодарност до Хитлер и ККК:

И последново сигурно е расизам спрема хиндусите или кравите... :sick:

Инаку да не испаднам расист :cautious:, тоа дека полицијата во УСА знае да се понаша као ѓубре знае и на суров начин одземаа човечки живот, значи човечки живот но веќе цел свет тоа го гледа како црнечки живот и не се размислува каде води трубањето на колективни права и сега колективна вина... the end is nigh... :anco:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom